ПОЧНУВА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦАТА „ФУАД ДИБРА“ (ПОРАНЕШНА „1 МАЈ“) – НАСЕЛБА НAМАЗЈАР
По многу, многу години чекање, еден значаен проект за Населба Нaмазјар конечно станува реалност!
Општина Дебар го започна асфалтирањето на улицата „Фуад Дибра“, со должина од 700 метри, со што се реализира целосна трансформација на оваа урбана зона.
Оваа инвестиција не е само асфалтирање, тоа е сеопфатна инфраструктурна интервенција која вклучува:
Целосно асфалтирање на улицата
Атмосферска канализација
Делумна фекална канализација
Санација и уредување на шахтите
Интервенција во водоводната мрежа
Од запуштена улица со години наназад, кон модерна сообраќајница која ја зголемува безбедноста, достоинството и квалитетот на животот на жителите.
Ова е само почеток на една нова развојна фаза, каде зборовите се претвораат во дела, а долгите чекања завршуваат со конкретна работа на терен. ![]()









0 Comments