Author: diberkomuna

Почна програмата на здржението на историчарите во Дебар подржана и финансирана од општина Дебар.

Со одбележувањето на денот на азбуката на албанскиот јазик и откривањето на споменикот 110 години незвисност, почна програмата на здржението на историчарите во Дебар подржана и финансирана од општина Дебар. На оваа средба, градоначалникот на општината, г. Хекуран Дука пред ветераните на албанското образование во Дебар, претседателот на општинскиот совет Фуат Спахиу заедно со членовите на општинскиот совет, директорите на деветгодишните општински училишта, граѓани на општината, го поздрави оваа иницијатива упатуваќи честитки до сите албанци за овој многу важен празник. Потоа беше прочитана изјава од историчарите за важноста на овој многу важен историски датум за албанците. За активностите што ќе се спроведат оваа недела во нашиот град, говореше г-ѓа Ќендреса Мула Пачуку, претседателката на здружението на дебарските историчари, повикувајќи ги сите граѓани за масовно учество и за заедничка прослава.Среќни ноемвриски празници!

Известување

Со цел да се подобрат јавните услуги и транспарентноста, Општина Дебар воспостави формулар што им овозможува на сите заинтересирани правни и физички лица да достават барања или идеи за пополнување на буџетот на Општина Дебар за 2023 година. Заинтересираните лица можат да го пополнат образецот што се наоѓа на линкот подолу.https://dibra.gov.mk/newmk/buxheti/

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна анкета и јавна презентација за Нацрт план “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар”

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна анкета и јавна презентација за Нацрт план “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар”

Бр./ Nr. 10-488/6 08.11.2022 год./viti ДЕБАР-DIBËR       Врз основа на член 50 став (3) од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/2020), Градоначалникот на Општина Дебар го донесе следното:  

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна анкета и јавна презентација за Нацрт план “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар”
 
                Се известуваат сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници на органите на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладините организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека Градоначалникот на Општина Дебар донесе Одлука бр. 10-488/4 од 08.11.2022 година за организирање на јавна анкета и јавна презентација по Нацрт план “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар” планиран развој2022-2027 година,со површина на опфат 0,93 ха и со следните граници на опфат:
Север- ул. “Зија Мерсовски”;Запад- Новопланирана ул. “1”;
Југ- ул. “Јужна обиколница” крак Р-418 (Р 1201), иИсток- ул. “5”.                  

Јавната презентација и јавната анкета по  Нацрт план “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар” ќе се спроведува со излагање на планот во просториите на Единицата на локалната самоуправа на Општина Дебар, ул. “8-ми Септември” бр. 72, во информацискиот систем е-урбанизам, веб-страната на Општина Дебар и се огласува со печатени плакати и соопштенија во и околу подрачјето на планскиот опфат.           
 Јавната анкета ќе трае 33 дена, односно од 24.11.2022 година до 26.12.2022 година. Јавната анкета истовремено се спроведува и во електронска и во хартиена форма. Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е- урбанизам и преку службената веб страна на Општина Дебар, а во писмена форма се спроведува со излагање на планот на огласна табла во просториите на Општина Дебар и со пополнување на анкетни листови.      
 Јавна презентација за Нацрт планот ќе се одржи во просториите на Општина Дебар, односно во салата на Советот на Општина Дебар, ул. “8- ми Септември” бр. 72, на ден 06.12.2022 година (вторник) во 13:00 часот.                
Учесниците во јавната анкета, во определениот рок, можат своите забелешки и предлози по Нацрт план “Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 12, Општина Дебар” да ги доставуваат до Општина Дебар во писмена форма преку анкетни листови кои можат да ги наоѓаат во архивата на Општина Дебар, преку информацискиот систем е-урбанизам, како и по електронски пат до веб адресата на Oпштина Дебар (dibra@dibra.gov.mk). Предмет на забелешките и предлозите не може да бидат плански одредби што се законска или подзаконска обврска, или плански одредби уредени со план од повисок ниво, туку само планските одредби што се предмет на уредување на конкретниот урбанистички план, односно предмет на конкретните изменувања и дополнувања на урбанистички план.   Во прилог: Мапа со граници на опфатот со имињата на улиците кои се граници на опфатот на планот.  

Денеска одблиску го увидивме почетокот на работите за реализација на проектот кој се состои во подобрување на водата за пиење во Долно Косоврасти

Денеска одблиску го увидивме почетокот на работите за реализација на проектот кој се состои во подобрување на водата за пиење во Долно Косоврасти.
Ние сме одлучини дека во нашите планови како приоритет го имаме решавањето на проблемот со водата за пиење во нашата општина. Со колосална и храбра работа успеавме во краток временски период во овој мандат да залечиме болна рана, која значително им го отежна животот на нашите граѓани. Следени проекти се за во другите населени места во општината. .#ВетеноРеализирано

Соопштение – 17-та седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),     

На ден  26.10.2022год. се донесе                       

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 17 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР    
 
Cедницата се свикува за 31.10.2022 (ПОНЕДЕЛНИК) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.                 

За  седницата  се предлага овој :                          

Д н е в е н     р е д  
 
1. Усвојување на 16 записник.
2.Предлог заклучок за усвојување на извештајот за извршување на Буџетот на Општината за 2022 година-Трет квартал.
3.Предлог одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Дебар за 2022.
4.Предлог одлука за утврдување на Нацрт план на Детален Урбанистички план за дел од Блок 12 Општина Дебар.
5.Предлог Програма за одржување на локалните патишта и улици во општина Дебар за 2022/2023 година во зимски услови.
6.Предлог Програма за контрола на популација на бездомните кучиња на подрачјето на општина Дебар за 2023 година.

Амбасадата на Јапонија во РCM неколку пати донирала во различни форми за потребите на институциите во општина Дебар

Амбасадата на Јапонија во РCM неколку пати донирала во различни форми за потребите на институциите во општина Дебар.
Последната донација, од програмата GGP на јапонската амбасада е дигитален печатач вреден близу 35.000 евра, кој е монтиран и ги опслужува потребите на кабинетот за радиологија во Општа болница Дебар. 
Неговата екселенција г.  Хиронори Савада, амбасадор на Јапонија во РСМ, денеска беше во посета на нашата општина и беше примен во кабинетот на градоначалникот со голема почит, каде на оваа средба присуствуваше и директорката на општата болница г-ѓа Севдие Коџа.
Целта на посетата беше да се промовира оваа донација и да се продолжи со понатамошната соработка со нашата општина.
На оваа средба, од наша страна беше искажана посебна благодарност до амбасадата на Јапонија – јапонскиот народ, за помошта што им ја нуди на граѓаните на нашата општина, бидејќи опремата за која станува збор има големо влијание врз олеснување на процесот на дијагностицирање на болестите воопшто, а посебно со болеста Ковид 19.
Јапонскиот амбасадор г.  Савада, покажа подготвеност за соработка и вети дека во иднина ќе има и други донации за потребите на граѓаните на Дебар исто така, амбасадорот беше презадоволен и се заблагодари за гостопримството и си замина со надеж дека повторно ќе се сретнеме во промоција на уште една следна донација

Денеска во нашиот град заедно со претставници на организаторите СОС Детско

Денеска во нашиот град заедно со претставници на организаторите СОС Детско село Скопје се одржа промоцијата на Кампањата ПОДАЈТЕ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ! во кој случај граѓаните беа повикани да си ги отворат срцата и да се стават во улога на згрижувачко семејство за деца и млади луѓе кои поради некоја причина останаа без родителска грижа. Сите семејства кои ќе се вклучат во грижата на оваа социјална категорија ќе добијат финансиска и друга поддршка. На оваа хумана и света иницијатива со голема почит се приклучија и градоначалникот на општина Дебар Хекуран Дука и градоначалникот на општината Ц.Жупа Аријан Ибрахим, за да помогнат во зајакнувањето на овој процес.

Футсал клубот „Кораби“

Футсал клубот „Кораби“ е формиран како спортски клчб пред неколку месеци во нашиот град. Денеска ја имав честа да бидам поканет од оваа екипа и да го отворам натпреварот против „Шкендија“ од Тетово. Многу интересна игра, невидени навивачи за Кораб, градската спортска сала зовре од ентузијазам. Со поддршка од сите спортски клубови, ние како општина заедно со младите и раководството на клубовите успеавме да го заживееме спортскиот живот во градот. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи без прекин за доброто на прекрасната младина на Дебар.9:9

П о к а н а

Се покануваат сите граѓани на општина Дебар дека на 25.10.2022 година во 11.00 часот во центарот на градот-плоштад Скендербег од Општина Дебар, ќе се организира кампања со претставници на селото за деца, СОС од Скопје и градоначалникот на општината, Др. Хекуран Дука со мотото,,ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ-СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ,,

Skip to content