Author: diberkomuna

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ за дезинсекција, систематска превенција за искоренување на комарците на територијата на општина Дeбар

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на CРМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016 ),, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведуваwе на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебар како општа против епидемиска мерка Друштво за произдвоство,  тргобија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36 лос. 3 Скопјеиздава следното  соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебар дека на ден 05.06.2025 год. 
(Четврток), екипите на Друштво за произдвоство,  тргобија и услуги  ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ  ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36 лос. 3 Скопје ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со целуништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во, период од 18.00 до 06.00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во  Општината,  крајбрегјето на  Дебарското езеро,  депонии и погранишен појас, урбаната  населба Дебар како и останатите локалитети предвидени  во планот и  програмата. Се бара пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Друштво за произдвоство,  тргобија и услуги  ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ  ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36 лос. 3 Скопје Тел: 070 520 023.

СООПШТЕНИЕ – 52 седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02, 202/24 ),

На ден .23.05.2025 год. се донесе              

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 52 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

Cедницата се свикува за 29.05.2025 (ЧЕТВРТОК) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.

За  седница  се предлага овој :

Д н е в е н     р е д

1.Усвојување на 51 записник.

2.Измена и дополнување за Финансиски план на  ЈКП„Стандард„-Дебар за 2025.

3.Предлог одлука за давање согласност на одлуката   за   утврдување   на  тарифи на комуналните услуги-Подигање и транспоерт  на смет ,услуги  донесена  од  УО  на ЈКП„Стандард„-Дебар.

4.Предлог одлука на цени за јавна чистота.

5.Предлог одлука за распределба на финансиски средства за спортски клубови  и здружение за 2025 година.

6.Предлог за член на управен одбор на  ЈОУДГ„Брешиа„ Дебар   

7.Предлог одлука за прифаќање на донација.

8.Барање за финансиска подршка.

9. Барање за финансиска подршка.

СООПШТЕНИЕ за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт план“Урбанистички план за село Рајчица со разработка на Блок 1 и Блок 2,Општина Дебар”плански период 2021- 2031

Синоќа, Дебар уште еднаш ја покажа својата историска и културна улога, претворајќи се во жариште на сеалбанскиот гордост.

Синоќа, Дебар уште еднаш ја покажа својата историска и културна улога, претворајќи се во жариште на сеалбанскиот гордост. Во родното место на Главниот Херој Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег, се одржа свечениот концерт „Од Дибра до Арберија“, со учество на најистакнати уметници од сите албански краишта, во чест на 620-годишнината од раѓањето на Скендербег.

Настанот, организиран од Општина Дебар, пречека истакнати политички, академски и културни личности: пратеници од Албанија и Северна Македонија, ректорот на Универзитетот во Тетово г. Јусуф Зејнели, амбасадорот на Република Албанија г. Денион Мејдани и многу други почесни гости.

Концертот беше отворен од проф. Бесиана Мехмеди со моќна изведба, вклучувајќи и премиерна песна посветена на Дебар и Скендербег. На сцената се појавија и познати имиња како актерот Џеват Лимани, сопраното Маријана Лека – Голем Мајстор, хорот на Универзитетот во Тетово под водство на проф. Арификмет Џемаили, како и маестро Жани Цико со свечена изведба на химната на Европа.

Со своето академско обраќање, проф. Мухамет Мала од Академијата на науки и уметности на Косово го истакна обединувачкото значење на ликот на Скендербег и неговата длабока врска со Дебар.

Општина Дебар им се заблагодарува на сите учесници, а посебно на уметничкиот директор г. Шкодран Толај, за неговата визија и целосна посветеност во реализирањето на оваа незаборавна вечер за Дебар и целиот албански народ.

Теренска посета во рамки на проектот за интегрирано управување со шумите

Денеска реализиравме теренска посета во шумското подрачје Тартар Елевце, на територијата на Општина Дебар, во рамки на проектот „Интегрирано управување со шумите во сливот на реката Дрим“, кој се имплементира од CNVP во партнерство со ICEP Austria и е финансиран од Австриската агенција за развој (ADA).

Присутни на посетата беа:

• г. Нехат Рамадани, Директор на CNVP во РСМ

• г. Матијас Хуменбергер, Заменик амбасадор на Австриската амбасада

• г. Давид Мукенхубер, Раководител на канцеларијата на ADA во Албанија

• г-ѓа Астрид Таус, Менаџерка на проект од ICEP Austria

Проектот е во завршна фаза, и како резултат на истиот, на територијата на Општина Дебар се засадени 10.000 дрвја, а доделен е и подгрант за поддршка на едно семејно пчеларство.

По посетата, од страна на Австриската амбасада и CNVP беше организиран работен ручек, на кој се разговараше за можности за понатамошна соработка, особено во областа на екологијата и планинскиот туризам.

Петтата седница на Превентивниот совет

Денес, во просториите на Општина Дебар, се одржа петтата седница на Превентивниот совет, на која се дискутираше за прашања од значење за безбедноста и благосостојбата на граѓаните.

Дневниот ред ги опфати следниве точки:

1. Дискусија за мерки за зголемување на јавната безбедност и превенција од кражби и разни закани;

2. Управување со отпадот и организирање на чистење на градот во летната сезона;

3. Превенција од пожари и контрола на отворени и затворени површини;

4. Почитување на условите за работа и работното време од страна на угостителските објекти;

5. Регулирање на сообраќајот и паркирањето на возилата во урбаните зони;

6. Други прашања од превентивен и организациски карактер.

На седницата беа усвоени конкретни цели кои ќе се реализираат во најоптимален рок, со цел унапредување на животните услови и безбедноста во нашиот град.

Општина Дебар им се заблагодарува на сите учесници за нивниот придонес и ги повикува граѓаните да бидат вклучени и да соработуваат во остварувањето на овие заеднички цели – за почиста, побезбедна и подобро организирана Дебар.

Skip to content