Lajme nga Komuna

Практична активност од страна на Територијалната противпожарна единица – Дебар

Денес во ООУ „Пенестија“ се одржа практична активност од страна на Територијалната противпожарна единица – Дебар, посветена на безбедноста и заштитата од пожари. Во рамките на активноста, наставниците и училишниот персонал беа запознаени со начинот на користење на опремата за гаснење пожар и со постапките што треба да се преземат во случај на вонредни ситуации.
Општина Дебар останува посветена на организирање вакви активности, кои имаат за цел да ја зголемат безбедноста во образовните институции и да придонесат кон едукацијата и подготовката на младите генерации.

Дератизацијата и дезинсекцијата во градот Дебар

Успешно ја реализиравме првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата во градот Дебар, при што беа третирани 150 шахти од канализациската мрежа. Истовремено беше спроведена и дезинсекција против комарци на целата територија на Општина Дебар, со цел заштита на јавното здравје, спречување на ширењето на болести и создавање побезбедни услови за граѓаните.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО: ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ

Се известуваат сите пчелари на територијата на Општина Дебар дека на ден 04.06.2026 година (четврток), во периодот од 18:00 до 06:00 часот, ќе се врши терестичка дезинсекција против комарци.
Дезинсекцијата ќе ја изврши компанијата TRULI NOLEN NM LLC со ULV апарат и ќе ги опфати зелените површини, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депониите и околните зони, како и населените места предвидени во планот.
Се замолуваат пчеларите да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на дезинсекцијата.
Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со соодветни услови.

Eколошката акција

Денес, преку еколошката акција организирана во нашата општина, покажавме дека со заеднички ангажман можеме да направиме позитивни промени за животната средина и нашиот град.

Искрено им благодарам на сите граѓани, волонтери, организации, бизниси и локални институции кои придонесоа за успешната реализација на оваа акција. Вашиот ангажман е доказ за одговорноста и грижата за нашата заедница.

Да продолжиме заеднички да се грижиме за чистотата на јавните површини и да градиме почиста, позелена и поздрава средина за сите.

Ви благодарам за вашиот придонес и поддршка!

Честитки за Меѓународниот ден на Ромите

По повод Меѓународниот ден на Ромите (8 Април), Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, ви го честита овој посебен ден, изразувајќи почит и благодарност за културата, традицијата и значајниот придонес на ромската заедница во животот на нашиот град.

Ромската заедница е важен дел од нашето општество, со континуиран придонес во културниот и социјалниот развој. Овој ден нè потсетува на важноста на еднаквоста, почитта и соживотот како темелни вредности за праведно и инклузивно општество.

Градоначалникот на Општина Дебар останува посветен на поддршка на интеграцијата, образованието и благосостојбата на ромската заедница, обезбедувајќи еднакви можности за сите граѓани.

Честит 8 Април – Меѓународен ден на Ромите!

8 Март, Меѓународниот ден на жената

8 Март, Меѓународниот ден на жената, градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, упати најискрени честитки до сите жени и девојки.

Овој ден е момент да се изрази благодарност и почит за важната улога што жените ја имаат во семејството и општеството, како и за нивниот постојан придонес во градењето подобра иднина.

По тој повод, градоначалникот Мела посака овој ден да биде потсетник за важноста на еднаквоста, почитта и континуираната поддршка за жените во секоја сфера од животот.

🌷 Среќен 8 Март на сите жени и девојки!

Почит и благодарност за вашиот придонес во општеството.

Официјална посета во Љубљана

🇸🇮

Денес, градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, реализираше официјална посета на Општина Љубљана, каде што беше примен на средба од градоначалникот на градот, г. Зоран Јанковиќ.

За време на средбата се разговараше за искуствата и практиките во современото управување со градовите, урбаниот развој и организацијата на комуналните услуги.

Љубљана претставува многу добар пример за одржливо управување со градот, особено во однос на чистотата на градот, урбанистичкото планирање, јавниот превоз и управувањето со јавните простори.

Во рамки на посетата, делегацијата оствари средба и со заменик-градоначалникот на Љубљана, г. Дејан Црнек, како и со раководителот на секторот за заштита на животната средина, каде се разговараше за политиките и практиките што градот Љубљана ги спроведува во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој.

Посебно задоволство беше реализацијата на оваа официјална посета и можноста за размена на искуства кои можат да бидат корисни за понатамошниот развој на Општина Дебар.

🤝 Ви благодариме за гостопримството и соработката!

Асфалтирање пат во Долно Косовраст

По исполнувањето на сите потребни технички и административни услови, започнаа работите на сите преостанати делови од проектите и наскоро ќе завршиме со асфалтирањето на сите планирани сегменти.

Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, изврши увид на терен во работите за асфалтирање на патот во село Долно Косоврасти, следејќи ја динамиката и квалитетот на реализацијата на проектот. За време на увидот, тој беше информиран од техничките екипи за текот на работите и завршните фази од асфалтирањето.

Овој проект е дел од континуираната заложба на Општина Дебар за подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за безбедно и непречено сообраќање за жителите на село Долно Косоврасти.

Општина Дебар останува посветена на реализација на инфраструктурните инвестиции со висок квалитет и во предвидените рокови, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните и рамномерен развој на сите делови од општината.

Градоначалникот г. Фисник Мела присуствуваше на ифтарот организиран од Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Градоначалникот г. Фисник Мела присуствуваше на ифтарот организиран од Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Во духот на Рамазан се разговараше за зајакнување на соработката меѓу институциите и бизнис заедницата, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Нека Рамазан донесе мир, здравје и добрина во секој дом.

Skip to content