Lajme nga Komuna

Онлајн форма преку која секое заинтересирано правно или физичко лице може да ги достави своите барања, предлози и сугестии

Општина Дебар презеде значајни чекори кон зголемување на транспарентноста и вклученоста на граѓаните во процесот на буџетското планирање. Во рамките на подготовките за Предлог-буџетот за 2026 година, е поставена онлајн форма преку која секое заинтересирано правно или физичко лице може да ги достави своите барања, предлози и сугестии.

Оваа форма им овозможува на граѓаните и различните субјекти директно да придонесат во утврдувањето на буџетските приоритети и развојот на проектите што влијаат врз подобрувањето на квалитетот на живот во општината.

Формата е достапна на следниот линк:

Општина Дебар останува целосно посветена на транспарентноста, отчетноста и активната вклученост на граѓаните во сите буџетски и развојни процеси, стремејќи се кон создавање поинклузивна и поефикасна средина за сите жители.

Соопштение за граѓаните и пчеларите – Општина Дебар

📢 СООПШТЕНИЕ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), и врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување на систематска дезинсекција како превентивна епидемиолошка мерка, Ве информираме:

📅 На 23.07.2025 (среда), екипите на Друштво за производство, трговија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ ќе спроведат дезинсекција од земја, со цел уништување на комарците.

🕕 Запрашувањето ќе се врши од 18:00 до 06:00 часот со УЛВ апарати за ладно запрашување.

📍 Опфатени ќе бидат: зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депонии, урбаното населено место Дебар и сите предвидени локации согласно планот и програмата.

⚠️ Се апелира до пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

🌬 Во случај на неповолни временски услови (како силен ветер), дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден.

📞 За повеќе информации:

ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36, лок. 3, Скопје

Тел: 075 775 769

Известување до граѓаните и пчеларите на Општина Дебар


Известување до граѓаните и пчеларите на Општина Дебар
Ве известуваме дека, поради поројните дождови што го зафатија нашиот град во четвртокот, на 5 јуни 2025 година, бевме принудени да го одложиме процесот на дезинсекција. Истата ќе се спроведе во вторник, на 10 јуни 2025 година, со почеток во 20:00 часот.
Ви благодариме за разбирањето и соработката!
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Друштво за произдвоство, тргобија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36 лос. 3 Скопје Тел: 075 775 769.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ за дезинсекција, систематска превенција за искоренување на комарците на територијата на општина Дeбар

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на CРМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016 ),, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведуваwе на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебар како општа против епидемиска мерка Друштво за произдвоство,  тргобија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36 лос. 3 Скопјеиздава следното  соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебар дека на ден 05.06.2025 год. 
(Четврток), екипите на Друштво за произдвоство,  тргобија и услуги  ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ  ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36 лос. 3 Скопје ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со целуништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во, период од 18.00 до 06.00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во  Општината,  крајбрегјето на  Дебарското езеро,  депонии и погранишен појас, урбаната  населба Дебар како и останатите локалитети предвидени  во планот и  програмата. Се бара пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Друштво за произдвоство,  тргобија и услуги  ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ  ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36 лос. 3 Скопје Тел: 070 520 023.

Синоќа, Дебар уште еднаш ја покажа својата историска и културна улога, претворајќи се во жариште на сеалбанскиот гордост.

Синоќа, Дебар уште еднаш ја покажа својата историска и културна улога, претворајќи се во жариште на сеалбанскиот гордост. Во родното место на Главниот Херој Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег, се одржа свечениот концерт „Од Дибра до Арберија“, со учество на најистакнати уметници од сите албански краишта, во чест на 620-годишнината од раѓањето на Скендербег.

Настанот, организиран од Општина Дебар, пречека истакнати политички, академски и културни личности: пратеници од Албанија и Северна Македонија, ректорот на Универзитетот во Тетово г. Јусуф Зејнели, амбасадорот на Република Албанија г. Денион Мејдани и многу други почесни гости.

Концертот беше отворен од проф. Бесиана Мехмеди со моќна изведба, вклучувајќи и премиерна песна посветена на Дебар и Скендербег. На сцената се појавија и познати имиња како актерот Џеват Лимани, сопраното Маријана Лека – Голем Мајстор, хорот на Универзитетот во Тетово под водство на проф. Арификмет Џемаили, како и маестро Жани Цико со свечена изведба на химната на Европа.

Со своето академско обраќање, проф. Мухамет Мала од Академијата на науки и уметности на Косово го истакна обединувачкото значење на ликот на Скендербег и неговата длабока врска со Дебар.

Општина Дебар им се заблагодарува на сите учесници, а посебно на уметничкиот директор г. Шкодран Толај, за неговата визија и целосна посветеност во реализирањето на оваа незаборавна вечер за Дебар и целиот албански народ.

Теренска посета во рамки на проектот за интегрирано управување со шумите

Денеска реализиравме теренска посета во шумското подрачје Тартар Елевце, на територијата на Општина Дебар, во рамки на проектот „Интегрирано управување со шумите во сливот на реката Дрим“, кој се имплементира од CNVP во партнерство со ICEP Austria и е финансиран од Австриската агенција за развој (ADA).

Присутни на посетата беа:

• г. Нехат Рамадани, Директор на CNVP во РСМ

• г. Матијас Хуменбергер, Заменик амбасадор на Австриската амбасада

• г. Давид Мукенхубер, Раководител на канцеларијата на ADA во Албанија

• г-ѓа Астрид Таус, Менаџерка на проект од ICEP Austria

Проектот е во завршна фаза, и како резултат на истиот, на територијата на Општина Дебар се засадени 10.000 дрвја, а доделен е и подгрант за поддршка на едно семејно пчеларство.

По посетата, од страна на Австриската амбасада и CNVP беше организиран работен ручек, на кој се разговараше за можности за понатамошна соработка, особено во областа на екологијата и планинскиот туризам.

Петтата седница на Превентивниот совет

Денес, во просториите на Општина Дебар, се одржа петтата седница на Превентивниот совет, на која се дискутираше за прашања од значење за безбедноста и благосостојбата на граѓаните.

Дневниот ред ги опфати следниве точки:

1. Дискусија за мерки за зголемување на јавната безбедност и превенција од кражби и разни закани;

2. Управување со отпадот и организирање на чистење на градот во летната сезона;

3. Превенција од пожари и контрола на отворени и затворени површини;

4. Почитување на условите за работа и работното време од страна на угостителските објекти;

5. Регулирање на сообраќајот и паркирањето на возилата во урбаните зони;

6. Други прашања од превентивен и организациски карактер.

На седницата беа усвоени конкретни цели кои ќе се реализираат во најоптимален рок, со цел унапредување на животните услови и безбедноста во нашиот град.

Општина Дебар им се заблагодарува на сите учесници за нивниот придонес и ги повикува граѓаните да бидат вклучени и да соработуваат во остварувањето на овие заеднички цели – за почиста, побезбедна и подобро организирана Дебар.

Јавен повик за Локално собрание за млади

Врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики ( „Службен весник на РСМ“  број 10/2020 ) и  член 56 од Статутот на Општина Дебар  (“Службен Гласник на Општина Дебар” бр. 27/23,38/24,45/24), иницијативниот одбор распишува:

Јавен повик за Локално собрание за млади

Иницијативниот одбор за формирање Локален младински совет при Општина Дебар распишува јавен повик за членство во Локалното собрание за млади.

Повикот е отворен за сите младиснки организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:

  • Да имаат активности на територијата на Општина Дебар;
  • Да се основани и активни најмалку една година пред отварањето на овој повик;
  • Делегатот/ ката и заменик – делегатот/ ката да се жители на Општина Дебар и да се на возраст од 15 до 29 години.

Членовите на Локалното Собрание на млади имаат задача:

  • Да работат на спроведување на активностите на Собранието;
  • Да учествуваат во подготовка на документи и
  • Да изберат членови на Локалнииот Младински совет (ЛМС).

Иницијативниот одбор ја спроведува постапката за избор на членови на Локалната Собрание на млади на Општина Дебар, а работата на истото се координира и помага од страна на Службеникот за млади во Општина Дебар.

Додека пак, конкретните цели, задачи и начин на работа на членовите на Локалната Собрание на млади се опишани и објаснети ва Прирачникот за Локални Младински совети, донесен од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Задолжителни документи:

  1. Портфолио за работата на организацијата;
  2. Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади, но не повеќе од 1 страница;
  3. Годишен извештај за работата од претходната година со кој се поврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Дебар;
  4. Номинација на делегат/ ка и заменик – делегат/ ка со контакт – детали за претставниците

Рокот за пријавување е од 22.04.2025 до 02.05.2025 година.

Пријавување: Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи на е- маил: dibra@dibra.gov.mk  и да ги поднеат во архивата на Општина Дебарул. „8-Ми Септември“ бр. 72, 1250 Дебар, со назнака: Апликација за членство во Собранието на Советот на млади.

Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање на Локално собрание за млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Дебар.

Чистење на водните бразди

Општина Дебар, секогаш во тесна соработка со претставниците на селата, постојано е посветена да им помогне на жителите во исполнувањето на нивните барања и потреби. На средбите одржани на 1 април беше истакната неопходноста од чистење на водните бразди кои служат за наводнување на земјоделските полиња во селата. Во таа насока се обврзавме да ги обезбедиме потребните ресурси и денес работата започна. Ги повикуваме раководителите на месните заедници да се појават во општината, со цел оваа активност да се води што е можно подобро и во заеднички интерес на заедницата.

8 април-Меѓународниот ден на Ромите

По повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 април, одржав средба со членовите на Здружението „Хена/Месечина“ како и со неговиот претседател г-дин Илми Куртиши. Ја искористив оваа прилика да ги пренесам моите најтопли честитки за овој посебен ден, упатени до целата ромска заедница во нашата општина и пошироко.

Општина Дебар, во соработка со локални и меѓународни невладини организации (како Ромактед), како и со поддршка на централната власт, реализираше голем број значајни проекти од областа на образованието, предучилишното образование и инфраструктурата. Овие иницијативи дадоа значаен придонес за подобрување на благосостојбата на ромската заедница во нашиот град.

Среќни празници на сите Роми – со желба заедно да ја градиме иднината, на темелите на еднаквоста, почитувањето и соживотот!

Skip to content