Uncategorized

РЕШЕНИЕ Се одобрува ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЏЕПИШТЕ – О.ДЕБАР

Врз основа на член 44 став (7) од Законот за  урбанистичко планирање   (Службен весник на Република Северна Македонија бр. Сл.Весник на РМ бр. 32/2020)  и по предлогот на Комисијата за урбанизам (10-1062/3 од 21.09.2022) Градоначалникот на Општина Дебар, го донесува следното :

РЕШЕНИЕ

  Се одобрува ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЏЕПИШТЕ – О.ДЕБАР, со површина од 31.79 ха,границата на планскиот опфат претставува затворена полигонална линија која ги поврзува прекршните точки, а за секоја точка табеларно се дадени параметрите во Геодетскиот елаборат бр. 08-121/3-2021 од 09.12.2020 изработен од  „ГЕО ГЕОНОВА“  – Тетово и Анекс на Геодетски елаборат со бр. 08-121/3-2-2020 од 03.03.2022 год

    Планската програма е изработена од  ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ-Битола со тех. бр. 0801-03-04/22 од Септември  2022 год.

Постапка иницирано од Друштвото за производство, трговија и услуги – ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ – Битола, преку систем е-урбанизам со бр. 45572.

Образложение

    Врз основа Програмата за измена и дополнување на Програмата изработка  на  урбанистички планови и урбанистичка  документација  на  територијата  на Општина Дебар за 2022 (08-1263/7 од 20.12.2021), покрената е постапка за изработка и одобрување на ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЏЕПИШТЕ – О.ДЕБАР, постапката е покренета Друштвото за производство, трговија и услуги – ИВАНОВ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ – Битола, заведено под.бр. 10-1062/1 од 05.09.2022 год.

  Со барањето за отпочнување на постапка приложи следната документација :

– ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЏЕПИШТЕ – ОПШТИНА ДЕБАР, под.арх.бр. 0801-03-04/22 од Септември  2022 заведено  во општина Дебар 10-1062/1  од 05.09.2022 год.

– Геодетски елаборат за ажурирана геодетска подлога бр. 08-121/3-2021 од 09.12.2020 изработен од  „ГЕО ГЕОНОВА“  – Тетово и Анекс на Геодетски елаборат со бр. 08-121/3-22020 од 03.03.2022 год.


– Програмата за измена и дополнување на Програмата   изработка  на  урбанистички  планови  и   урбанистичка  документација  на  територијата  на Општина Дебар за 2022 бр. (08-1263/7 од 20.12.2021).

– Решение за формирање на Комисија за урбанизам  од Градоначалникот на Општина Дебар бр. 10-1020/1 од 27.11.2020

– Решение за Услови за планирање на просторот Арх.бр.УП1-15 1223/2022 од 30.06.2022, за Услови за планирање на просоторот за изработка на Урбанистички план за село Џепиште, Општина Дебар, изработени од Агенцијата за планирање на просторот со тех. бр. Y21622.

–  Предлог за одобрување на ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ЏЕПИШТЕ, ОПШТИНА ДЕБАР, со бр. 10-1062/3 од  21.09.2022,  од Комисија за урбанизам.

     Градоначалникот на Општина Дебар,                  по извршениот увид на приложената документација констатира дека барањето е основано и се исполнети условите согласно член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање Службен весник на Република Северна Македонија бр. Сл.Весник на РМ бр. 32/2020), и врз ова соснова се донесе решение како во диспозитивот.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:    Против ова Решение, барателот може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот

Турнир во мал фудбал „Дибра 2022“

Денеска започна традиционалниот турнир во мал фудбал „Дибра 2022“ во организација на општина Дебар. Благодарност до организационата екипа, екипите учесници и спонзорите кои ја подржуваат оваа спортска активност за дебарската спортољубива публика. Со среќа и нека победи најдобриот!Во пријателска атмосфера, натпреварите од првиот ден од турнирот завршија со следните резултати:

Korabi u15 – Armani brand. 3:2

Princ cafe. – Friend zone. 4:0

Kosovrasti. – Flamuri IP. 5:1

Retro pizza – Emin dent. 10:7

Продолжуваме утре вториот ден со почеток во 18.30 часот.

О Д Л У К А За неспроведување на стратегиска оцена за влијание врз животната средина за “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар”

Брз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина (,,Службен весник на РM,, бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 42/16 и 99/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РСМ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Дебар донесе    
О Д Л У К А За неспроведување на стратегиска оцена за влијание врз животната средина за “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар”
 
  1. За планскиот документ “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар” кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/20) и Правилникот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 225/20, 219/21), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина. За предметниот опфат, била спроведена стратегиска оцена за влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето при донесувањето на “Генерален урбанистички план на град Дебар 2004- 2014, Општина Дебар, донесен со Одлука на Советот на Општина Дебар со бр. 07-27/4 од 18.02.2005 година” врз основа на кој е изработен предметниот детален урбанистички план.   2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Дебар (www.dibra.gov.mk).   3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потреба од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар” нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини:                 – за предметната градежна парцела ќе се предвиди основна намена A1- домување во куќи, Д2- заштитно и сообраќајно зеленило и Е1- сообраќајни, линиски и други инфраструктури. Во планскиот документ ќе се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документ нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат.                 -не се предвидуваат објекти со дејности кои значително би ја загадувале животната средина или за кои се врши оцена на влијанието врз животната средина (член 65 точка 2 и 3 од законот за животна средина).   4. Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.  

Формулар за определување на потребата од неспроведување на стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, бр. 10-676/1 од 19.05.2022 година

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за влијанието во животната средина, бр. 10-676/2 од 19.05.2022 година

Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентанција за Нацрт план “Детален урбанистички план за Блок 3 , Општина Дебар”

ЈПК СТАНДАРД

Среќна Нова Година

На оваа новогодишна ноќ, освен со моето семејство, на иницијатива на некои млади луѓе во општината, решив да споделам неколку моменти со невидливите херои на градот. Тие се чувари и спроведувачите на законот, медицински персонал, пожарникари, итн.

Нека 2020 година биде година на чесни луѓе и работа! Година на колективна несебичност и жртвување. Година на лубов едни кон други и за градот заедно.

Со верба во Бог се надевам дека оваа година ќе носи здравје, индивидуален и колективен успех, радост и среќа!
Среќно!

Skip to content