Month: <span>August 2022</span>

Oдлука

Според одлуката на Советот на општината од 25.06.2021 година, директорите на училиштата при регистрација на учениците во прво оделение, се должни да се придржуваат до оваа одлука со која се предвидува реонизација на училиштата на територијата на општина Дебар. Со оваа одлука всушност се прави адекватна распределба на учениците според близината на училишниот објект со кој располагаат. Се надеваме дека соработката на родителите ќе биде позитивна во реализацијата на оваа одлука.

Чистење на градот

Секојдневно чистење на улиците од ѓубрето кое се фрла насекаде. Чистотата е резултат на заедничка посветеност.

Вечерва и секоја наредна вечер чистење на градот и во доцните часови со ноќни смени. За чист Дебар заедно со граѓаните.

Турнир во мал фудбал „Дибра 2022“

Денеска започна традиционалниот турнир во мал фудбал „Дибра 2022“ во организација на општина Дебар. Благодарност до организационата екипа, екипите учесници и спонзорите кои ја подржуваат оваа спортска активност за дебарската спортољубива публика. Со среќа и нека победи најдобриот!Во пријателска атмосфера, натпреварите од првиот ден од турнирот завршија со следните резултати:

Korabi u15 – Armani brand. 3:2

Princ cafe. – Friend zone. 4:0

Kosovrasti. – Flamuri IP. 5:1

Retro pizza – Emin dent. 10:7

Продолжуваме утре вториот ден со почеток во 18.30 часот.

Турнир во мал фудбал

Поради тригодишните рестрикции како последица на пандемијата, оваа година ќе ја продолжиме традицијата на турнирот во мал фудбал „Дибра 2022“, кој е под покровителство на општина Дебар. Почетокот ќе биде во понеделник во 18:30 часот, а отворањето, во присуство на градоначалникот д-р Хекуран Дука, ќе го направат играчите на КФ Кораби-У15 со цел истите и во иднина да ја продолжат оваа традиција. Екипите учесници и распоредот на натпревари се како во табелата подолу:

Виртуелен туристички водич за општина Дебар

Виртуелен туристички водич за општина Дебар , спонзориран од самата општина. Во соработка со компанијата „Македонија од горе“ – која подготвува Виртуелни туристички водичи низ Македонија, општина Дебар спонзорираше виртуелен поглед од 360 степени и за нашата општина. Примарната цел на овој проект е да понуди виртуелна обиколка на општината на динамичната веб-страница www.macedoniafromabove.mk.

• градови

• села

• хотели

• ресторани

• музеи

• Меморијални центри и споменици

• Верски објекти – цркви, манастири, џамии…

• и други прекрасни пејсажи и локации кои би го интересирале секој турист.

Оваа апликација постојано ќе се ажурира со нови податоци.