Uncategorized

РЕШЕНИЕ-За одобрување Планска  програма  за  изработка  на  “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ГРАД  ДЕБАР ЗА  БЛОК  19 (плански  период 2026-2036) И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 19 (плански период 2026- 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР”

Врз основа на член 44 став (7) од Законот за  урбанистичко планирање (Сл. весник на Република Северна Македонија бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25 и 134/26) и по предлогот на Комисијата за урбанизам (10-192/4 од 31.07.2026) Градоначалникот на Општина Дебар, го донесува следното :


РЕШЕНИЕ

За одобрување Планска  програма  за  изработка  на  “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ГРАД  ДЕБАР ЗА  БЛОК  19 (плански  период 2026-2036) И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 19 (плански период 2026- 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР”

Се одобрува Планска  програма  за  изработка  на  “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ГРАД  ДЕБАР ЗА  БЛОК  19 (плански  период 2026-2036) И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 19 (плански период 2026- 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР” со тех. Бр. 041/03/26 од Јуни  2026, израборена “ТАЈФА- ПЛАН” ДОО Скопје

– Планскиот опфат :

Опфатот за изработка на измена и дополна на ГУП на град Дебар за блок 19 (плански период 2026- 2036) И ДУП за дел од блок 19 (плански период 2026– 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, Општина Дебар  е следен:

  • Планскиот офат  за Измена и дополна на дел од Генерален Урбанистички План на Град Дебар за Блок 19 изнесува 26,07 ха со следните граници:   исток – Собирна улица со профил “Со 5”;   северозапад – Сервисна улица со профил “Се 15” и , југоисток – Магистрална улица со профил “М 2” ул. “Јусуф Грваља”.
  • Планскиот офат  за Детален Урбанистички План за дел од Блок 19,  во обединета постапка, изнесува 3,48 ха, . со следните граници: север – Сервисна улица со профил „Се 2“ ( ул. „Новопланирана 19.11);  југоисток – Магистрална улица со профил „М2А“ – Јужна обиколница Регионален пат Р1201 (по старо Р-418)-крак Дебар-Струга;  југ – граница на ГУП на Град Дебар и  северозапад – Сервисна улица со профил „Се 15“ ул. „Краварски пат“.

Образложение

    Врз основа на Програмата за изработка  на  урбанистички планови и урбанистичка  документација  на  територијата  на Општина Дебар за 2026 (Бр. 08-806/15  од  30.12.2025), покрената е постапка за изработка и одобрување на ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ““ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ГРАД  ДЕБАР ЗА  БЛОК  19 (плански период 2026-2036) И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 19 (плански период 2026- 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР”, заведено под.бр. 10-192/1 од 07.04.2026 год. Предмет кој се води преку ситемот е-урбанизам за ПП (2020) со бр. 79040.

     Со барањето за отпочнување на постапка приложи следната документација :

– Планска  програма  за  изработка  на  “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ГРАД  ДЕБАР ЗА  БЛОК  19 (плански  период 2026-2036) И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 19 (плански период 2026- 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР” со тех. Бр. 041/03/26 од Јуни  2026, израборена “ТАЈФА- ПЛАН” ДОО Скопје .

– Геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени за ажурирана геодетска подолога,  изработен од  ГЕОМАТИКА ДОО Скопје,  со деловоден број: 0801-37/3-2026 од 04.03.2026.

– Програмата   изработка  на  урбанистички  планови  и   урбанистичка  документација  на  територијата  на Општина Дебар за 2026 год.

Бр.. 08-806/15  од  30.12.2025 год.

  •    Предлог за одобрување на Планска  програма  за  изработка  на “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ГРАД  ДЕБАР ЗА  БЛОК  19 (плански  период 2026-2036) И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 19 (плански период 2026- 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР” со тех. Бр. 041/03/26 од Јуни  2026, израборена “ТАЈФА- ПЛАН” ДОО Скопје, со бр. 10-192/4 од  31.07.2026,  од Комисија за урбанизам.

     Градоначалникот на Општина Дебар,                  по извршениот увид на приложената документација констатира дека барањето е основано и се исполнети условите согласно член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25 и 134/26), и врз ова соснова се донесе решение како во диспозитивот.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:    Против ова Решение, барателот може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот

Планска  програма  за  изработка  на  “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ГРАД  ДЕБАР ЗА  БЛОК  19 (плански  период 2026-2036) И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 19 (плански период 2026- 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР”

Денес во Дебар се одржа свеченоста за доделување на клучевите од 47 социјални станови, наменети за граѓаните кои ги исполниле условите согласно јавниот повик и законски утврдените критериуми.

На настанот присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, Александар Николоски, и генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Марјан Стефановски.

Становите им беа доделени на корисниците кои, согласно јавниот повик, ги исполниле предвидените критериуми. Меѓу нив се лица без соодветно станбено решение, деца без родители или родителска грижа по навршување на 18 години, корисници на гарантирана минимална помош, како и лица погодени од елементарни непогоди.

Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Дебар изрази благодарност за континуираната поддршка од Владата кон градот, истакнувајќи дека ваквите проекти директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Тој ги истакна и инвестициите што се реализираат во Дебар, вклучувајќи ја изградбата на новиот булевар покрај оваа станбена зграда, кој се финансира во рамките на проектите од унгарскиот кредит, со вкупна вредност од околу 2 милиони евра за Општина Дебар.

Општина Дебар им честита на сите добитници на становите и им посакува добро здравје, среќа и убави моменти во нивните нови домови.

Младите – приоритет на Општина Дебар

Денес, градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, имаше чест да ги пречека во својот кабинет двајцата млади дебрчани, Еуген Папранику и Јонус Азири, кои постигнаа извонреден успех на Coding Olympiad што се одржа во Рим.

Еуген освои 2 медали, додека Јонус освои 3 медали, потврдувајќи дека со талент, посветеност и напорна работа можат да се постигнат врвни резултати и на меѓународната сцена.

За време на средбата се разговараше за технологијата, програмирањето, вештачката интелигенција и можностите што овие области им ги нудат на младите. Градоначалникот Мела истакна дека Општина Дебар и понатаму ќе ги поддржува и охрабрува талентираните млади, бидејќи тие се двигатели на иднината на нашиот град.

Овие двајца млади не го претставуваат само својот личен успех, туку и големиот потенцијал што го има Дебар во областа на технологијата, иновациите и знаењето.

👏 Честитки до Еуген Папранику за освоените 2 медали и до Јонус Азири за освоените 3 медали, како и до менторите од Digital School Macedonia за нивната посветеност и поддршка во постигнувањето на овој извонреден успех.

Вечерва започна обележувањето на локалните улици во Општина Дебар.

Работите се изведуваат со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот, зголемување на видливоста на хоризонталната сигнализација и олеснување на движењето на сите учесници во сообраќајот.

Општина Дебар останува посветена на подобрување на патната инфраструктура и создавање побезбедни услови за сите граѓани.

Ви благодариме за разбирањето за време на изведбата на работите.

See less

Акција за јавни површини

Благодарение на одличната соработка помеѓу Општина Дебар и граѓаните, ослободени се јавни површини кои беа зафатени со бесправно изградени објекти.

Ова е добар пример за дијалог, меѓусебно разбирање и граѓанска одговорност. На овие простори ќе се реализираат важни проекти за заедницата, како што се јавни паркинзи, тротоари, јавно осветлување и зелени површини.

Заедно градиме поуреден, пофункционален и поубав Дебар за сите.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО: ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ

Се известуваат сите пчелари на територијата на Општина Дебар дека на ден 04.06.2026 година (четврток), во периодот од 18:00 до 06:00 часот, ќе се врши терестичка дезинсекција против комарци.
Дезинсекцијата ќе ја изврши компанијата TRULI NOLEN NM LLC со ULV апарат и ќе ги опфати зелените површини, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депониите и околните зони, како и населените места предвидени во планот.
Се замолуваат пчеларите да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на дезинсекцијата.
Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со соодветни услови.

Skip to content