Author: diberkomuna

Oдлука

Според одлуката на Советот на општината од 25.06.2021 година, директорите на училиштата при регистрација на учениците во прво оделение, се должни да се придржуваат до оваа одлука со која се предвидува реонизација на училиштата на територијата на општина Дебар. Со оваа одлука всушност се прави адекватна распределба на учениците според близината на училишниот објект со кој располагаат. Се надеваме дека соработката на родителите ќе биде позитивна во реализацијата на оваа одлука.

Соопштение – 14-та седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),    
 
На ден 17.08.2022год. се донесе:                     

РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 14 та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР    

Cедницата се свикува за 22.08.2022 (ПОНЕДЕЛНИК) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.                      
За седница се предлага овој :                          

Д н е в е н    р е д
       
1.Усвојување на 13 записник.
2.Предлог Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во општина Дебар за 2023 година.
3.Предлог Одлука  за основање Совет за социјална заштита на Општина Дебар.
4.Предлог  Решение за именување на членови на Советот за социјална заштита на Општина Дебар.  

Чистење на градот

Секојдневно чистење на улиците од ѓубрето кое се фрла насекаде. Чистотата е резултат на заедничка посветеност.

Вечерва и секоја наредна вечер чистење на градот и во доцните часови со ноќни смени. За чист Дебар заедно со граѓаните.

Соопштение – 13-та седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),     

На ден   01.08.2022год. се донесе                     

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА 13 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР  

Cедницата се свикува за 05.08.2022 (ПЕТОК) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.                      

За  седница  се предлага овој :                          

Д н е в е н     р е д  


1.  Усвојување на 12 записник.
2.Предлог Одлука за дополнително задолжување на средсва добиена од Меѓународна банка за обнова и развој (Светска банка) преку Втор проект за подобрување на општинските услуги.
3.Предлог Одлука за усвојување на урбанистичка ревизија за Општина Дебар.
4.Предлог Одлука  за користење на Грант средстваза социјална вклученост и сиромашни области на општина Дебар во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП 2) финансиран со заем од Меѓународна банка за обнова и развој (Светска банка).

Турнир во мал фудбал „Дибра 2022“

Денеска започна традиционалниот турнир во мал фудбал „Дибра 2022“ во организација на општина Дебар. Благодарност до организационата екипа, екипите учесници и спонзорите кои ја подржуваат оваа спортска активност за дебарската спортољубива публика. Со среќа и нека победи најдобриот!Во пријателска атмосфера, натпреварите од првиот ден од турнирот завршија со следните резултати:

Korabi u15 – Armani brand. 3:2

Princ cafe. – Friend zone. 4:0

Kosovrasti. – Flamuri IP. 5:1

Retro pizza – Emin dent. 10:7

Продолжуваме утре вториот ден со почеток во 18.30 часот.

Турнир во мал фудбал

Поради тригодишните рестрикции како последица на пандемијата, оваа година ќе ја продолжиме традицијата на турнирот во мал фудбал „Дибра 2022“, кој е под покровителство на општина Дебар. Почетокот ќе биде во понеделник во 18:30 часот, а отворањето, во присуство на градоначалникот д-р Хекуран Дука, ќе го направат играчите на КФ Кораби-У15 со цел истите и во иднина да ја продолжат оваа традиција. Екипите учесници и распоредот на натпревари се како во табелата подолу:

Виртуелен туристички водич за општина Дебар

Виртуелен туристички водич за општина Дебар , спонзориран од самата општина. Во соработка со компанијата „Македонија од горе“ – која подготвува Виртуелни туристички водичи низ Македонија, општина Дебар спонзорираше виртуелен поглед од 360 степени и за нашата општина. Примарната цел на овој проект е да понуди виртуелна обиколка на општината на динамичната веб-страница www.macedoniafromabove.mk.

• градови

• села

• хотели

• ресторани

• музеи

• Меморијални центри и споменици

• Верски објекти – цркви, манастири, џамии…

• и други прекрасни пејсажи и локации кои би го интересирале секој турист.

Оваа апликација постојано ќе се ажурира со нови податоци.

Денес ја посетив реализацијата на проектот стекнат од основното училиште „Пенестија“

Денес ја посетив реализацијата на проектот стекнат од основното училиште „Пенестија“, кој се состои во создавање услови за пристапност на лицата со посебни потреби, што е финансирано од Европската унија. Како дел од овој проект, училиштето ќе има корист од два лифта за скали и поголем лифт во објектот за ниските одделение. Исто така, треба да се поздрави придонесот на американскиот Дебарчанин (VSH) кој донирал на ова училиште сума во износ од 55000 американски долари, посветен на реконструкција на класи, музичкиот кабинет и санитарни јазли. Сите овие инвестиции не би биле можни без ангажирање на администрацијата на ова училиште под водство на г-дин Ajet Mullarexha , кој со својата транспарентна работа успеа да создаде кредибилитет

Skip to content