Jубилејната изложба „30 години посветеност на еманципацијата, образованието и интеграцијата на Ромската заедница во Дебар
Денес, градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, присуствуваше на јубилејната изложба „30 години посветеност на еманципацијата, образованието и интеграцијата на Ромската заедница во Дебар“, организирана од Хуманитарното здружение на Ромите „Хена“ Дебар.
Изложбата опфати над 300 фотографии и цртежи, кои ја прикажуваат 30-годишната работа и достигнувањата на здружението.
Градоначалникот Мела им честиташе на организаторите за нивната долгогодишна работа и посветеност, истакнувајќи ја важноста на придонесот на ромската заедница во општествениот живот на Дебар.






0 Comments