Month: <span>February 2022</span>

Продолжи реализацијата на проектот за замена на вентили за воздух и вода

По пауза поради тешките временски услови, денеска продолжи реализацијата на проектот за замена на вентили за воздух и вода во водоводниот систем од с Росок до главниот резервоар на градот.
Инаку овој проект предвидува замена на вкупно 64 вентили бидејќи се амортизирани. Проектот е финансиран од буџетот на општина Дебар а реализацијата ја врши СМС гроуп од Скопје.

Информација за третманот на кучињата

Информација за сите оние кои се уште имаат сомнежи и дезинформации за третманот на кучињата скитници во општина Дебар. Општина Дебар се грижи за професионален третман на кучињата скитници со склучување договор на фирмата победник на тендерот објавен за оваа намена. Веќе трета година општината издвојува буџет за згрижување на кучињата скитници.Досега се третирани 40 кучиња скитници и акцијата продолжува по потреба. Ве молиме граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат опасни ситуации со кучињата скитници. Секој проблем можете да го пријавите во општината и тимот ќе интервенира каде што е потребно. Сопствениците на домашни миленици се грижат за своите кучиња како што налага законот.

Продолжуваат работите на изградбата на кружниот тек

Откако се формираа поволните климатски услови за работа на терен, продолжуваат работите на изградбата на кружниот тек кај болницата, многу важна инфраструктура во градскиот сообраќај. За време на овој мандат ќе се заокружат и многу други елементи поврзани со сообраќајот, почнувајќи од составувањето на проект за сообраќаен режим што му недостигаше на Дебар, па се до изградба на патишта и сокаци. Да посакуваме една ов година да биде успешна и со среќа.

Започна фазата на имплементација на активностите поврзани со ажурирање на даночната база на податоци

По подготвителна фаза, денеска започна фазата на имплементација на активностите поврзани со ажурирање на даночната база на податоци, обезбедени со пакетот техничка помош од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во општина Дебар. Со завршувањето на овој многу значаен проект, сигурно ќе се зголеми ефикасноста на наплатата на даноците, што значи и зголемување на општинскиот буџет. Пописот ќе се одвива во руралните делови на општината (села) и во самиот град Дебар.

Cредба со новоименуваниот командир на полициската станица во Дебар

Денеска го примив новоименуваниот командир на полициската станица во Дебар, г. Дритан Бакали. Му честитав на новата задача со надеж за плодна соработка за доброто на граѓаните. Редот и мирот во нашиот град се многу важни приоритети за мене како градоначалник и имам целосна доверба дека во овој мандат со максимална соработка ќе успееме да го воспоставиме заедно со граѓаните. Командирот изрази подготвеност за соработката во оваа насока да биде безрезервна во сите предизвици и проблеми кои ќе се појават во текот на управувањето. Останува на следните средби да се конкретизираат многу работи и проекти, особено составувањето на проектот за режим на сообраќај, категоризација на патишта, сигнализација, паркинзи и феноменот кражби и криминал воопшто.

Cредба со директорот на JКП „Стандарт“

Денеска имав важна средба со директорот на JКП „Стандарт“ Бурим Каба и инг. Бардул Колари. Беше детално разговарано за некои подготвителни работи за да бидеме спремни и ефективни во извршувањето на задачите што не очекуваат, особено во летната сезона. Приоритет е даден на продолжување на проектот за водата за пиење бидејќи е најавено дека ќе се изведува во три фази, каде што наскоро ќе завршиме со првата фаза. Потоа управување со отпад и натамошна систематизација на градската депонија. Со почетокот на пролетната сезона планирани се еколошки акции за чистење на градот и Дебарското езеро во соработка со институции и невладини организации.

Денеска во просториите на општината се одржа средба со Џемаил Чупи Министерот без ресор во РСМ

Денеска во просториите на општината се одржа средба со Џемаил Чупи Министерот без ресор во РСМ– посветен на дијаспората. Тема на разговор беше изнаоѓање можности за соработка на овој министерски ресор со локалната самоуправа во повеќе проекти поврзани со дебарскта дијаспора во САД и Европа. Почетна точка би било отворањето на канцеларија на дијаспората во општина Дебар каде на дијаспората ќе и бидат обезбедени услуги кои се тесно поврзани со решавање на нивните барања и проблеми. Од наша страна беше изразена подготвеност и добра волја да бидеме дел од реализацијата на овој проект бидејќи оваа идеја беше одамна, а сега ќе се обидеме да ја реализираме.