Историски момент за градот Дебар!
Денес беше одбележан еден од најзначајните моменти за Дебар и целиот пограничен регион, со потпишувањето на договорот за имплементација на моделот One Stop Shop меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. ![]()
![]()
![]()
Договорот беше потпишан од министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, и Mинистерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт Ламалари. На состанокот присуствуваа и директорите на полициите на двете земји, како и раководителите на надлежните сектори, потврдувајќи ја подготвеноста за брза имплементација на овој договор.
Моделот One Stop Shop значи пократко време на чекање на граничниот премин, побрзи процедури, послободно движење на граѓаните и поефикасна соработка меѓу институциите на двете држави.
За Дебар, ова не е само административен договор. Ова е инвестиција во економскиот развој, туризмот, трговијата и во зајакнувањето на врските меѓу граѓаните од двете страни на границата.
Сега очекуваме во многу краток рок да започне и практичната имплементација на моделот One Stop Shop, претворајќи го овој договор во реалност што ќе ја почувствува секој граѓанин. Од ветувања преминуваме кон дела – во служба на Дебар и неговата иднина.






0 Comments