Month: <span>July 2026</span>

РЕШЕНИЕ За одобрување Планска програма за изработка на “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА ДЕБАР ЗА БЛОК 5 И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА БЛОК 5- обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР”

Врз основа на член 44 став (7) од Законот за  урбанистичко планирање (Сл. весник на Република Северна Македонија бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25 и 134/26) и по предлогот на Комисијата за урбанизам (10-210/5 од 20.07.2026) Градоначалникот на Општина Дебар, го донесува следното :


РЕШЕНИЕ

За одобрување Планска  програма  за  изработка  на  “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ДЕБАР  ЗА  БЛОК  5  И  ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА БЛОК 5- обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР”

Се одобрува Планска  програма  за  изработка  на  “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ДЕБАР  ЗА  БЛОК  5  И  ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА БЛОК 5- обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР”, изработена од  “ТАЈФА- ПЛАН” ДОО Скопје. со тех.р. 085/08/25 од Јули  2026 година.

– Планскиот опфат на  “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ДЕБАР ЗА  БЛОК  5  И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА БЛОК 5- обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР” е дефиниран со следните граници:  север  ул. “Иса Болетини” – Магистрална улица со профил “М 2” по ГУП,  северозапад   ул. “Јусуф Грваља”,  југ ул. “Џафер Кодра”,  исток  ул. “101” Сервисна улица “СЕ 16” – новопроектирана по ГУП. Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници  изнесува 7,11 ха

Образложение

    Врз основа на Програмата за изработка  на  урбанистички планови и урбанистичка  документација  на  територијата  на Општина Дебар за 2026 (Бр. 08-806/15  од  30.12.2025), покрената е постапка за изработка и одобрување на ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ДЕБАР  ЗА  БЛОК  5  И  ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА БЛОК 5- обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР”, заведено под.бр. 10-210/1 од 17.04.2026 год. Предмет кој се води преку ситемот е-урбанизам за ПП (2020) со бр. 79390.

     Со барањето за отпочнување на постапка приложи следната документација :

Планска  програма  за  изработка  на  “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ДЕБАР  ЗА  БЛОК  5  И  ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА БЛОК 5- обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР” со технички број 085/08/25 од Јули  2026 година, изработена од “ТАЈФА- ПЛАН” ДОО Скопје.

– Геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени за ажурирана геодетска подолога,  изработен од  ГЕОМАТИКА ДОО Скопје,  со деловоден број: 0801-168/3-2025 од 18.07.2025.

– Програмата   изработка  на  урбанистички  планови  и   урбанистичка  документација  на  територијата  на Општина Дебар за 2026 год.

Бр.. 08-806/15  од  30.12.2025 год.

  •    Предлог за одобрување на ПЛАНСКА ПРОГРАМА ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ДЕБАР  ЗА  БЛОК  5  И  ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА БЛОК 5- обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР” од д.п.п.и. “ТАЈФА- ПЛАН” ДОО Скопје  со бр. 10-210/5 од  20.07.2026,  од Комисија за урбанизам.

     Градоначалникот на Општина Дебар,                  по извршениот увид на приложената документација констатира дека барањето е основано и се исполнети условите согласно член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25 и 134/26), и врз ова соснова се донесе решение како во диспозитивот.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:    Против ова Решение, барателот може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот

РЕШЕНИЕ За одобрување Планска програма за изработка на “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА ДЕБАР ЗА БЛОК 5 И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА БЛОК 5- обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР”

ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТЧКИ ПЛАН НА ДЕБАР ЗА БЛОК 5 и ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА БЛОК 5 – обединета постапка на ГУП и ДУП ОПШТИНА ДЕБАР

Бесплатен јавен Wi-Fi достапен во Општина Дебар

Граѓаните и посетителите од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi на следната локација:

📍 Центар на градот – Дебар

WiFi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital.

Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Северна Македонија и Западен Балкан. Општина Дебар е една од 500-те општини и градови во регионот кои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на повеќе од 7.000 локации низ Европската Унија.

Сите граѓани и посетители можат бесплатно да се поврзат и да користат сигурна интернет врска.

Со оваа поддршка, Општина Дебар продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.

Добредојдовте секогаш во Дебар!

Со особено задоволство, денес во мојот кабинет ги пречекав Франк и Бландин од Франција, кои го посетија Дебар со желба одблизу да ги запознаат природните убавини, културното наследство и туристичките потенцијали на нашиот град.

Особено нè радува што од ден на ден расте бројот на туристи кои го избираат Дебар како своја туристичка дестинација. Тоа претставува потврда дека нашиот град станува сè попривлечен за домашните и странските посетители.

Токму затоа, Општина Дебар веќе е во фаза на подготовка на Стратешки план за развој на туризмот, кој ќе претставува основа за одржлив туристички развој, подобра промоција на нашите природни и културни богатства и создавање нови можности за локален економски развој.

Tениски турнир

Вечерва започна првиот настан од Летниот календар „Дебар 2026“ со организирање на тениски турнир, на кој учествуваат тенисери од Дебар.

Турнирот создаде одлична спортска атмосфера и ентузијазам, означувајќи го почетокот на лето исполнето со спортски, културни и уметнички активности за сите граѓани.

Им посакуваме успех на сите учесници и ги покануваме граѓаните да бидат дел од многубројните активности што ќе се организираат во рамките на Летниот календар „Дебар 2026“.

Добредојдовте во Дебар!

Драги печалбари,

Добредојдовте дома!

Ви посакуваме пријатен престој, исполнет со здравје, радост и незаборавни моменти со семејството и пријателите.

Добредојдовте во Дебар!

Работите продолжуваат со несмалено темпо и за време на викендот!

По завршувањето на улицата „Фуад Дибра (1 Мај)”, и за време на викендот интензивно продолжија работите кон финализирање на асфалтирањето на улицата „Мигени“, една од главните сообраќајни врски што го поврзува горниот (стариот) дел на градот.

Оваа инвестиција носи модерна, побезбедна и пофункционална инфраструктура, овозможувајќи им на граѓаните полесно и покомфорно движење по долг период на чекање.

Продолжуваме да работиме за поразвиен Дебар, со квалитетни улици и подобри услови за сите граѓани.

За првпат, Општина Дебар го претставува Официјалниот календар на летни активности 2026

Ова лето ќе биде поинакво! За првпат, Општина Дебар подготви организиран календар со културни, спортски и забавни настани кои ќе му дадат нова енергија на нашиот град во текот на целата летна сезона.

Од спортски турнири, маратон, планинарење на Стогово, Дебар фест, саем на традиционална храна, активности за иселениците, изложби, уметнички колонии, летно кино, театарски претстави, па сè до Денот на Општината – „Дебарско Лето 2026“ носи богата програма за сите генерации.

Ги покануваме сите граѓани, иселеници и гости да бидат дел од овие настани и заедно да уживаме во лето исполнето со култура, спорт, забава и незаборавни моменти.

Дојдете во Дебар – местото каде што летото оживува!

Набавка на опрема за управување со отпад со инсталацијаОпштина Дебар, Југозападен Плански Регион, СевернаМакедонија

Набавка на опрема за управување со отпад со инсталација

Општина Дебар го објавува тендерското досие за постапката:

„Набавка на опрема за управување со отпад со инсталација“

Референтен број на постапката: REWASTE/DEBAR/SUPPLY/2026/02

Постапката се спроведува во рамките на проектот ReWaste, кој се реализира во рамките на програмата Interreg VI-A IPA „Грција – Северна Македонија 2021–2027“ и е кофинансиран од Европската Унија со 80% и од национални средства со 20%.

Општина Дебар има намера да склучи договор за набавка на опрема за управување со отпад, вклучувајќи ја и нејзината инсталација, во рамките на спроведувањето на проектот ReWaste во Дебар.

Крајниот рок за доставување на понудите е 17 август 2026 година, до 16:00 часот по локално време.

Заинтересираните економски оператори можат да ја преземат целосната тендерска документација и придружните документи подолу.

Секое барање за појаснување или дополнителни информации треба да се достави во согласност со барањата и постапките утврдени во тендерската документација.

Сите евентуални појаснувања, исправки или дополнителни информации ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на Општина Дебар и ќе бидат доставени согласно тендерската документација.

Договорен орган:

Општина Дебар
ул. „8 Септември“ бр. 72, Дебар

Е-пошта: rewaste@dibra.gov.mk

Документи за преземање

ПРЕЗЕМИ

„Проектот ReWaste се спроведува во рамките на програмата Interreg VI-A IPA „Грција – Северна Македонија 2021–2027“ и е кофинансиран од Европската Унија со 80% и од национални средства со 20%.“

Известување до пчеларите

Се известуваат сите пчелари на територијата на Општина Дебар дека на 16.07.2026 година (четврток), во периодот од 18:00 до 06:00 часот, ќе се спроведе терестрична дезинсекција против комарци.

Дезинсекцијата ќе ја изврши компанијата Трули Нолен НМ ЛЛЦ со УЛВ опрема, а ќе бидат опфатени зелените површини, брегот на Дебарското Езеро, депониите и околните површини, како и населените места предвидени во планот за дезинсекција.

Се замолуваат сите пчелари навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на дезинсекцијата.

Доколку временските услови бидат неповолни, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се реализира во првиот нареден ден со соодветни временски услови.

И за време на викендот – во служба на граѓаните!

Посветеноста кон граѓаните не познава пауза. 🤝 Општина Дебар продолжува со работа и за време на викендот, со одговорност и посветеност, со цел да обезбеди квалитетни услуги за сите.

🌟 Заедно за подобар Дебар!

Skip to content