Author: diberkomuna

Регионалните реформи за управување со отпад

Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, учествуваа на два значајни настани одржани на 9 и 10 декември 2025 година во Скопје, во рамки на регионалните реформи за управување со отпад.

На 9 декември се одржа свечен прием посветен на јакнење на соработката меѓу државните институции, општините и меѓународните партнери, со акцент на заедничката посветеност за современ и одржлив систем за управување со отпад.

На 10 декември, општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – нов регионален механизам што овозможува поефикасна координација, долгoroчно планирање и поквалитетни услуги за граѓаните.

МОУО ќе има клучна улога во усвојувањето на регионалните планови за управување со отпад, координирањето на затворањето на постојните депонии, надгледувањето на регионалниот систем и обезбедувањето транспарентност и вклученост на јавноста.

Формирањето на МОУО го означува почетокот на новата фаза на реформата, која вклучува изработка на Регионален план 2026–2032 и финализирање на регионалните комунални структури.

Општина Дебар останува целосно посветена на унапредување на еколошките стандарди и подобрување на јавните услуги во интерес на граѓаните.

СООПШТЕНИЕ – 3-та седница

Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ„бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/2024).,)
На ден 09.12.2025 год. се донесе :        


Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА 3 ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА  СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР      

СЕ   СВИКУВА  3та вонредна седница   на    Советот на Општина Дебар. Седницата се свикува за 10.12.2025 (СРЕДА) со почеток во 10:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.

За вонредната седница  се предлага овој :        


Д н е в е н     р е д    
1.Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на Општина Дебар за 2025 година.
2.Предлог -Одлука за измена на распоредот на средсвата во буџетот на наменска дотација за 2025 година.

Онлајн форма преку која секое заинтересирано правно или физичко лице може да ги достави своите барања, предлози и сугестии

Општина Дебар презеде значајни чекори кон зголемување на транспарентноста и вклученоста на граѓаните во процесот на буџетското планирање. Во рамките на подготовките за Предлог-буџетот за 2026 година, е поставена онлајн форма преку која секое заинтересирано правно или физичко лице може да ги достави своите барања, предлози и сугестии.

Оваа форма им овозможува на граѓаните и различните субјекти директно да придонесат во утврдувањето на буџетските приоритети и развојот на проектите што влијаат врз подобрувањето на квалитетот на живот во општината.

Формата е достапна на следниот линк:

Општина Дебар останува целосно посветена на транспарентноста, отчетноста и активната вклученост на граѓаните во сите буџетски и развојни процеси, стремејќи се кон создавање поинклузивна и поефикасна средина за сите жители.

СООПШТЕНИЕ за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт план “Детален урбанистички план за Блок 11, Општина Дебар” плански период 2024- 2029

Граници на опфатот се:
југ: ул. „8-ми Септември“;
запад: ул. „8-ми Септември“ и ул. “Фуат Дибра” (старо име ул. „1-ви Мај“);
североисток: ул. “Наџи Егриу” (старо име ул „Живко Богдановски“);
исток: Кременички Дол (гранична линија на КО Дебар и КО Рајчица);   Опфатот е со површина од 18,78 ха.   Јавната презентација и јавната анкета поНацрт план“Детален урбанистички план за Блок 11, Општина Дебар” плански период 2024- 2029 ќе се спроведува со излагање на планотво просториите на Единицата на локалната самоуправана Општина Дебар, ул.“8-ми Септември” бр. 72, во информацискиот систем е-урбанизам,веб-страната наОпштина Дебар (www.dibra.gov.mk) и се огласува со печатени плакати и соопштенија во и околу подрачјето напланскиот опфат.   Јавната анкета ќе трае32дена, односно од03.10.2025 година до03.11.2025 година.Јавната анкета истовремено се спроведува и во електронска и во хартиена форма.Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е- урбанизами преку службената веб страна на Општина Дебар (www.dibra.gov.mk), а во писмена форма сеспроведува со излагање на планот на огласна табла во просториите на Општина Дебар и со пополнување на анкетни листови.   Јавнапрезентација за Нацртпланот ќе сеодржи во просториитена ОпштинаДебар,односново салатанаСоветотнаОпштинаДебар,ул.“8- миСептември” бр. 72,на ден 15.10.2025 година(среда) во 13:00часот.   Во определениот рок, учесниците во јавната анкетаможат своите забелешки и предлози поНацрт планот да ги доставуваат доОпштина Дебар во писмена форма преку анкетнилистови кои можат да ги наоѓаат во архивата на Општина Дебар и во веб-страната наОпштина Дебар (www.dibra.gov.mk),преку информацискиот систем е-урбанизам, како и по електронски пат до вебадресата на Oпштина Дебар(dibra@dibra.gov.mk).    
Во прилог: Мапа со границина опфатот на планот.

СООПШТЕНИЕ – 55 седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа („СлужбенвесникнаРепубликаСевернаМакедонија“ бр.5/02),

На ден 20.08.2025 год. се донесе:  

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 55та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НАОПШТИНА ДЕБАР  

Cедницата се свикува за 26.08.2025 (ВТОРНИК) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.

За седница  се предлага овој :  

Д н е в е н     р е д

1.Усвојување на54 записник
2.Предлог одлука за утврдување на нацрт Детален урбанистички план за Блок 11, Општина Дебар,плански период 2024-2029 година.
3. Годишен извештај за работата наООУ ,,Ристе Ристески,,во учебната 2024-2025 година
4. Годишен извештај за работата наООУ ,,Ристе Ристески,,во учебната 2025-2026 година
5.Годишен извештај за работата наООУ ,,Саид Најдени,,во учебната 2024-2025 година
6.Годишна Програма за ООУ ,,Саид Најдени,, за учебната 2025-2026 година.
7.Годишен извештај за работата наООУ ,,Пенестиа,, во учебната 2024-2025 година.
8.Годишна програма за работа на училиштето ООУ ,,Пенестиа,,за учебната година 2025-2026 9.Годишен извештај за работата наJOУДГ ,,Брешиа,,во учебната 2024-2025 година
10.Годишна Програма за ЈОУДГ,,Брешиа,, за учебната 2025-2026 година.
11.Предлог одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ООУ,,Ристе Ристевски,,Дебар за учебна година 2025/2026
12. Предлог одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ООУ,,Пенестиа,,Дебар за учебна година 2025/2026
13. Предлог одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во ООУ,,Саид Најдени ,,Дебар за учебна година 2025/2026

Соопштение за граѓаните и пчеларите – Општина Дебар

📢 СООПШТЕНИЕ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), и врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување на систематска дезинсекција како превентивна епидемиолошка мерка, Ве информираме:

📅 На 23.07.2025 (среда), екипите на Друштво за производство, трговија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ ќе спроведат дезинсекција од земја, со цел уништување на комарците.

🕕 Запрашувањето ќе се врши од 18:00 до 06:00 часот со УЛВ апарати за ладно запрашување.

📍 Опфатени ќе бидат: зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депонии, урбаното населено место Дебар и сите предвидени локации согласно планот и програмата.

⚠️ Се апелира до пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

🌬 Во случај на неповолни временски услови (како силен ветер), дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден.

📞 За повеќе информации:

ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36, лок. 3, Скопје

Тел: 075 775 769

СООПШТЕНИЕ – 54 седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),

На ден .17.07.2025 год. се донесе              

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 54 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

Cедницата се свикува за 22.07.2025 (ВТОРНИК ) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.

За  седница  се предлага овој :                     

                        

      Д н е в е н     р е д

1.Усвојување на 53 записник

2.Предлог измена и дополнување на буџетот на Општина Дебар за 2025 год.

3.Предлог програма за измена и дополнување на програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистички документација на територијата на општина Дебар за 2025 година.

4.Предлог одлука за давање согласност за давање на трајно користење на моторно возило без надомест.

СООПШТЕНИЕ – 53 седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),

На ден .25.06.2025 год. се донесе              

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 53 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

Cедницата се свикува за 30.06.2025 (ПОНЕДЕЛНИК ) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.

За  седница  се предлага овој :                     

                              Д н е в е н     р е д

1.Усвојување на 52 записник.

2.Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во СОУ „28 НОЕМБРИ „-Дебар за 2026 година.

3.Барање за финансиска подршка.

4.Разно

Известување до граѓаните и пчеларите на Општина Дебар


Известување до граѓаните и пчеларите на Општина Дебар
Ве известуваме дека, поради поројните дождови што го зафатија нашиот град во четвртокот, на 5 јуни 2025 година, бевме принудени да го одложиме процесот на дезинсекција. Истата ќе се спроведе во вторник, на 10 јуни 2025 година, со почеток во 20:00 часот.
Ви благодариме за разбирањето и соработката!
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Друштво за произдвоство, тргобија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36 лос. 3 Скопје Тел: 075 775 769.

Skip to content