Author: diberkomuna

Уште едно инфраструктурно ветување реализирано во Горно Косоврасти.

Уште едно инфраструктурно ветување реализирано во Горно Косоврасти. Како никогаш досега, паркингот за жителите на селото стана реалност, со проектот на Oпштина Дебар кој финансиски беше покриен од буџетот на претходната влада и со учество од буџетот на Општина Дебар.

Продолжуваме со инвестиции и во други проекти во урбаниот и руралниот дел на општината.

Посебен проект со кој се предвидува чистење на каскадите

Долно Косоврасти неколку години беше загрозено од ерозивниот материјал што го предизвикува планинскиот дел секоја есен и зима кога почнаа врнежите. Општина Дебар ги превземаше сите мерки за чистење на материјалот од селските патишта кои го донесоа невремето.

Годинава е изработен посебен проект со кој се предвидува чистење на каскадите кои го спречуваат ерозивниот материјал што би ги покривало патиштата на селото како и спречување на оштетување на куќите лоцирани во овој реон.

Проектот деновиве почна да го реализира договорената фирма а со која е исполнето и ветувањето дадено пред жителите на оваа село.

СООПШТЕНИЕ – 47 седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),

На ден .25.12.2024 год. се донесе              

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 47 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

Cедницата се свикува за 30.12.2024 (ПОНЕДЕЛНИК ) со почеток во 10:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.

За  седница  47 се предлага овој :                     

                              

Д н е в е н     р е д

1.Усвојување на 46 записник.

2.Предлог Буџет на Општината Дебар за 2025 година со заклучок за донесување.

3.Предлог одлука за извршување на Буџетот на Општината Дебар за 2025 година.

4.Предлог одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на  платите на државните службеници за 2025 година во Општина Дебар.

5.Календарски Буџет на Општина Дебар за 2025 год.

6.Предлог одлука за висина на благајнички максимум за 2025 година на сметката на општина Дебар .

7.Предлог Програма за работа на Советот на Општината Дебар за 2025  година со заклучок за донесување.

8.Предлог Програма за активностите на Општина Дебар од областа на културата и нивното финансирање за 2025 година со заклучок за донесување.

9.Предлог Програма за активностите на Општина Дебар во областа на спортот во 2025 годинa со заклучок за донесување.

10.Предлог –Програма за мерките и активностите на општина Дебар на социјална заштита за 2025 год со заклучок за донесување.

11.Предлог Програма за изработка на урбанистички планови и урбанистишка докуменациа на територијата на Општина Дебар за 2025 год, со заклучок за донесување.

12.Предлог Годишен Извештај за реализација Програма за уредување на градежното земјиште на општина Дебар за 2024 година.

13.Предлог Програма за уредување на градежното земјиште на општина Дебар за 2025 година.

14.Предлог гидишен извештај За реализација на Годишната програма (Измени и дополнување) за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици на подрачјето на општина Дебар за 2024 год. 

15.Предлог програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на Општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Дебар за 2025 годинa.

16.Измена и дополнување на Статутот на ЈОУДГ БРЕШИА Дебар.

Јавен Оглас за вработување на 4(четри) работници во неопределено време

Решение За одобрување на Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба за: Водови за пренос на електрична енерrија за изградба на 10/20 Kv подземен вод од планирана Трафостаница 10(20)/0,4 Kv до столб на постоечки 10/20 Kv далновод, КО Баниште Општина Дебар

Решение За одобрување на Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба за Водови за пренос на електрична енерrија за изградба на 1020 Kv подземен вод од планирана DOWNLOAD

Урбанистички проект за инфраструктура DOWNLOAD

Соопштение – 46 седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),

На ден .18.12.2024 год. се донесе              

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 46 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

Cедницата се свикува за 23.12.2024 (ПОНЕДЕЛНИК ) со почеток во 12:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.

За  седница  се предлага овој :                     

                             

 Д н е в е н     р е д

1.Усвојување на 45 записник

2.Предлог нацрт Буџет на Општина Дебар за   2025 година, со заклучок за утврдување.

3.Предлог програма општа туристичка пропаганда и

подобрување на условите за престој на туриститево 2025 година во општина Дебар.

4.Извештај за реализациа на програмата за  за контрола на популација на бездомните кучиња на подрачјето на општина Дебар за 2024 година.

5.Предлог програма за контрола на популација на бездомните кучиња на подрачјето на општина Дебар за 2025 година.

6.Предлог програма за одржување на јавната чистота на тетитиријата на општина Дебар за 2025 година.

7.Предлог извештај за спроведената програма во област за заштита и спасување во општина Дебар за 2024 година.

8.Предлог програма за заштита и спасување во општина Дебар за 2025 година.

9.Предлог извештај за програмата за родова еднаквост за 2024 година.

10.Предлог програма за родова еднаквност за 2025 година во општина Дебар.

11.Предлог програма за активностите во област на образование на општина Дебар за 2025 година.

12.Барање за финансиска подршка.

Општина Дебар се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.

Општина Дебар се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.

Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

Кампањата е подготвена  од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:

  • Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии;
  • Поефикасно планирање и извршување на буџетот;
  • Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност;
  • Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори;
  • Поголем пристап до надворешни извори на финансирање;
  • Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.

Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.

Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.

Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.

Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации.

Вклучете се во креирање на транспарентна  општина.

Дознајте повеќе за:

Соопштение

Почитувани граѓани, претставници на невладини здруженија, спортски клубови, бизнисмени, заинтересирани како и секој обичен граѓанин, ве покануваме да учествувате на Јавната расправа за Предлог-буџетот на општина Дебар за 2025 година, која ќе се одржи на 10.12.2024 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот во Салата на Советот на општина Дебар.

Транспарентноста и учеството на граѓаните во секоја фаза на одлучување се столбовите на она што им го ветивме на граѓаните и се трудиме да го спроведеме, па затоа сте поканети да ги дадете вашите идеи.

Со почит,
Градоначалник на општината
Хекуран Дука

Соопштение

Со цел да се подобрат јавните услуги и транспарентноста, Општина Дебар воспостави формулар што им овозможува на сите заинтересирани правни и физички лица да достават барања или идеи за пополнување на буџетот на Општина Дебар за 2025 година. Заинтересираните лица можат да го пополнат образецот што  се наоѓа на линкот подолу. https://dibra.gov.mk/newmk/buxheti/

ЈАВЕН ОГЛАС за пријавување на членови на партиципативно тело на Oпштина Дебар

Врз основа на член 46 став (3) од Законот за урбанистичко планирање („Службен Весник на Република Северна Македонија“ Бр. 32/2020, 111/23, 171/2, 224/24), Градоначалникот на Општина Дебар на ден  27.11.2024  година објавува

ЈАВЕН  ОГЛАС

за пријавување на членови  на партиципативно

тело на  Oпштина  Дебар

1.Предмет на јавениот повик е:

Доброволно пријавување на лица за членови на Партиципативното тело на Општина   Дебар.

 Партиципативното тело на општина Дебар ги претставува сите различни интереси и интересни групи во општината и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граганите и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.

Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на единицата на локалната самоуправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења на советот на општината.

2. Услови за пријавување:

Пријава по овој јавен оглас можат да поднесат сите заинтересирани  лица кои се претставници од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различните сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активисти од подрачјето на општината што ги претставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планираье и другите стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на општината.

3. Документи кои треба да се поднесуваат:

– Пријава за член на партиципативно тело на Општина Дебар   (образецот е во прилог на повикот),

– Кратка автобиографија,

– Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на повикот).

-Изјава за прифакање на условите по овој повик (образецот е во прилог на  повикот)

-Релевантен писмен доказ за исполнување на условите за учество од точка 2 на огласот ( копија )

4. Рок и место на поднесување на пријави:

 Пријавите по јавниот оглас со комплетната документација можат да се поднесат на адреса: Општина Дебар, ул.8-ми Септември“ бр 72 или во ахивата на на Општина Дебар,  во рок од 30 дена од денот на објавување на јавниот  повик.

На  пријавата да се наведе : Пријава  по   јавен оглас за членови на  партиципативно тело за подрачје на Општина Дебар

5.Обврски на членовите на партиципативното тело: Партиципативното тело заседава најмалку еднаш на два месеци и има консултативна улога во постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, особено ја разгледува планската програма во фаза пред таа да му биде предложена на градоначалникот за одобрување, како и урбанистичкиот план во фаза на урбанистичко ппанско решение пред да биде дадено на стручна ревизија. Работата на партиципативното тело е јавна.

Согласно одредбите на Законот за урбанистичко планирање, на членовите на Партиципативното тело не ги следува надоместок за учеството во неговата работа.

6.Начин на работа: Начинот на работа и бројот на членови на партиципативното тело се уредуваат во  деловникот на партиципативното тело што го донесува Советот на Општина Дебар , при што бројот на граѓански членови на партиципативното тело што се пријавиле на доброволна основа не е ограничен.

Skip to content