Author: diberkomuna

СООПШТЕНИЕ – 45 седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),

На ден .20.11.2024 год. се донесе              

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 45 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

Cедницата се свикува за 25.11.2024 (ПОНЕДЕЛНИК) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.

За  седница  се предлага овој :                     

                              

Д н е в е н     р е д

1.Усвојување на 44 записник

2.Предлог Одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Дебар за 2024.

3.Предлог Одлука за проширување наа средствата во буџетот на општината Дебар за 2024 година.

4.Одлука за утврдување на предлогот за воспоставуњање на меѓуопштински соработка.

5.Предлог статутарна одлука за измена и дополнување на статутот на општина Дебар.

6.Предлог одлука за формирање на партиципативно  тело од областа на урбанизмот на општина Дебар.

7.Предлог деловник за работа на партиципатилно тело од областа на урбанизмот на општина Дебар.

8.Предлог одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основно и средно образование на подрачјето на општина Дебар

Дебар е познат по некои општествени и вредности со одлични меѓурелигиозен и меѓуетнички односи.

Дебар е познат по некои општествени и вредности со одлични меѓурелигиозен и меѓуетнички односи. Проектот на Здружението за зачувување на културните вредности во Рајчица поддржана од Општина Дебар со наслов „Семејство стожер на љубовта и општествениот развој“, денеска пред заинтересираните ги претставија, претставниците на манастирот Рајчица, сестрата Ефимија Зајковска. Манастирот Бигорски владиката Партениј, архимандритот Кирил Деловски, претставници на Муфтивството, муфтијата Решат Качалнику, имамот Орхан Зенго и клиничкиот психолог Сумеа Рамадани. Овој настан е од голем интерес бидејќи темата е многу актуелна и на овој начин ние ги подигнавме вредностите на семејството како клетаката, каментемел и институција на општеството. Панелистите на трибината со религиозни и научни аргументи ја истакнаа важноста на семејните вредности, кои во модерното време е многу нападната неговата функционалност..

СООПШТЕНИЕ – 44 седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),

 На ден .25.10.2024 год. се донесе              

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 44 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

Cедницата се свикува за 30.10.2024 (СРЕДА) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.

За  седница  се предлага овој :                     

                              

Д н е в е н     р е д

1.Усвојување на 43 записник

2.Предлог одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општината Дебар за 2024 год.

3.Предлог измени и дополнување на годишна програма за  изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на

Општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Дебар за 2024 годинa.

4.Предлог Програма за одржување на локалните патишта и улици во општина Дебар за 2024/2025 година во зимски услови. 

5.Предлог одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ООУ,,Саид Најдени ,,Дебар за учебна година 2024/2025.

6.Предлог одлука за формирање општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Дебар и именување на неговите членови.

7.Предлог одлука за финанциска подршка за ЈЗУ Општа болница со проширена дејност –Дебар.

8.Информација од инспектора за образование во Општина Дебар.

Cостанок со претставници на надлежните институции за координирање на превентивните мерки против поплави и други природни непогоди

Денеска, на 27.09.2024 година, во просториите на општина Дебар се одржа состанок со претставници на надлежните институции за координирање на превентивните мерки против поплави и други природни непогоди. На состанокот присуствуваа претставници на општина Дебар, Општинското јавно претпријатие „Стандард“ Дебар, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК), Полициската станица Дебар, Противпожарната единица Дебар и Црвениот крст.

Главна цел на средбата беше подготовка и координација на акциите за спречување на опасностите предизвикани од поплави, мразови и одрони во текот на зимската сезона. Општина Дебар ја нагласи потребата од континуиран мониторинг, редовни контроли и конкретни мерки за да се обезбеди заштита на жителите и инфраструктурата на областа.

Дискусијата се фокусираше на идентификување на областите кои се најзагрозени од поплави и лизгање на земјиштето, особено населбата Варош и селото Горно и долно Косоврасти. Беше предложено да се следат овие области и да се заложи за подобрување на инфраструктурата. Исто така, се разговараше за мерките за чистење на патиштата и канализацијата, како и за подготовка на сили за вонредни состојби за справување со неочекувани ситуации.

Состанокот заврши со посветеност на сите учесници за заеднички план за акција и континуирана координација за обезбедување на безбедноста на жителите.

Општина Дебар продолжува со реализацијата на вториот сегмент за реконструкција на патот во Ново Коњаре

Општина Дебар продолжува со реализацијата на вториот сегмент за реконструкција на патот во Ново Коњаре, со кој проект се предвидени следните главни позиции: отстранување на стариот патен материјал (калдрма), изградба на нова атмосферска мрежа, тампонирање на патиштата, поставување на ивичњаци, и асфалтирање на патот. Дополнителна работа беше и нивелирањето на шахтите во првиот сегмент.

Истите позиции се реализираат и во вториот сегмент со разлика што се состои во реконструкција на фекалната канализација која е целосно финансирана од буџетот на општина Дебар, а реализатор е НПК Стандард Дебар.

Финансирањето на техничката документација на проектот е направено од буџетот на општина Дебар, додека реализацијата на проектот е овозможена со кофинансирање кое е добиено од аплицирањето на Општина Дебар во огласот на Бирото за регионален развој каде директор беше г-дин Рамиз Реџепи и од буџетот на општина Дебар.

Им благодариме на сите кои беа и се за поддршка на овој проект и ние како општина ќе помогнеме на секој можен начин, без никакви заштеди, да се подобрат условите на овие жители.

Ги повикуваме и сите заинтересирани кои сакаат да дознаат нешто повеќе за напредокот на овој проект, општина Дебар е секогаш подготвена да обезбеди точни и официјални податоци со единствена цел да нема простор за манипулации и дезинформации на јавноста од страна на разни ненадлежни поединци.

Жителите на Коњара, како и жителите на другите населби во Дебар, заслужуваат уште повеќе, затоа општина Дебар ќе продолжи да се грижи во реализацијата на други инфраструктурни проекти, за кои ќе бидете информирани континуирано.

Известување за јавноста

Известување за јавноста

По обилните врнежи на дожд кои го зафатија градот Дебар и околните подрачја во последните денови, претставници на Општина Дебар, заедно со командантот на Пожарната единица Дебар и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), ги посетиле некои од најкритичните и загрозени точки од поплави. Ситуацијата е под контрола, но е потребно редовно чистење на каналите за дождовни води во населбата Варош “Кроја на Вакофот”, како и продолжување на чистењето на каскадите во селото Косовратс подолу, процес кој се спроведува веќе петта година по ред, со цел да се осигура правилен проток на водата и да се избегнат катастрофи.

При посетата, разгледана е и друга точка со висок ризик од свлачиња и пад на камења во планината блиску до мостот на Мелничанец, близу селото Косовратс подолу. Идентификувани се пукнатини на два големи карпи, кои можат да се урнат во секој момент, претставувајќи голема опасност за животот на луѓето и за можни природни катастрофи. Заради тоа, Општина Дебар ќе ги информира надлежните органи и ќе побара итна интервенција за да се спречат можни несреќи.

Општина Дебар внимателно ја следи ситуацијата на сите критични точки загрозени од врнежи на дожд и снег. Ги замолуваме граѓаните да ги избегнуваат непотребните движења во вакви метеоролошки услови, за да се олесни интервенцијата во овие загрозени области и да се спречат какви било катастрофи, било материјални или со последици за животот на луѓето.

Октомври – месец за подигање на свеста за ракот на дојката

Општина Дебар се приклучува на кампањата „Октомври – месец за подигање на свеста за ракот на дојката“ со сензибилизирачки марш каде што учествуваа жени и девојки од администрацијата на општината, институции кои функционираат во нашиот град како и невладини здруженија.

Месецот за подигање на свеста за ракот на дојка, кој се одбележува ширум светот секој октомври, помага да се подигне свеста и поддршката за свеста за ракот на дојка, рано откривање и лекување, како и за палијативна нега.

Предмет: Известување – ОБЈАВУВА Барање за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 99 став 1 и став 3 како и член 122 став 4 од Законот за Животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22), Градоначалникот на Општина Дебар,

ОБЈАВУВА Барање за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола

До Градоначалникот на Општина Дебар доставено е комплетно барање за добивање на Б – интегрирана еколошка дозвола со арх. бр. 10-767/1 од 20.08.2024 год.

Подносител на Барањето: ГИПС И ГИПСЕНИ ПРЕФАБРИКАТИ КНАУФ – РАДИКА АД – ДЕБАР Приоритетна дејност: 23.62 – Производство на производи од гипс за градежни цели. Локација на инсталацијата: 8 ми Септември бб, Дебар, КП.бр.843/1 КО Дебар. Контакт Лице: Омер Цами Категорија на инсталацијата: Согласно Уредбата, Прилог 2 точка 3. Индустрија на минерали (3.2) Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерална суровини доколку не се опфатени со прилог 1 од оваа Уредба Целокупната документација содржината во Барањето, потребна за оформување и доставување на мислење и ставови е достапна на заинтересираната јавност во рок од 15 дена и тоа од 01.10.2024 година до 15.10.2024 година на www.dibra.gov.mk.

B – integrirana ekoloska dozvola – Knauf Radika AD Debar

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ за дезинсекција, систематска превенција за искоренување на комарците на територијата на општина Дeбар

Почитувани,

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на CРМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016 ),, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведуваwе на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебар како општа против епидемиска мерка Друштво за производство, градежништво, инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци издава следното  соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебар дека на ден 23.09.2024 год.(понеделник), екипите на Друштво за производство, градежништво, инженеринг, трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во, период од 18.00 до 06.00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во  Општината,  крајбрегјето на  Дебарското езеро,  депонии и погранишен појас, урбаната  населба Дебар како и останатите локалитети предвидени  во планот и  програмата. Се бара пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Друштво за производство, градежништво,инженеринг,трговија и услуги ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци е: 070 520 023…

 Со почит,

СООПШТЕНИЕ – 43 седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),

На ден .20.09.2024 год. се донесе              

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 43 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

Cедницата се свикува за 26.09.2024 (ЧЕТВРТОК) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.

За  седница  се предлага овој :                     

                              

Д н е в е н     р е д

1.Усвојување на 42 записник

2.Извештај за работа и реализација на програмата за социјална заштита за 2023 година.

3.Извештај за работа и реализација на програмата за спорт за 2023 година.

4.Извештај за работа и реализација на програмата за култура за 2023 година.

5.Годишен извештај за работата на СОУ,,28Ноември,, во учебната 2023-2024 година.

6.Годишна програма за работа на СОУ,,28 Ноември,,за учебната година 2024-2025.

Skip to content