ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР

Општината распишува Јавен повик за формирање Иницијативен одбор (ИО) согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики. Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Советот. Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади.

Времетрањето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади. Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага од службеникот/ката за млади во Општината.

Улога и задачи на Иницијативниот одбор:

• Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на ЛМС,

• Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на Општината по принципот на јавност и транспарентност,

• Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното локално собрание за млади. Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на

Советот. Задолжителни документи:

• Портфолио на организацијата/групата/здружението,

• Годишна програма за работа,

• Извештај за активности со млади во изминатата година, • Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации,

• Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.

Начин на пријавување: преку адреса на е-пошта

Е-mail: dibra@dibra.gov.mk

Рок за пријавување:15 ден од денот на објавувањето

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.