Author: diberkomuna

Набавка на линија за сортирање на отпад со инсталација Општина Дебар, Југозападен Плански Регион, Северна Македонија

Општина Дебар има намера да додели договор за набавка што опфаќа испорака, истовар, позиционирање, инсталација, тестирање и пуштање во работа на една целосна и функционална линија за сортирање на отпад, во рамките на проектот REWASTE во Дебар, со финансиска помош од Интеррег VI-A ИПА Програмата „Грција – Северна Македонија 2021–2027“.

Тендерската документација е достапна на: Општина Дебар, ул. „8 Септември“ бр. 72, Општина Дебар Е-пошта: rewaste@dibra.gov.mk www.dibra.gov.mk

Крајниот рок за доставување на понудите е 09 ноември 2026 година, 16:00 часот по локално време. Сите барања за појаснување или дополнителни информации треба да се достават согласно тендерската документација. Сите појаснувања, исправки или дополнителни информации во врска со оваа постапка за набавка ќе бидат објавени на веб-страницата на Општина Дебар и ќе бидат соопштени согласно тендерската документација.

ПРЕЗЕМИ ТУКА

REWASTE/DEBAR/SUPPLY/2026/02-R1
The Municipality of Debar intends to award a supply contract for the delivery, unloading,
positioning, installation, testing and commissioning of one complete and operational waste
sorting line within the framework of the REWASTE project in Debar with financial assistance
from the Interreg VI-A IPA Programme “Greece – North Macedonia 2021–2027”.
The tender dossier is available from:
Municipality of Debar, Str. 8 Septemvri Nr 72, Municipality of Debar
Email: rewaste@dibra.gov.mk
www.dibra.gov.mk
The deadline for submission of tenders is 09 November 2026; 16:00 hrs, local publication time.
Any requests for clarification or additional information shall be submitted in accordance with
the tender dossier. Any clarifications, corrigenda or additional information concerning this
procurement procedure will be published on the Municipality of Debar website and
communicated in accordance with the tender dossier.

“The ReWaste project is implemented within the framework of the Interreg VI-A IPA Programme ‘Greece –
North Macedonia 2021–2027’ and is co-funded by the European Union at 80% and by national funds at 20%.”
„Проектот ReWaste се спроведува во рамките на Интеррег VI-A ИПА Програмата „Грција – Северна
Македонија 2021–2027“ и е кофинансиран од Европската Унија во износ од 80% и од национални средства
во износ од 20%.“

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ПЧЕЛАРИТЕ

Почитувани,

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на РСМ“ бр. 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), и врз основа на Одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Дебар како општа мерка против епидемија, Друштвото за производство, трговија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36, лок. 3, Скопје, го доставува следното известување:

Се известуваат сите граѓани кои се занимаваат со пчеларство на подрачјето на Општина Дебар дека на 31.08.2026 година (понеделник), екипите на Друштвото за производство, трговија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36, лок. 3, Скопје, ќе спроведат терестичка (одземна) дезинсекција, со цел уништување на комарците.

Прскањето ќе се врши во периодот од 18:00 до 06:00 часот, со апарат за ULV прскање.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депониите и околните подрачја, урбаното населено место Дебар, како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата.

Се бара од пчеларите и пчеларските здруженија да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на неповолни временски услови (ветер), дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот поволен ден.

За сите информации и прашања, контакт телефон во Друштвото ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ е:

075 775 769

Со почит,
Општина Дебар

СООПШТЕНИЕ – 15-та седница

Врз основа член 39, став 2 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ„бр.5/02и „СлужбенвесникнаРепубликаСеверна Македонија“ бр. 202/2024).,)

На ден 21.08.2026  год,  се донесе :                                      

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 15  СЕДНИЦА НА  СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР    


Седницата се свикува за датум 24.08.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) со почеток во 10:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.    

За седница  се предлага овој :                                          

Д н е в е н     р е д  

1 Усвојување  на 14  записник
2. Предлок-Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за утврдување на правен статус на безправно изграден верски објект(џамија), утврден со заклучок за плаќање надоместок бр. УП1 бр.10-186/2018 од 12,08,2026 година
3. Предлог-Одлука за Урбанистички план за село Џепиште, Општина Дебар, со плански период 2022-2032.
4.Предлог-Одлука за резервирани средства за експропријација во буџетот на единицата на локалнта ссмоуправа во 2026 година, во К.П бр5547/5
5. Предлог-Одлука за резервирани средства за експропријација во буџетот на единицата на локалнта ссмоуправа во 2026 година, во К.П бр5480/5
6. Предлог –Одлука за давање согласност за усвојување на Годишен План за вработување  за 2027 година, за Општина Дебар.
7.Разно.

РЕШЕНИЕ-За одобрување Планска  програма  за  изработка  на  “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ГРАД  ДЕБАР ЗА  БЛОК  19 (плански  период 2026-2036) И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 19 (плански период 2026- 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР”

Врз основа на член 44 став (7) од Законот за  урбанистичко планирање (Сл. весник на Република Северна Македонија бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25 и 134/26) и по предлогот на Комисијата за урбанизам (10-192/4 од 31.07.2026) Градоначалникот на Општина Дебар, го донесува следното :


РЕШЕНИЕ

За одобрување Планска  програма  за  изработка  на  “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ГРАД  ДЕБАР ЗА  БЛОК  19 (плански  период 2026-2036) И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 19 (плански период 2026- 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР”

Се одобрува Планска  програма  за  изработка  на  “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ГРАД  ДЕБАР ЗА  БЛОК  19 (плански  период 2026-2036) И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 19 (плански период 2026- 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР” со тех. Бр. 041/03/26 од Јуни  2026, израборена “ТАЈФА- ПЛАН” ДОО Скопје

– Планскиот опфат :

Опфатот за изработка на измена и дополна на ГУП на град Дебар за блок 19 (плански период 2026- 2036) И ДУП за дел од блок 19 (плански период 2026– 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, Општина Дебар  е следен:

  • Планскиот офат  за Измена и дополна на дел од Генерален Урбанистички План на Град Дебар за Блок 19 изнесува 26,07 ха со следните граници:   исток – Собирна улица со профил “Со 5”;   северозапад – Сервисна улица со профил “Се 15” и , југоисток – Магистрална улица со профил “М 2” ул. “Јусуф Грваља”.
  • Планскиот офат  за Детален Урбанистички План за дел од Блок 19,  во обединета постапка, изнесува 3,48 ха, . со следните граници: север – Сервисна улица со профил „Се 2“ ( ул. „Новопланирана 19.11);  југоисток – Магистрална улица со профил „М2А“ – Јужна обиколница Регионален пат Р1201 (по старо Р-418)-крак Дебар-Струга;  југ – граница на ГУП на Град Дебар и  северозапад – Сервисна улица со профил „Се 15“ ул. „Краварски пат“.

Образложение

    Врз основа на Програмата за изработка  на  урбанистички планови и урбанистичка  документација  на  територијата  на Општина Дебар за 2026 (Бр. 08-806/15  од  30.12.2025), покрената е постапка за изработка и одобрување на ПЛАНСКА ПРОГРАМА ЗА ““ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ГРАД  ДЕБАР ЗА  БЛОК  19 (плански период 2026-2036) И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 19 (плански период 2026- 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР”, заведено под.бр. 10-192/1 од 07.04.2026 год. Предмет кој се води преку ситемот е-урбанизам за ПП (2020) со бр. 79040.

     Со барањето за отпочнување на постапка приложи следната документација :

– Планска  програма  за  изработка  на  “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ГРАД  ДЕБАР ЗА  БЛОК  19 (плански  период 2026-2036) И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 19 (плански период 2026- 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР” со тех. Бр. 041/03/26 од Јуни  2026, израборена “ТАЈФА- ПЛАН” ДОО Скопје .

– Геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени за ажурирана геодетска подолога,  изработен од  ГЕОМАТИКА ДОО Скопје,  со деловоден број: 0801-37/3-2026 од 04.03.2026.

– Програмата   изработка  на  урбанистички  планови  и   урбанистичка  документација  на  територијата  на Општина Дебар за 2026 год.

Бр.. 08-806/15  од  30.12.2025 год.

  •    Предлог за одобрување на Планска  програма  за  изработка  на “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ГРАД  ДЕБАР ЗА  БЛОК  19 (плански  период 2026-2036) И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 19 (плански период 2026- 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР” со тех. Бр. 041/03/26 од Јуни  2026, израборена “ТАЈФА- ПЛАН” ДОО Скопје, со бр. 10-192/4 од  31.07.2026,  од Комисија за урбанизам.

     Градоначалникот на Општина Дебар,                  по извршениот увид на приложената документација констатира дека барањето е основано и се исполнети условите согласно член 44 став (7) од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25 и 134/26), и врз ова соснова се донесе решение како во диспозитивот.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:    Против ова Решение, барателот може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот

Планска  програма  за  изработка  на  “ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ГЕНЕРАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА  ГРАД  ДЕБАР ЗА  БЛОК  19 (плански  период 2026-2036) И ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ДЕЛ ОД БЛОК 19 (плански период 2026- 2031) обединета постапка на ГУП и ДУП, ОПШТИНА ДЕБАР”

DIBRA SUMMER RUN

Еден ден исполнет со енергија, спорт и емоции! 🏔️

Денес Дебар уште еднаш покажа дека спортот обединува, инспирира и носи живот и позитивна енергија во нашиот град. ❤️

Со успех заврши овогодинешното издание на Dibra Summer Run, активност која ги обедини граѓаните, љубителите на спортот и учесниците од сите возрасти, создавајќи посебна атмосфера низ улиците на Дебар.

👏 Им благодариме на сите учесници, организатори, волонтери и на сите оние кои придонесоа за реализацијата на овој настан.

Продолжуваме да создаваме активности кои му даваат на нашиот град повеќе живот, енергија и можности за сите.

До следното издание!

Jубилејната изложба „30 години посветеност на еманципацијата, образованието и интеграцијата на Ромската заедница во Дебар

Денес, градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, присуствуваше на јубилејната изложба „30 години посветеност на еманципацијата, образованието и интеграцијата на Ромската заедница во Дебар“, организирана од Хуманитарното здружение на Ромите „Хена“ Дебар.

Изложбата опфати над 300 фотографии и цртежи, кои ја прикажуваат 30-годишната работа и достигнувањата на здружението.

Градоначалникот Мела им честиташе на организаторите за нивната долгогодишна работа и посветеност, истакнувајќи ја важноста на придонесот на ромската заедница во општествениот живот на Дебар.

Започна асфалтирањето на јавните паркинзи во Дебар

Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, изврши увид во градежните работи на терен, каде што веќе започна асфалтирањето на јавните паркинзи во градот.

Овој проект ќе обезбеди нови и уредени паркинг-простори, со што ќе се олесни сообраќајот и ќе се создадат подобри услови за граѓаните и посетителите.

Работите се одвиваат со брзо темпо и наскоро граѓаните ќе имаат на располагање нови и пофункционални паркинг-простори.

Општина Дебар продолжува со реализација на конкретни проекти за поуреден и пофункционален град

Доделување на клучевите од 47 социјални станови

Денес во Дебар се одржа свеченоста за доделување на клучевите од 47 социјални станови, наменети за граѓаните кои ги исполниле условите согласно јавниот повик и законски утврдените критериуми.

На настанот присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, Александар Николоски, и генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Марјан Стефановски.

Становите им беа доделени на корисниците кои, согласно јавниот повик, ги исполниле предвидените критериуми. Меѓу нив се лица без соодветно станбено решение, деца без родители или родителска грижа по навршување на 18 години, корисници на гарантирана минимална помош, како и лица погодени од елементарни непогоди.

Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Дебар изрази благодарност за континуираната поддршка од Владата кон градот, истакнувајќи дека ваквите проекти директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Тој ги истакна и инвестициите што се реализираат во Дебар, вклучувајќи ја изградбата на новиот булевар покрај оваа станбена зграда, кој се финансира во рамките на проектите од унгарскиот кредит, со вкупна вредност од околу 2 милиони евра за Општина Дебар.

Општина Дебар им честита на сите добитници на становите и им посакува добро здравје, среќа и убави моменти во нивните нови домови.

Денес во Дебар се одржа свеченоста за доделување на клучевите од 47 социјални станови, наменети за граѓаните кои ги исполниле условите согласно јавниот повик и законски утврдените критериуми.

На настанот присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, Александар Николоски, и генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Марјан Стефановски.

Становите им беа доделени на корисниците кои, согласно јавниот повик, ги исполниле предвидените критериуми. Меѓу нив се лица без соодветно станбено решение, деца без родители или родителска грижа по навршување на 18 години, корисници на гарантирана минимална помош, како и лица погодени од елементарни непогоди.

Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Дебар изрази благодарност за континуираната поддршка од Владата кон градот, истакнувајќи дека ваквите проекти директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Тој ги истакна и инвестициите што се реализираат во Дебар, вклучувајќи ја изградбата на новиот булевар покрај оваа станбена зграда, кој се финансира во рамките на проектите од унгарскиот кредит, со вкупна вредност од околу 2 милиони евра за Општина Дебар.

Општина Дебар им честита на сите добитници на становите и им посакува добро здравје, среќа и убави моменти во нивните нови домови.

Градоначалникот Фисник Мела изврши увид во асфалтерските работи во Могорче

Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, денес изврши увид во текот на асфалтерските работи што се реализираат во рамките на проектот за реконструкција на повеќенаменското спортско игралиште во ООУ „Ристе Ристески“ во село Могорче.

При увидот, градоначалникот се запозна со динамиката на изведбата и истакна дека Општина Дебар останува посветена на реализација на проекти кои ја унапредуваат спортската инфраструктура и создаваат современи услови за учениците, младите и жителите на селото.

Овој проект се реализира со средства од Буџетот на Општина Дебар и претставува уште една значајна инвестиција во подобрување на условите за спорт, рекреација и училишни активности.

Работите се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување жителите на Могорче ќе добијат современ и функционален простор за спортски, рекреативни и училишни активности

Skip to content