Author: diberkomuna

5-тата седница на Советот на Општина Дебар

Денес се одржа 5-тата седница на Советот на Општина Дебар, на која со одговорност беа разгледани и дискутирани програмите на Општина Дебар, како и сите барања поднесени од советниците и граѓаните, што ја одразува институционалната заложба за транспарентност и активно вклучување на заедницата во процесите на одлучување.

Во рамки на дневниот ред, една од најзначајните точки беше Предлог-буџетот на Општина Дебар за 2026 година, кој по конструктивни дискусии беше усвоен со 14 гласа „за“.

📊 Буџетот на Општина Дебар за 2026 година, планиран од приходите, изнесува 524.098.326 денари и има развоен карактер, со посебен фокус на унапредување на комуналната инфраструктура и јавните услуги.

Во рамки на овој буџет се планира реализација на следните капитални и стратешки проекти, кои претставуваат дел од вкупните проекти предвидени со Буџетот на Општина Дебар за 2026 година:

🔹 Почеток на постапка за изработка на Генерален урбанистички план (ГУП) со територијално проширување

🔹 Изградба на локален пат во село Долно Косовраст – Секција 1 (втора фаза)

🔹 Реконструкција на улиците Сабри Карамети и Петрит Бомова (АПЈ) – втора фаза

🔹 Реконструкција на улицата „1 Мај“

🔹 Изградба на делници од улици и фекална канализација во населбата Венец

🔹 Изградба на дел од новопланирана улица согласно ДУП за БУ 12 и БУ 13 (Венец 2)

🔹 Реконструкција на дел од ул. Џафер Кодра и дел од ул. Наим Фрашери во населбата Венец 2

🔹 Реконструкција на ул. Исмаил Кадаре

🔹 Рехабилитација на ул. Џафер Кодра

🔹 Рехабилитација на ул. Али Пустина

🔹 Рехабилитација на ул. Наим Фрашери

🔹 Рехабилитација на ул. Нормалја е Елбасанит

🔹 Реконструкција на ул. Наџи Егриу

🔹 Изградба на мрежа за јавно осветлување на делници од улиците во градот Дебар

🔹 Проширување на водоводната мрежа во делови од БУ 6

🔹 Изградба на фекална канализација – крак 1 во населбата Тулбе

🔹 Изградба на јавни паркинзи во градот Дебар (Паркинг 2 и 3)

🔹 Изградба на Центар за деца со попреченост

🔹 Реконструкција на тротоари на потегот од кружниот тек кај Kipper Market до фабриката за јуфки Besmir Komerc

🔹 Изградба и реконструкција на тротоари во близина на Градската болница

🔹 Изработка на долгорочна стратегија за развој на туризмот, како и многу други проекти од директен интерес за граѓаните.

Општина Дебар продолжува со јасна визија кон реализација на проекти кои го унапредуваат квалитетот на живот на граѓаните и создаваат подобри услови за одржлив развој.

Дебар не запира – продолжуваме со конкретна работа за поразвиен и пофункционален Дебар!

СООПШТЕНИЕ – 5-та седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),

На ден 26.12.2025 год. се донесе    

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 5та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НАОПШТИНА ДЕБАР  

Cедницата се свикува за 30.12.2025 (ВТОРНИК) со почеток во 10:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.        

За 5та седница се предлага овој :  

Д н е в е н     р е д  

1.Усвојување на 4 записник
2.Предлог Програма за работа на Советот на Општината Дебар за 2026  година, со заклучок за донесување.
3. Предлог програма за родова еднаквност за 2026 година во општина Дебар, со заклучок за донесување.
4.Предлог извештај за спроведената програма во област за заштита и спасување во општина Дебар за 2025 година, со заклучок за донесување.
5.Предлог програма за заштита и спасување во општина Дебар за 2026 година, со заклучок за донесување.
6.Предлог извештај за  за реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција,  одржување и заштита на општинските патишта и улици  на подрачјето на општина Дебар за 2025 година, со заклучок за утврдување.
7.Предлог програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на Општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Дебар за 2026 годинa, со заклучок за утврдување.
8.Предлог Програма за изработка на урбанистички планови и урбанистишка докуменациа на територијата на Општина Дебар за 2026 година, со заклучок за донесување.
9.Предлог Програма за активностите на Општина Дебар одобласта на културата и нивното финансирање за 2026 година, со заклучок за донесување.
10.Предлог Програма за активностите на Општина Дебар во областа на спортот во 2026 годинa, со заклучок за донесување.    
11.Предлог –Програма за мерките и активностите на општина Дебар на социјална заштита за 2026 година, со заклучок за донесување.
12.Предлог Буџет на Општината Дебар за 2026 година, со заклучок за донесување.
13.Предлог одлука за извршување на Буџетот на Општината Дебар за 2026 година.
14. Предлог одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на  платите на државните службеници за 2026 година во Општина Дебар.
15.Календарски Буџет на Општина Дебар за 2026 година.
16.Предлог одлука за висина на благајнички максимум за 2026 година на сметката на општина Дебар .
17.Барање за финансиска подршка О.О.У. „Саид Најдени „- Дебар.
18.Барање за финансиска подршка О.О.У. „Пенестиа„ – Дебар
19.Барање за финансиска подршка О.О.У. „Ристе Ристевски „ – с. Долно Косоврасти.
20.Барање за финансиска подршка С.О.У. „28 Ноември„ – Дебар.

Да водиме со личен пример

Во Дебар се одржа панел-дискусија на тема „Да водиме со личен пример“, настан посветен на инспирирање на младите преку искуствата на елитни спортисти, олимпијци и познати планинари.

Во отсуство на Градоначалникот на Општина Дебар, пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општината, кој ја истакна важноста на овој проект и ја нагласи посветеноста на Општина Дебар во поддршката на иницијативи што промовираат вредности како дисциплина, истрајност, храброст и општествена одговорност кај младите.

Овој настан беше реализиран во рамки на проект финансиран од Општина Дебар, со цел зајакнување на позитивната улога на спортот и личниот пример во формирањето на младите генерации.

Општина Дебар останува посветена на поддршката на проекти кои придонесуваат за социјалниот, едукативниот и спортскиот развој на нашата заедница.

Акција за чистење

Општина Дебар, во соработка со Јавното комунално претпријатие „Стандард“, реализираше акција за чистење со цел подобрување на хигиената и животната средина во јавните површини на општината.

Во оваа акција учествуваа Градоначалникот на Општина Дебар, заедно со Директорот на Јавното комунално претпријатие „Стандард“, кои одблиску ги следеа активностите на терен и ја истакнаа важноста на институционалниот ангажман за заштита на животната средина и подобрување на условите за живот на граѓаните. Оваа акција ќе трае три дена, во текот на кои екипите на претпријатието ќе бидат ангажирани во чистење на планираните зони и отстранување на отпадот.

Општина Дебар останува посветена на реализација на вакви активности и во иднина, повикувајќи ги граѓаните на соработка и континуирана свесност за одржување на чиста животна средина.

СООПШТЕНИЕ – 4-та седница

Врз основа на член 39став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),
На ден 18.12.2025 год. се донесе:

   
Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА 4та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР  

Cедницата се свикува за 23.12.2025 (ВТОРНИК) со почеток во 10:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.        

За седница  се предлага овој :  

Д н е в е н     р е д  

1.Усвојување на 3 записник.
2.Предлог нацрт Буџет на Општина Дебар за   2026 година, со заклучок за утврдување.
3.Предлог за давање согласнот за измена и дополнување на статуту на О.О.У. Саид Најдени.
4.Предлог одлука за давање на користење на недвижен имот – земјиште во сопственост на Општина Дебар.
5.Предлог програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Дебар за 2025 година, со заклучок за утврдување.
6.Предлог извештај за  за реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција,  одржување и заштита на општинските патишта и улици  на подрачјето на Општина Дебар за 2025 година, со заклучок за утврдување,
7.Предлог програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Дебар за 2026 годинa, со заклучок за утврдување.
8.Предлог Годишен Извештај за реализација на Програма за уредување на градежното земјиште на Општина Дебар за 2025 година, со заклучок за утврдување.
9.Предлог програма за уредување на градежното земјиште на Општина Дебар за 2026 година, со заклучок за утврдување,
10. Предлог Годишен Извештај за работа на ТППЕ Дебар по основ на програмата за 2025 година, со заклучок за утврдување.
11. Предлог програма за работа на ТППЕ за 2026 година, со заклучок за утврдување.
12. Предлог програма за активностите во област на образование на општина Дебар за 2026 година, со заклучок за утврдување,
13. Извештај за реализациа на програмата за контрола на популација на бездомните кучиња на подрачјето на Општина Дебар за 2025 година, со заклучок за утврдување.
14. Предлог програма за контрола на популација на бездомните кучиња на подрачјето на Општина Дебар за 2026 година, со заклучок за утврдување.
15. Предлог извештај за работа и реализација на програмата за јавно зеленило на подрачје на Општина Дебар за 2025 година, со заклучок за утврдување.
16. Предлог програма за одржување на јавно зеленило на подралје на Општина Дебар за 2026 година, со заклучок за утврдување.
17.Предлог Извештај за реализација на програмата  за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите за 2025 година, со заклучок за утврдување.
18.Предлог програма  за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во 2026 година, со заклучок за утврдување.

Генералното собрание на ЗЕЛС

Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, учествуваше на Генералното собрание на ЗЕЛС, каде со едногласна одлука беше реизбран Претседателот на ЗЕЛС за нов мандат.

✔️ За време на Собранието беше истакната важноста на продолжувањето на процесот на децентрализација, зајакнувањето на локалната самоуправа и институционалната соработка за развој на општините.

📌 Беше нагласена улогата на ЗЕЛС како заедничка и инклузивна платформа за справување со предизвиците и унапредување на услугите за граѓаните.

📌 Воедно, градоначалникот Мела беше избран за член на Управниот одбор на ЗЕЛС, со што ќе придонесува во процесите на креирање и унапредување на локалните политики.

Официјална средба со Амбасадорот на Република Казахстан во Република Северна Македонија, Неговата Екселенција, амбасадорот Сатибалди Буршаков

Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, денес оствари официјална средба со Амбасадорот на Република Казахстан во Република Северна Македонија, Неговата Екселенција, амбасадорот Сатибалди Буршаков.

За време на средбата се разговараше за зајакнување на пријателските односи и соработката меѓу локалните институции и дипломатските претставништва, како и за можностите за соработка во области од заеднички интерес, вклучувајќи го економскиот развој, културата и туризмот.

Градоначалникот Мела му се заблагодари на амбасадорот Буршаков за посетата и ја изрази подготвеноста на Општина Дебар за градење мостови на соработка и промоција на потенцијалите на градот на меѓународно ниво. Од своја страна, амбасадорот Буршаков ја оцени високо гостопримливоста и изрази интерес за продлабочување на соработката и меѓусебната размена во иднина.

Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, потврдувајќи ја заедничката посветеност за зајакнување на односите и меѓуинституционалната соработка.

ReWaste

Тимот на Општина Дебар, предводен од градоначалникот, учествуваше на почетниот (kick-off) состанок на проектот ReWaste, прекуграничен проект помеѓу Општина Дебар и Општина Војо во Грција, кој се имплементира во рамки на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – Северна Македонија, финансирана од Европската Унија.

Во рамки на состанокот се одржа и заедничка средба помеѓу градоначалникот на Општина Дебар и градоначалникот на Општина Војо, при што беа разменети конкретни искуства и институционални пристапи поврзани со управувањето со комуналниот отпад, локалните еколошки политики, како и вклучувањето на граѓаните во процесите на селекција и рециклирање. Двајцата градоначалници ја нагласија важноста на прекуграничната соработка како значаен инструмент за справување со заедничките предизвици и размена на добри практики на локално ниво.

Проектот ReWaste има за цел унапредување на системите за управување со отпад преку иновативни решенија за селекција и рециклирање, воведување на системи за наградување на граѓаните, како и промоција на циркуларната економија. На состанокот беа дискутирани и претстојните активности, како и почетните чекори за имплементација на проектот во Општина Дебар.

🔗 Повеќе информации за проектот: https://greece-northmacedonia.eu/project/rewaste/

Теренска инспекција на работите

Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, заедно со директорот на Јавното комунално претпријатие „Стандард“, г. Нертил Османи, извршија теренска инспекција на работите и состојбата на патот во селото Долно Косоврасти .

Градот дише… Се работи на повеќе фронтови…

Реконструкцијата на патот во селото Косоврасти опфаќа санација на постојниот коловоз, подобрување на подлогата, уредување на каналите за атмосферски води и создавање побезбедни услови за сообраќај. Оваа инвестиција има за цел подобра поврзаност на селото со урбаниот дел, зголемување на безбедноста за пешаците и возилата, како и олеснување на секојдневието на жителите и земјоделците од овој регион.

Други активности во тек:Повеќедневно чистење на главната депонија на градот Инспекција на инфраструктурни проекти во стариот дел на градот Започнување на проектот за реконструкција на селото Долно Косоврасти Продолжување на украсувањето на градот по повод новогодишните празници

Континуирана посветеност за рамномерен развој и модерна инфраструктура во секое населено место на Дебар.

Годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација

Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, учествуваше на Годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација, на која присуствуваа градоначалници, надлежните министри и амбасадори од партнерските земји. На конференцијата се дискутираше за унапредување на локалните услуги, напредокот на процесот на децентрализација, општинското финансирање за 2024 година, како и беше презентиран DMS системот и новите дигитални платформи за подобрување на општинските процеси.

За време на средбите и дискусиите, градоначалникот Мела ја истакна важноста на меѓуинституционалната соработка и меѓународната поддршка за реализирање нови развојни проекти и за подигнување на квалитетот на дигиталните услуги за граѓаните на Дебар.

Skip to content