Author: diberkomuna

ПОЧНУВА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦАТА „ФУАД ДИБРА“ (ПОРАНЕШНА „1 МАЈ“) – НАСЕЛБА НAМАЗЈАР

По многу, многу години чекање, еден значаен проект за Населба Нaмазјар конечно станува реалност!

🟢Општина Дебар го започна асфалтирањето на улицата „Фуад Дибра“, со должина од 700 метри, со што се реализира целосна трансформација на оваа урбана зона.

Оваа инвестиција не е само асфалтирање, тоа е сеопфатна инфраструктурна интервенција која вклучува:

✔️ Целосно асфалтирање на улицата

✔️ Атмосферска канализација

✔️ Делумна фекална канализација

✔️ Санација и уредување на шахтите

✔️ Интервенција во водоводната мрежа

Од запуштена улица со години наназад, кон модерна сообраќајница која ја зголемува безбедноста, достоинството и квалитетот на животот на жителите.

Ова е само почеток на една нова развојна фаза, каде зборовите се претвораат во дела, а долгите чекања завршуваат со конкретна работа на терен. 🚧

Историски момент за градот Дебар!

Денес беше одбележан еден од најзначајните моменти за Дебар и целиот пограничен регион, со потпишувањето на договорот за имплементација на моделот One Stop Shop меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија. 🇲🇰🤝🇦🇱

Договорот беше потпишан од министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, и Mинистерот за внатрешни работи на Република Албанија, Бесфорт Ламалари. На состанокот присуствуваа и директорите на полициите на двете земји, како и раководителите на надлежните сектори, потврдувајќи ја подготвеноста за брза имплементација на овој договор.

Моделот One Stop Shop значи пократко време на чекање на граничниот премин, побрзи процедури, послободно движење на граѓаните и поефикасна соработка меѓу институциите на двете држави.

За Дебар, ова не е само административен договор. Ова е инвестиција во економскиот развој, туризмот, трговијата и во зајакнувањето на врските меѓу граѓаните од двете страни на границата.

Сега очекуваме во многу краток рок да започне и практичната имплементација на моделот One Stop Shop, претворајќи го овој договор во реалност што ќе ја почувствува секој граѓанин. Од ветувања преминуваме кон дела – во служба на Дебар и неговата иднина.

Координативни средби за проектот ReWaste во Дебар

Минатата недела, претставници на Центарот за разбирање и институционална соработка – QMBI и Општина Дебар одржаа координативни средби во рамки на проектот ReWaste.

Средбите се одржаа со Градоначалникот на Општина Дебар, а потоа продолжија со директорите на три јавни училишта во Дебар.

Целта на средбите беше координација на претстојните проектни активности, зајакнување на соработката со локалните образовни институции и вклучување на заедницата во иницијативи поврзани со управување со отпад, заштита на животната средина и подигнување на јавната свест.

Проектот ReWaste се спроведува во рамки на Програмата Interreg VI-A IPA „Грција – Северна Македонија 2021–2027“ и е кофинансиран од Европската Унија.

Започна реализацијата на проектот за изградба на јавни паркинзи во Дебар

Општина Дебар започна со реализација на еден од значајните инфраструктурни проекти за градот, изградба на јавни паркинзи, со цел подобрување на сообраќајниот режим, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за граѓаните и посетителите.

Основниот проект за паркинзи во град Дебар (Книга 1 – Паркинг 2 и Паркинг 3) претставува инвестиција со вкупна вредност од 16.215.470 денари, финансирана од Општина Дебар. Изведувач на работите е АРХ Конструкцион ДООЕЛ – Тетово, додека стручниот надзор го врши МГ Проект ДООЕЛ – Скопје.

Овој проект е резултат на посветеноста на локалните институции и одличната соработка со централната власт, што претставува уште една потврда за заедничката заложба за развојот на Дебар. Во таа насока, значајна е и поддршката од претставниците на коалицијата ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, кои континуирано ги поддржуваат проектите насочени кон локален развој и унапредување на општинската инфраструктура.

Општина Дебар останува посветена на реализација на конкретни проекти кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и придонесуваат за создавање на помодерен, пофункционален и подобро организиран град за сите

Акција за јавни површини

Благодарение на одличната соработка помеѓу Општина Дебар и граѓаните, ослободени се јавни површини кои беа зафатени со бесправно изградени објекти.

Ова е добар пример за дијалог, меѓусебно разбирање и граѓанска одговорност. На овие простори ќе се реализираат важни проекти за заедницата, како што се јавни паркинзи, тротоари, јавно осветлување и зелени површини.

Заедно градиме поуреден, пофункционален и поубав Дебар за сите.

Практична активност од страна на Територијалната противпожарна единица – Дебар

Денес во ООУ „Пенестија“ се одржа практична активност од страна на Територијалната противпожарна единица – Дебар, посветена на безбедноста и заштитата од пожари. Во рамките на активноста, наставниците и училишниот персонал беа запознаени со начинот на користење на опремата за гаснење пожар и со постапките што треба да се преземат во случај на вонредни ситуации.
Општина Дебар останува посветена на организирање вакви активности, кои имаат за цел да ја зголемат безбедноста во образовните институции и да придонесат кон едукацијата и подготовката на младите генерации.

Дератизацијата и дезинсекцијата во градот Дебар

Успешно ја реализиравме првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата во градот Дебар, при што беа третирани 150 шахти од канализациската мрежа. Истовремено беше спроведена и дезинсекција против комарци на целата територија на Општина Дебар, со цел заштита на јавното здравје, спречување на ширењето на болести и создавање побезбедни услови за граѓаните.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО: ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ

Се известуваат сите пчелари на територијата на Општина Дебар дека на ден 04.06.2026 година (четврток), во периодот од 18:00 до 06:00 часот, ќе се врши терестичка дезинсекција против комарци.
Дезинсекцијата ќе ја изврши компанијата TRULI NOLEN NM LLC со ULV апарат и ќе ги опфати зелените површини, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депониите и околните зони, како и населените места предвидени во планот.
Се замолуваат пчеларите да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на дезинсекцијата.
Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со соодветни услови.

Eколошката акција

Денес, преку еколошката акција организирана во нашата општина, покажавме дека со заеднички ангажман можеме да направиме позитивни промени за животната средина и нашиот град.

Искрено им благодарам на сите граѓани, волонтери, организации, бизниси и локални институции кои придонесоа за успешната реализација на оваа акција. Вашиот ангажман е доказ за одговорноста и грижата за нашата заедница.

Да продолжиме заеднички да се грижиме за чистотата на јавните површини и да градиме почиста, позелена и поздрава средина за сите.

Ви благодарам за вашиот придонес и поддршка!

Skip to content