Lajme nga Komuna

Инвестиција за спортот на Дебар

Денес заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, г. Измит Нура кој беше примен од градоначалникот на Дебар Хекуран Дука.
Целта на оваа посета беше да се пренесе директно до градоначалникот на општината важна инвестиција за спортот на Дебар, каде на предлог на Агенцијата за млади и спорт на 5-та седница на Владата на РМВ одржана на 28.01.2020 година предметот беше одобрен за „Изградба на десет кошаркарски терени“ во кои ќе се гради и еден во општина Дебар. Изградбата на ова кошаркарско игралиште ќе чини 3.200.000 денари. За време на средбата се разговараше и за другите потреби за спорт во Дебар, како и можноста во иднина да се реконструираат игралиштата со посебен акцент на спортскиот полигон на градот.

СООПШТЕНИЕ

Се соопштуваат сите граѓани и правни лица дека Општина Дебар организира јавна презентација и јавна анкета за Предлог „Детален урбанистички план за Блок 2 – Дебар, Општина Дебар, со плански период 2019-2024 „.

Јавната професионална презентација за Предлог планот ќе се одржи на ден 04.02.2020 во 13:00 часот, во просториите на Општина Дебар, односно во салата на Советот на Општина Дебар.

СВЕТСКИ ГАП сертификати

Денес во општина Дебар во рамките на ИПА проектот за прекугранична соработка во партнерство со ЦБС Тирана и албанскиот фонд за развој: „Земјоделски стандарди, градење на капацитети за сертификација, прибирање средства и маркетинг стратегии за поддршка на економскиот раст и трговија“, финансирани од Европската унија, двете СВЕТСКИ ГАП сертификати два агробизниси за култивирање на лешници, беа официјално доставени до Сокол Доволани и Фисник Дика
Се надеваме дека овој проект ќе послужи како модел за други проекти во корист и поддршка на земјоделците во нашата општина.

Projekt buxheti i Komunës Dibër

Sot ne seancën e 30të që u mbajt në Sallën e Këshillit në rend dite ishte edhe Projekt buxheti i Komunës Dibër për vitin 2020, ku ishin te pranishëm përfaqësues te institucioneve lokale, qyetar dhe përfaqësues të OJQ-ve.
Bashkëbiseduam dhe dëgjuam me shumë vëmendje kërkesat dhe sugjerimet nga të pranishmit .

Info Point


Дигитална информативна точка за градот Дебар лоцирана на влезот на општината каде секој граѓанин или турист може да добие основни информации за градот. #TouchScreenMonitor

СООПШТЕНИЕ

Почитувани граѓани

Врз основа член 7 од  Деловникот за работа на Советот на Општината Дебар („Службен гласник на Општината„бр. 4/05)

     На ден    16.12.2019 год. се донесе

                                                         Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 29та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

СЕ   СВИКУВА  30та  седница   на    Советот   на Општина Дебар.

Седницата се свикува за     18.12.2019 (среда) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.

  За  седница  се предлага овој :

-усвојување на 29 записник

Д н е в е н     р е д

1. Заклучок за донесување на Програмата за работа на Советот на Општина Дебар за 2020 година

2. Нацрт буџет на Општина Дебар за 2020 година

3. Разно

По овој повод јавно ги покануваме граѓаните да учествуваат во подготовката на буџетот на нашата општина за 2020 година.

Еко-акција „Не биди ѓубре“

Еко-акција „Не биди ѓубре“ под управување на општина Дебар, присуствуваа некои од локалните и централните институции и претставници од секретаријатот за европски прашања.  Да се ​​надеваме дека следниот пат и другите институциите који не беа присутни денес (иако имаа повик за задолжително присуство), да ни се придружат со единствена цел: Заедно за Дебар, како што сите го сакаме.

СООПШТЕНИЕ

Врз основа на член 7 од Деловникот за работа на Советот на Општината Дебар (“Службен гласник на Општината” бр.4/2005)
На ден 18.10.2019 год. се донесе:

  Р Е Ш Е Н И Е

СЕ СВИКУВА 28та седница на Советот на Општината Дебар.
Седницата се свикува за 22.10.2019 год. (Вторник) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општината Дебар.     

За  седница  се предлага овој :

Дневен  ред

1.Заклучок за усвојување на Извештајот за  извршување на Буџетот на Општина Дебар за 2019 година-III Квартал.
2. Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Дебар за 2019 година.
3.Предлог програма за одржување на локалните патишта и улици во Општина Дебар за 2019/2020 година во зимски услови.
4.Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно  изграден објект, со наменaтa на  урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.10009 КО ДЕБАР-3.
5. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно  изграден објект, со наменaтa на  урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.5408 КО ДЕБАР-1.
6. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно  изграден објект, со наменaтa на  урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.10012 КО ДЕБАР-3.
7. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно  изграден објект, со наменaтa на  урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.10039 КО ДЕБАР-3.
8. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно  изграден објект, со наменaтa на  урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.10003 КО ДЕБАР-3.            
9. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно  изграден објект, со наменaтa на  урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.5403 КО ДЕБАР-1.
10. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно  изграден објект, со наменaтa на  урбанистичко планска документација во сила  изградена на ПК бр.5404 КО ДЕБАР.

Радика


Денес, во распоредот предвиден за средба со невладините организации како и со спортските и културните клубови кои делуват во Дебар, ја имав резервирано за здружението на жените “Радика” предводена од г-ѓа Фадрије Мустафовска. Темата на дискусијата беше за барањата на граѓаните во однос на екологијата, изградбата на ново училиште во долниот Косовраст, итн. Заедно изразивме посветеност за решавање на овие проблеми во најкус можен рок.

Skip to content