ПРОТИВПОЖАРНА

Времето во кое живееме се карактеризира со исклучително динамичен развој како резултат на се поголема употреба современи техничко-технолошки и научни достигнувања во сите свери на опшството,кој покрај позитивни придобивки исто така носи и многубројни опсности,што во одреден ситулација може да ги загрози и граѓаните,нивниот имот,растителниот свет,како и предмети и објекти од особена културна и историска важност.

На Територијата на град Дебар постојата голема можност за настанување пожар и негово брзо ширење,како во опшествениот така и во прифатниот сектор.Пожарите се појавуват како во гратските така и во селските населби,индиструски објекти,шумски комплекси и земјоделски површни. За ваквата состојба придонесуват општите карактеристики, постоечките природни фактори како што се:

• Географската положба,

• Релјефна структура,

• клима,

• хидрографијата,

• население и населби и др.

Имаки ја во предвид оваа констатација се наметнува потребата од сопфатно и комплексно согледување на на состојбите и проблемите во областа на операцилизација на заштитата на населението и матријалните добра во областа на заштитата од пожари и други природни непогоди. пожар — неконтролирано горење на материи коe намерно или од невнимание го предизвикал човекот или е резултат на природни биолошки, физички или хемиски процеси. Пожарите нанесуваат големи штети на човекот и на природната средина.Денес пожарите најчесто се предизвикани од:

• човекот,

• природните појави (електрични празнења, искрење, вулкани, топлинско дејство на Сонцето),

• неисправност на одредени машини, апарати, уреди, инсталации,

• самозапалување на одредени супстанции. Заштитата и сасување од пожари опфака:

• подготовка и спроведување на превентивни мерки во сите средини,населби,индустриски објекти,шумски комплекси и земјоделски повржини.

• Спасување на луѓе,матријални и други добра од објекти и подрачјата загрозени од пожар

• Организирање и подготовка на силите за гаснење на пожар

• Организација на наблудување и известување за појава на пожар

• Локализирање и гаснење на пожар.

Бидеки град Дебар и оклината не е имуна на состојбите кои ги диктираат природните фактори и економскиот развој, повеке од потребно е да се размислува за организиран пристап за подигнување на нивото во заштитата на своето населенире, матријалните и други добра како ресурси со кој располага овој крај.Така во 1954 година од страна на тогашните власти почнато е да се гради противпожарен дом на местото на сега постоечкиот.Така со доброволни акции кои го красат овој сектор од секогаш е изграден до 1956 година.Веќе наредната година е формирано првото ДПД (доброволно противпожарно друштво) Дебар.Ваквите друштва се под покровителсво на Противпожарниот сојуз на Македонија . Во 1975 година со одлука на собранието на тогашна СФРЈ сите противпожарни друштва поминуваат под буџет на Републиката односно преминуваат во МВР како Територијални Противпожарни Единици(ТППЕ). Во ваква формација единицата се до 2005 година егзистира под МВР каде од 01.07.2005 година со спогодба поминува во Единицата за локална самоуправа Дебар со законско решение каде единицата ги покрива територијата на општините Дербар и Ц.Жупа и делот на општината Маврово и Ростуше во делот на Ростуше.Територијалната противпожарна единица Дебар е хуманитарна и непрофитабилна единица која врши работи од областа на заштитата и спасувањето, управувањето со кризи, одбраната и пожарникарството во согласност со закон и ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администарцијата на Град Дебар

• Гаснење на пожари на подрачјето на градот Дебар и околните населени места ;

• отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар;

• спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии;

• укажување техничка помош при незгоди и опасни ситуации;

• извршување на други работи при несреќи и непогоди;

• врши непрофитабилни услуги заради подобрување на техничката опременост и услови за работа, кои не смеат да го оневозможуваат или попречуваат извршувањето на функциите од претходните алинеи на овој став;

• заедно со територијалните противпожарни единици на општините во РСМ утврдени со закон, дејствуваат како противпожарни единици на Република Северна Македонија заради оперативно делување при гаснењето големи пожари на целата територија на Република Северна Македонија;

• давање помош кога тоа е побарано при гаснење пожари во други држави;

• водење посебна евиденција за настанатите пожари, експлозии, интервенции за гаснење и интервенции за други настани според единствена методологија и известување на Дирекцијата за заштита и спасување и Градот Скопје за тоа;

• тековна поправка и одржување на механиката;

• давање противпожарно обезбедување на објекти, делегации, јавни собири, спортски и други манифестации, во координација со Министерството за внатрешни работи;

• едукација на граѓаните за заштита од пожари, преку организација на предавања, преку медиуми и организирање на други активности. ТППЕ Дебар брои 14 вработени професионални пожарникари спасители.

• Еден командир на ТППЕ

• Двајца водичи на група

• 11 пожарникари спасители

Просечната старос на вработените е ТППЕ Дебар е 43 години каде со соодветната обука и срества за гаснење на пожар не прави да бидеме многу успешни.

Практично показна вежба“ 20 Мај“ 2014 година.(извлекување на лице заглавено при сообраканја несрека).

Контакт: Email : pozarnadebar@hotmail.com,,

               Tel.046-831- 120,

             Беспланиот 193 ,112