Month: <span>June 2026</span>

Координативни средби за проектот ReWaste во Дебар

Минатата недела, претставници на Центарот за разбирање и институционална соработка – QMBI и Општина Дебар одржаа координативни средби во рамки на проектот ReWaste.

Средбите се одржаа со Градоначалникот на Општина Дебар, а потоа продолжија со директорите на три јавни училишта во Дебар.

Целта на средбите беше координација на претстојните проектни активности, зајакнување на соработката со локалните образовни институции и вклучување на заедницата во иницијативи поврзани со управување со отпад, заштита на животната средина и подигнување на јавната свест.

Проектот ReWaste се спроведува во рамки на Програмата Interreg VI-A IPA „Грција – Северна Македонија 2021–2027“ и е кофинансиран од Европската Унија.

Практична активност од страна на Територијалната противпожарна единица – Дебар

Денес во ООУ „Пенестија“ се одржа практична активност од страна на Територијалната противпожарна единица – Дебар, посветена на безбедноста и заштитата од пожари. Во рамките на активноста, наставниците и училишниот персонал беа запознаени со начинот на користење на опремата за гаснење пожар и со постапките што треба да се преземат во случај на вонредни ситуации.
Општина Дебар останува посветена на организирање вакви активности, кои имаат за цел да ја зголемат безбедноста во образовните институции и да придонесат кон едукацијата и подготовката на младите генерации.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО: ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ

Се известуваат сите пчелари на територијата на Општина Дебар дека на ден 04.06.2026 година (четврток), во периодот од 18:00 до 06:00 часот, ќе се врши терестичка дезинсекција против комарци.
Дезинсекцијата ќе ја изврши компанијата TRULI NOLEN NM LLC со ULV апарат и ќе ги опфати зелените површини, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депониите и околните зони, како и населените места предвидени во планот.
Се замолуваат пчеларите да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на дезинсекцијата.
Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со соодветни услови.

Skip to content