Month: <span>July 2022</span>

Денес ја посетив реализацијата на проектот стекнат од основното училиште „Пенестија“

Денес ја посетив реализацијата на проектот стекнат од основното училиште „Пенестија“, кој се состои во создавање услови за пристапност на лицата со посебни потреби, што е финансирано од Европската унија. Како дел од овој проект, училиштето ќе има корист од два лифта за скали и поголем лифт во објектот за ниските одделение. Исто така, треба да се поздрави придонесот на американскиот Дебарчанин (VSH) кој донирал на ова училиште сума во износ од 55000 американски долари, посветен на реконструкција на класи, музичкиот кабинет и санитарни јазли. Сите овие инвестиции не би биле можни без ангажирање на администрацијата на ова училиште под водство на г-дин Ajet Mullarexha , кој со својата транспарентна работа успеа да создаде кредибилитет

Ова е втор ден откако НКП Стандард заедно со општина Дебар  ги преземаат сите неопходни мерки

Ова е втор ден откако НКП Стандард заедно со општина Дебар  ги преземаат сите неопходни мерки за гаснење и ставање под контрола на пожарот кој беше предизвикан во градската дива депонија.  Протвпожарната единица, капацитетите на НКП Стандард на чело со директорот, фирмата која во итни случаи работи на депонии со булдожерот за покривање со земја на ватрените жаришта и други активности, беа во целосна готовност 24 часа.  Општина Дебар  приоритетно работи на натамошна модернизација на депонијата, но проблемот со дивите депонии во РМВ е проблем што може да се реши на републичко ниво со изградба на регионални депонии.  Ова ќе биде дефинитивното решение, дотогаш ќе имаме многу потешкотии како општина за контрола на депониите, особено во текот на летото кога температурите се високи.  За секоја евентуалност ќе се обидеме со сите сили да се соочиме со тешкотиите што ги вади депонијата и очекуваме граѓаните заедно со приватните и државните фирми да ни помогнат според можностите што ги имаат.  Со нашите мерки ќе се обидеме да има што помалку пожари на депониите, имајќи разбирање за грижата на граѓаните.

Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на општината

Општина Дебар е партнер на проектот на УСАИД Северна Македонија – Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на општината. Денес, со помош на г-ѓа Марина Јандревска, специјалист за општински финансии, присутните од општинската администрација имаа можност да дознаат повеќе за: – Поведување на постапка за јавни набавки – Следење на спроведувањето на договорот за јавни набавки – Исплата на финансиски обврски согласно договорот за јавни набавки. Овој проект ќе придонесе за зголемување на стабилноста на финансиското управување на општината и зголемување на контролата врз работата на општината. На овој начин се намалува веројатноста за грешки, измами, непочитување на прописите, како и ризикот од неоткривање на овие проблеми.

Денеска на официјална средба беше пречекан г. Давид Чернихорски, раководител на економскиот сектор

Денеска на официјална средба беше пречекан г. Давид Чернихорски, раководител на економскиот сектор во амбасадата на Чешката Република во Скопје. Оваа средба доаѓа по посетата на амбасадорот на Чешката Република г. Јерослав Лудва кој вети финансиска поддршка за проект на општина Дебар и денеска со г. Чернихорски разговаравме конкретно со кој проект ќе конкурира општина Дебар. Тема на разговорот беше и промоцијата на туризмот како и можностите за соработка на ова поле.

Почитувани граѓани

Почитувани граѓани! Општина Дебар отсекогаш била отворена за соработка со своите граѓани, секогаш во корист на развојот на нашиот град. Сведоци сме на сите активности како што се спортски (клубови), културни, хуманитарни (здруженија), еколошки акции, активности за одржување на животната средина и многу други. Продолжуваме да изразуваме подготвеност за соработка со сите, без разлики. Заради координација на годишните проекти планирани од општина Дебар од една страна и активностите на волонтерски здруженија, клубови и поединци од друга страна, ве повикуваме да побарате одобрение (координација) од општина Дебар со единствена цел да не доаѓа до некоја пречка или дуплирање на истиот проект. Повеќето здруженија и поединци се консултираат со општината пред да преземат каква било акција или работа. Да бидам поконкретен на пример одредено здружение се обратило до општината со барање да се засадат или заменат оштетените дрвја во градот (тротоари) и откако видовме дека истата активност, ние како општина не ја планираме за наведеното време, дадовме дозвола и да се работи. е направено без никаков проблем од страна на здружението. Да не се лошо сфатиме, во последно време во градод се превземат некоја работа од одредени луѓе кои не се консултирани општината (намерно или не??!!) вршат работи кои општина Дебар веќе планира да ги направи во блиска иднина. Така, веднаш се појавува проблем и доаѓа до дуплирање на истата работа, од една страна општината не може да го реализира проектот со оглед на тоа што локацијата на реализација сега е „зафатена“ од некој што „доброволно“ презел нешто а од друга страна има два трошоци за иста работа. Овој е моментот кога доаѓа до израз потребата за соработка и координација, бидејќи општината е крајна одговорна за се што се случува во градот со општествениот имот. Ве повикуваме да соработуваме за доброто на градот и да не дозволуваме простор некој да се сомнева во индивидуални инаети, политички поени и популизам, што досега не се случило. Многу ја цениме секоја работа со добра намера, но како и секогаш со координација и соработка така ќе бидеме поефикасни. Општина Дебар досега не ја затвори вратата за никој што има дејност со добра намера, туку напротив соработуваше, па дури и помогна на сите начини таа акција да биде многу успешна. Сакајќи да не бидеме погрешно разбрани и внимавајќи да не го повредиме ентузијазмот на здруженијата и поединците кои сакаат да придонесат со работа за градот, ви благодариме за разбирањето и ветуваме дека ќе имаме верба дека соработката и координацијата без предрасуди, е клучот за успехот за секого!

100 пакети со храна за граѓаните на Дебар

Сопственикот на бизнисот „Стар систем с.р.л“ г. Мунир Шемши во Италија, по повод Курбан Бајрам, донираше 100 пакети со храна за граѓаните на Дебар на кои им е потребна помош. Г. Мунир Шемши и помогна на Дебар и во кризата од пандемијата Ковид19. Општина Дебар му се заблагодарува на овој бизнисмен честитајќи му празникот Курбан Бајрам и да има здравје и успех во неговиот бизнис.