Lajme nga Komuna

Општина Дебар денеска имаше чест да пречека група амбасадори акредитирани во Република Северна Македонија

Општина Дебар денеска имаше чест да пречека група амбасадори акредитирани во Република Северна Македонија, предводени од неговата екселенција, Денион Мејдани, амбасадор на Република Албанија.
Делегацискиот состав го сочинуваа:

  • Неговата екселенција, Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Кралството Шпанија.
    • Неговата екселенција, Паоло Палминтери, амбасадор на Италија
    • Неговата екселенција, Јарослав Лудва, амбасадор на Чешката Република
    • Неговата екселенција, Андраш Клајн, амбасадор на Унгарија
    Ова беше средба на високо ниво, која беше од особен интерес за нашата општина. За нас оваа посета е историски момент, бидејќи претходно немаше ваква дипломатска делегација во Дебар.
    На официјалниот прием од општината присуствуваа: пратеникот од изборната единица бр. 5, г. Муса Џафери, претседателот на Советот на општината, г. Фуат Спахиу, секретар на општината, г. Или Мирзо, г-ѓа Аделина Рамадани од Одделението за човечки ресурси во општината.
    На средбата се разговараше за можностите за инвестирање што ги нуди општина Дебар основани на нејзините ресурси и инфраструктурни проекти кои се реализирани во различни области на нашата општина. Амбасадорите изразија подготвеност да допринесуваат во реализацијата на инфраструктурните проекти.
    Друг аспект што беше позитивно примен од амбасадорите беше убавината на Дебар и развоен потенцијал кој го поседува. Тие изразија желба на идните средбите да се разговара за конкретни чекори за соработка.
    По средбата, посетата продолжи со пешачка обиколка на центарот на градот, каде делегацијата имаше можност да ги посети Градскиот музеј и џамијата Хинќар, која е изградена во 1467 година.

Патронатот на општинското училиштето „Ристе Ристевски“

Патронатот на општинското училиштето „Ристе Ристевски“ во селото Долно Косовраст беше посебна прослава со уметничка програма на учениците од ова училиште но и од деветгодишните училишта од селата Могорче и Горно Косоврасти.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР

Врз основа на член 36 и 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02), Член 16, 17, 18 од Законот за младинско учество и младински политики (Службен весник на РСМ бр. 10/2020) и член 56 од Статутот на Општина Дебар се објавува:
   
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР  

 Општината распишува Јавен повик за формирање Иницијативен одбор (ИО) согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики. Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Советот. Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади. Времетрањето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади. Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага од службеникот/ката за млади во Општината. Улога и задачи на Иницијативниот одбор:
• Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на ЛМС,
• Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на Општината по принципот на јавност и транспарентност,
• Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното локално собрание за млади. Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на Советот.  Задолжителни документи:  
• Портфолио на организацијата/групата/здружението,
• Годишна програма за работа,
• Извештај за активности со млади во изминатата година,
• Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации,
• Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.    

Начин на пријавување: преку адреса на е-пошта Е-mail: dibra@dibra.gov.mk
Рок за пријавување:20 ден од денот на објавувањето

2024-Извештај

2024 година помина со многу предизвици со кои успешно се соочивме заедно со администрацијата и советот на општината како и во тесна соработка со граѓаните, институциите на централната власт, инвеститорите, месните заедници, невладините здруженија, културните друштва и спортските клубови.

Оваа година како никогаш досега се одликуваше со капитални инвестиции во патна инфраструктура, атмосферска и фекална канализација, животна средина, социјални активности, училишта, социјална заштита, заштита и спасување, сообраќај, администрација…

Чекориме сигурно во 2025 година, подготвени за нови инвестиции од витално значење за Општина Дебар со администрација во која доминира новата генерација, професионално подготвена со современи сфаќања, за да биде во целосна ефикасност во служба на граѓаните. Успех во реализацијата на буџетот за 2024 година од 98%, примерен пораст на капиталните приходи како и наплата на даноци во висина од 200%, се некои статистички параметри кои ги оживуваат надежите за безбеден и перспективен Дебар каде секој од нас може да ги реализира сопствените можности и способности.

Ви благодариме на сите вас кои верувавте дека еден ден ќе се исполнат сите ветувања и останавте непоколебливи на ова патување во име на Бога, семејството и вербата дека Дебар ќе го бидува само со напорна работа од нас дебарчаните без обзир на различностите што ги имаме. Општина Дебар и понатаму стои со висок индекс на транспарентност кон граѓаните, отворена е за сите за соработка со цел да се врати кредибилитетот и заедно да патуваме кон следните успеси.

Честитки и со здрвје нова 2025 година со многу работа и радост!

П.С

Подолу се објавени фотографии кои го одразуваат годишниот извештај за работа на општината пред општинската администрација и пред пишаните и електронските медиуми.

Празнична атмосфера во центарот на градот плоштадот “Скендербеј”

Општина Дебар во соработка со Здружението „Рајчица“ организираа празнична атмосфера во центарот на градот плоштадот “Скендербеј” по повод новогодишните празници. Оваа активност беше голема атракција посебно за младите и децата кои покажаа посебен интерес за оваа активност.

Честитки и среќни празници!

Уште едно инфраструктурно ветување реализирано во Горно Косоврасти.

Уште едно инфраструктурно ветување реализирано во Горно Косоврасти. Како никогаш досега, паркингот за жителите на селото стана реалност, со проектот на Oпштина Дебар кој финансиски беше покриен од буџетот на претходната влада и со учество од буџетот на Општина Дебар.

Продолжуваме со инвестиции и во други проекти во урбаниот и руралниот дел на општината.

Посебен проект со кој се предвидува чистење на каскадите

Долно Косоврасти неколку години беше загрозено од ерозивниот материјал што го предизвикува планинскиот дел секоја есен и зима кога почнаа врнежите. Општина Дебар ги превземаше сите мерки за чистење на материјалот од селските патишта кои го донесоа невремето.

Годинава е изработен посебен проект со кој се предвидува чистење на каскадите кои го спречуваат ерозивниот материјал што би ги покривало патиштата на селото како и спречување на оштетување на куќите лоцирани во овој реон.

Проектот деновиве почна да го реализира договорената фирма а со која е исполнето и ветувањето дадено пред жителите на оваа село.

Решение За одобрување на Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба за: Водови за пренос на електрична енерrија за изградба на 10/20 Kv подземен вод од планирана Трафостаница 10(20)/0,4 Kv до столб на постоечки 10/20 Kv далновод, КО Баниште Општина Дебар

Решение За одобрување на Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба за Водови за пренос на електрична енерrија за изградба на 1020 Kv подземен вод од планирана DOWNLOAD

Урбанистички проект за инфраструктура DOWNLOAD

Општина Дебар се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.

Општина Дебар се приклучува на кампањата „Општина на дланка“.

Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници.

Кампањата е подготвена  од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина активно соработува со овој проект со цел:

  • Подобрување на управувањето со општинските јавни финансии;
  • Поефикасно планирање и извршување на буџетот;
  • Зголемување на фискалната транспарентност и отчетност;
  • Унапредување на прибирањето приходи од сопствени извори;
  • Поголем пристап до надворешни извори на финансирање;
  • Создавање услови за вклучување на приватниот сектор.

Целта на кампањата „Општина на дланка“ е да ги информира граѓаните и бизнисите за нивните права и обврски, како и да им обезбеди полесен пристап до општинските услуги.

Во рамките на кампањата, редовно ќе ги ажурираме нашите комуникациски канали со нови информации во надлежност на општината кои ќе ги поттикнат граѓаните да учествуваат во процесите на одлучување и да бидат активно информирани за функционирањето на општината.

Ги покануваме сите граѓани и заинтересирани страни да се приклучат на оваа иницијатива и да ја поддржат кампањата, која ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа.

Посетете ја веб-страницата на општината, пребарајте и добијте ги потребните информации.

Вклучете се во креирање на транспарентна  општина.

Дознајте повеќе за:

Соопштение

Почитувани граѓани, претставници на невладини здруженија, спортски клубови, бизнисмени, заинтересирани како и секој обичен граѓанин, ве покануваме да учествувате на Јавната расправа за Предлог-буџетот на општина Дебар за 2025 година, која ќе се одржи на 10.12.2024 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот во Салата на Советот на општина Дебар.

Транспарентноста и учеството на граѓаните во секоја фаза на одлучување се столбовите на она што им го ветивме на граѓаните и се трудиме да го спроведеме, па затоа сте поканети да ги дадете вашите идеи.

Со почит,
Градоначалник на општината
Хекуран Дука

Skip to content