Author: diberkomuna

Радика


Денес, во распоредот предвиден за средба со невладините организации како и со спортските и културните клубови кои делуват во Дебар, ја имав резервирано за здружението на жените “Радика” предводена од г-ѓа Фадрије Мустафовска. Темата на дискусијата беше за барањата на граѓаните во однос на екологијата, изградбата на ново училиште во долниот Косовраст, итн. Заедно изразивме посветеност за решавање на овие проблеми во најкус можен рок.

СООПШТЕНИЕ

Врз основа на член 7 од Деловникот за работа на Советот на Општината Дебар (“Службен гласник на Општината” бр.4/2005)
На ден 18.10.2019 год. се донесе:

  Р Е Ш Е Н И Е

СЕ СВИКУВА 28та седница на Советот на Општината Дебар.
Седницата се свикува за 22.10.2019 год. (Вторник) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општината Дебар.     

За  седница  се предлага овој :

Дневен  ред

1.Заклучок за усвојување на Извештајот за  извршување на Буџетот на Општина Дебар за 2019 година-III Квартал.
2. Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Дебар за 2019 година.
3.Предлог програма за одржување на локалните патишта и улици во Општина Дебар за 2019/2020 година во зимски услови.
4.Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно  изграден објект, со наменaтa на  урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.10009 КО ДЕБАР-3.
5. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно  изграден објект, со наменaтa на  урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.5408 КО ДЕБАР-1.
6. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно  изграден објект, со наменaтa на  урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.10012 КО ДЕБАР-3.
7. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно  изграден објект, со наменaтa на  урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.10039 КО ДЕБАР-3.
8. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно  изграден објект, со наменaтa на  урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.10003 КО ДЕБАР-3.            
9. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно  изграден објект, со наменaтa на  урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.5403 КО ДЕБАР-1.
10. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно  изграден објект, со наменaтa на  урбанистичко планска документација во сила  изградена на ПК бр.5404 КО ДЕБАР.

Денес започна асфалтирањето на патниот сегмент на таканаречениот краварски пат

Денес започна асфалтирањето на патниот сегмент на таканаречениот краварски пат кој ги поврзува двата краја на градот Дебар.

Овој проект беше финансиран од Агенцијата за финансиска подршка и рурален развој и дел од буџетот на општина Дебар.

Ние како општина секојдневно работиме посилно и посилно за да донесеме нови можности кои им бидат од корист на секој граѓанин.

СООПШТЕНИЕ

           Се соопштуваат сите граѓани и правни лица дека Општина Дебар организира јавна презентација и јавна анкета за Предлог Архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП 397 и дел од КП 396, КО Хаме Кривци, согласно Општ акт за село Хаме (Одлука бр. 08-747/8 од 30.08.2019 година), со површина од  12.316 м².

           Предлог Архитектонско- урбанистички проект ќе биде изложен во просториите на Општина Дебар. Јавната анкета ќе трае 5 работни дена, односно од 10.10.2019  до 16.10.2019 год (од 800 часот до 1600  часот). Во овој временски рок сите заинтересирани граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатени со планот имаат право да доставуваат забелешки, предлози и мислења до организаторот на јавната анкета преку пополнување и доставување на анкетни листови во писмена форма или електронска форма преку системот е-урбанизам.

Јавната професионална презентација за Предлог планот ќе се одржи на ден 14.10.2019 во 13.00 ч.,  во просториите на Општина Дебар, односно во салата на Советот на Општина Дебар, ул. “8 Септември ” бр. 72.

СООПШТЕНИЕ

           Се соопштуваат сите граѓани и правни лица дека Општина Дебар организира јавна презентација и јавна анкета за Предлог Детален урбанистички план за дел од Блок 9, КО Дебар 2- Општина Дебар, со плански период 2019- 2024 , со површина од  1,1 ха, со следните граници:

           – Северо- исток: ул. ,,Петре Поповски,,;

           – Југ: ул. ,,Здравко Чочковски,,;

           Југозапад: ул. ,,Братство Единство,, и ул. ,,22 Декември,,.

           Предлог Планот ќе биде изложен во просториите на Општина Дебар. Јавната анкета ќе трае 10 работни дена, односно од 10.10.2019  до 24.10.2019 год (од 800 часот до 1600  часот). Во овој временски рок сите заинтересирани граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатени со планот имаат право да доставуваат забелешки, предлози и мислења до организаторот на јавната анкета преку пополнување и доставување на анкетни листови во писмена форма или електронска форма преку системот е-урбанизам.

Јавната професионална презентација за Предлог планот ќе се одржи на ден 17.10.2019 во 13.00 ч.,  во просториите на Општина Дебар, односно во салата на Советот на Општина Дебар, ул. “8 Септември ” бр. 72.

Заменик министерот за внатрешни работи Нухиу во посета на Дебар

Заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу денес ја посети Општина Дебар. Целта на посетата беше да се зголеми соработката помеѓу локалната самоуправа и полицијата, исто така, во зајакнувањето на безбедноста и јавниот ред и во исто време да се отстранат сите пречки или бирократија што можат да дојдат до деловните активности во градот Дебар и со граѓаните на двете соседни земји.

3 нови технички проекти

Денес, општина Дебар прими претставници на Светската банка, кои се согласија да работат на 3 нови технички проекти за реконструкција на локалните патишта во нашиот град. Заедно за Дебар како што сите го сакаме.

Skip to content