Author: diberkomuna
Еколошката акција организирана од општина Дебар беше многу успешна
Еколошката акција организирана од општина Дебар беше многу успешна бидејќи во неа беа вклучени сите поединци и различни субјекти кои пред се ја сакаат чистотата на Дебар не само со зборови туку и со дела. Со оваа активност беше дадена порака дека против загадувањето на животната средина кое постојано го предизвикуваат некои несовесни луѓе, ние кои ја сакаме природата и околината на Дебар, нема да сеедниме со вкрстени раве, туку ќе дејствуваме. Голема благодарност до сите учесници кои во овие денови на пост направија чин кој не само на човекот туку и на Бога му угодува. Вакви акции ќе организираме во наредните месеци, без разлика кој ќе го иницира, важно е Дебар да се исчисти од шут. Ова е патриотски гест и обврска на секој граѓанин.
Dukas Company денеска доброволно продолжува со расчистување на дивите депонии
Dukas Company денеска доброволно продолжува со расчистување на дивите депонии во градот. Придружете ни се и вие останатите во акцијата за генерално чистење на градот.
Повикот се однесува и за селата од општината.
Eколошка акција
Упатено до сите граѓани, бизнисмени, институции, невладини организации, спортски клубови и медиуми.
Почитувани граѓани, поканети сте сите без исклучок да ни се придружите во големата еколошка акција што ќе се одржи во недела на 24 април во целиот град Дебар.
Со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Дебар , каде ќе се одржи собирање и поделба на групи до различни области на градот.
Приклучете се масовно во оваа акција за општо добро, за чистење на животната средина во која живееме, пред сè, да биде стимулативна и сензибилизирачка, пример дека секој граѓанин повеќе не ја загадува околината во која го поминуваме секојдневниот живот.
Денеска на IV (онлајн) состанок
Денеска на IV (онлајн) состанок на советот за развој на југозападниот плански регион, беше одлучено општина Дебар за 2022 година да има корист од овој буџет 2 значајни проекти од програмата за енергетска ефикасност – училиштето „Саид Најдени“ 6.439.087 денари со кофинансирање од 5,13% и во програмата за набавка на механизација ЈКП Стандард во износ од 418.900 денари без кофинансирање.
СООПШТЕНИЕ – 8-ма седница
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02), На ден 18 .04 .2022 год. се донесе: |
Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА 8ма СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР |
Cедницата се свикува за 22.04.2022 (ПЕТОК ) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар. За седница се предлага овој : Д н е в е н р е д |
1.Усвојување на 7 записник 2.Заклушок за усвојување на извештајот за извршување на буџетот на општината Дебар за 2022 година I-квартал 3.Барање согласност за новиот статут на ООУ ”Пенестиа” -Дебар. 4.Предлог одлука за утврдување на нацрт план на детален урбанистички план за блок 6 Општина Дебар 5.Предлог одлука за одредување на приоритетен проект, на улица “8-МИ МАРТ” ОПШТИНА ДЕБАР, улица “206” ОПШТИНА ДЕБАР 6.Предлог одлука за одредување на приоритетен проект. пат од раскрницата со локален пат Дебар с.БОМОВО до с. СУШИЦА 7.Предлог одлука за одредување на приоритетен проект. пат во с.ДОЛНО КОСОВРАСТИ ОПШТИНА ДЕБАР – Втора Фаза 8.Предлог одлука за финанциско учество за реализација на проектот за подготвување на енергетска ефикасност за раконтрукција на ООУ САИД НАЈДЕНИ ВО ДЕБАР |
Eколошка акција за чистење на градот
Како што ве информиравме и претходно, општина Дебар ќе организира општа еколошка акција за чистење на градот каде ќе бидат вклучени сите заинтересирани како институции, здруженија, фирми и сл. На состанокот одржан во општината секој си ги презеде своите обврски. Бидејќи во викендите времето беше нестабилно, немаше можност да се излезе на терен и ќе чекаме подобро време. Но, денеска компанијата „МИРЗО ТРАНС“ со сопственик Исмет Мирзо, доброволно ја исполни својата обврска со чистење на дивите депонии во Елевца и во дел од градот Дебар. Заблагодарувајќи им се за сработеното, ги повикуваме сите други компании, особено оние од селата, да се приклучат на оваа акција придонесувајќи за одржување на чистотата во градот. Оние кои не сакаат да придонесат, барем да внимаваат и да не фрлаат ѓубре од нивните дуќани на забранети места. Дебар ќе биде чист, колку што сме свесни и во оваа нема друг избор.
Чистењето на јавните површини продолжува
Чистењето на јавните површини продолжува секојдневно од страна на работниците од општината. Се чистат најжешките точки, особено патиштата кои водат до влезовите на градот како и околните места каде што се наоѓаат контејнери за отпад. Бидејќи сè уште има луѓе кои неодговорно фрлаат ѓубре на забранети места, ја користиме оваа прилика да апелираме за дополнителна грижа за чистотата во градот.