Врз основа на член 50 став 1 точка од 3аконот 3а локална самоуправа (“Службен Весник на Р.М. бр. 5/02 ) и со Одлуката од Совет на Општина Дебар за утврдување на постапка за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Дебар , ПРОГРАМА За активностите на Општина Дебар во областа на спортот во 2025 годинa Бр.Nr.08-1276/13 од 30.12.2024 година, ПРОГРАМА за активностите на Општина Дебар од областа на културата и нивното финансирање за 2025 година Бр.08-1276/11 од 30.12.2024 година, Програма за мерките и активностите на општина Дебар во областа на социјалната заштита во 2025 година Бр.08-1276/15 од 30.12.2024 година Градоначалникот на Општина Дебар, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК За доделување финансиски средства на здруженија, спортски клубови и проекти од физички лица Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со спортските клубави и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се потикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и rраѓанските организации. Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани регистрирани на територија на Општина Дебар според 3аконот на здруженија на Граѓани, фондации и физични лица. 3друженијата кои имаат добиено финансиски средства мината година треба да достават финансиски извештај за финасиските средства и активностите извршени во текот на минатата година, заедно со потребните образеци за аплицирање. 1. Поддршка на НВО /клубови и физички лица Основни организациски критериуми Неопходна документација која треба да ја поднесат ЗДРУЖЕНИЈАТА / КЛУБОВИТЕ Здруженијата и клубовите кои учествуваат на огласот треба да достават: 1. Пријавување (преземено на веб-страницата на општина Дебар www.dibra.gov.mk како и во просториите на општина Дебар); 2. Прилог 1 – Временска рамка (достапна на веб-страницата на општина Дебар www.dibra.gov.mk како и во просториите на општина Дебар). 3. Анекс-2 Буџет (достапен на веб-страницата на општина Дебар www.dibra.gov.mk како и во просториите на општина Дебар). 4. Копија од моменталната состојба од уписот во регистарот на други правни лица за регистрација на здружението/клубот не постар од шест месеци; 5. Копија од статутот; Забелешка: Доколку вашиот предлог-проект биде избран и добие финансиска поддршка од Буџетот на општина Дебар, имате обврска да го користите логото на општина Дебар. Проектите што ќе добијат финансиска поддршка од општина Дебар треба особено да се внимава да не се нарушува имиџот на институцијата, да не се користи говор на омраза, навреди кои можат да поттикнат насилство, меѓуетничка толеранција или дејствија што се спротивни на Уставот и законските норми на РСМ. За сите горенаведени точки одговорни ќе бидат здруженијата/клубовите или поединците кои ќе добијат финансиска поддршка за нивните предлог-проекти од страна на општина Дебар. Некомплетната документација или пријавите кои ќе се достават по истекот на рокот предвиден во јавниот оглас, нема да се разгледуваат. Апликациите доставени во архивата на општина Дебар нема да му бидат вратени на апликантот. Рок и начин на поднесување апликации Краен рок за поднесување на апликациите е 07.04.2025 година Документацијата да се стави во затворен плик со назнака: „Јавен Повик (за финансиска поддршка на здруженија и спортски клубови)“ на адреса: Општина Дебар,8-ми Септември бр 72 1250, Дебар, или во архивата на општина Дебар од 08:00 до 16:00 часот Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на општина Дебар. www.dibra.gov.mk Прашања за појаснување може да се поставуваат писмено или по електронски пат до Комисијата за реализација на Јавниот повик на емаил адреса dibra@dibra.gov.mk или тел: 046-831-196 |
ОПШТИНА ДЕБАР
ВЕСТИ
-
-
Општина Дебар денеска имаше чест да пречека група амбасадори акредитирани во Република Северна Македонија
-
Патронатот на општинското училиштето „Ристе Ристевски“
-
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР
-
2024-Извештај
-
Празнична атмосфера во центарот на градот плоштадот “Скендербеј”
-
Уште едно инфраструктурно ветување реализирано во Горно Косоврасти.
-
Посебен проект со кој се предвидува чистење на каскадите
-
Решение За одобрување на Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба за: Водови за пренос на електрична енерrија за изградба на 10/20 Kv подземен вод од планирана Трафостаница 10(20)/0,4 Kv до столб на постоечки 10/20 Kv далновод, КО Баниште Општина Дебар
-
Општина Дебар се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.
-
Соопштение
-
Соопштение
-
Дебар е познат по некои општествени и вредности со одлични меѓурелигиозен и меѓуетнички односи.
-
Cостанок со претставници на надлежните институции за координирање на превентивните мерки против поплави и други природни непогоди
-
Општина Дебар продолжува со реализацијата на вториот сегмент за реконструкција на патот во Ново Коњаре
-
Известување за јавноста
-
Октомври – месец за подигање на свеста за ракот на дојката
-
Предмет: Известување – ОБЈАВУВА Барање за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола
-
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ за дезинсекција, систематска превенција за искоренување на комарците на територијата на општина Дeбар
-
Список на резултати за поддршка на здруженија, клубови и физички лица во општина Дебар