Author: diberkomuna
Проектот што го инвестира општина Дебар денеска продолжи со голем успех
Проектот што го инвестира општина Дебар за замена на афункционалните вентили за воздух и вода во водоснабдувањето од изворот Росок до главната акумулација на градот денеска продолжи со голем успех од страна на тендер договорената компанија СмС холдинг Скопје. Се разбира, ЈКП Стандард помогна во составувањето на проектните задачи и следење на работата на рботта на терен. Работите ќе продолжат и следната недела според планот за работа до конечна реализација на проектот.
Општина Дебар од областа на културата финансиски го поддржува објавувањето на книгата „Në gjurmët e qytetit tim ( по стапките на мојот град) од авторот Сабит Боцку
Општина Дебар од областа на културата финансиски го поддржува објавувањето на книгата „Në gjurmët e qytetit tim ( по стапките на мојот град) од авторот Сабит Боцку. Книга со многу важна содржина која има врска со минатото на овој историски град. Општина Дебар пред неколку дена финансиски ја поддржа книгата од областа на историјата на Дебар „Dibra në historinë kombëtare në vitet 1908-1913 (Дебар во националната историја 1908-1913 година“) на професорката по историја, Ќендреса Муча. Подготвуваме и многу други проекти од областа на културата и историјата со цел културата и историјата на Дeбар да бидат напишани и промовирани од самите Дебрчани). Подготвени сме да соработуваме со сите оние кои сакаат да придонесат во оваа насока.
Проекти
06.01.2025
Известување
Известување!
Општина Дeбaр, како дел од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите на ресурсите кој е финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите држави (УСАИД), ги известува сите граѓани, здруженија, клубови, претпријатија и невладини организации дека Проектот го испраќа месечниот билтен кој има за цел информации и можности за надворешно финансирање со различни грантови.
За повеќе информации (активни повици и како да аплицирате) преземете pdf.
Cредба со високи претставници
Општина Дебар како дел од Проектот на УСАИД за зајакнување ресурси, денеска имаше средба со високи претставници на оваа агенција на која тема на разговор беше давање стручна помош на УСАИД во областа како да се аплицира за проекти во различни меѓународни фондации. Присутен беше и градоначалникот ц. Жупа Аријан Ибрахим бидејќи проблемите со кои се соочуваме двете општини се многу слични и заеднички. На крајот се договоривме оваа соработка да продолжи непречено за конечно да има позитивен резултат за благосостојбата на граѓаните.
Tрибина на тема: Подигнување на свеста за заштита и грижа за репродуктивното здравје на жената.
По повод 8 Март, Денот на жената, општина Дeбар организираше трибина на тема: Подигнување на свеста за заштита и грижа за репродуктивното здравје на жената. Отворањето го направи градоначалникот др. Хекуран Дука, додека на горенаведената тема, ги презентираа своите трудови проф. д-р Глигор Тофоски (Клиника за гинекологија и акушерство Скопје), Мр Сања Саздовска (Министерство за здравство), д-р Афродита Шаља (УНФП), д-р Едлира Пиперку, д-р Аргетим Фида, мр Арбана Пашол . Темите беа проследени со голем интерес од голем број на жени, бидејќи се разговараше за актуелни и важни прашања во врска со нивното здравје.
Денеска имаше акција во с.Могорче и с.Гари за чистење на снегот.
Денеска имаше акција во с.Могорче и с.Гари за чистење на снегот.
Продолжи реализацијата на проектот за замена на вентили за воздух и вода
По пауза поради тешките временски услови, денеска продолжи реализацијата на проектот за замена на вентили за воздух и вода во водоводниот систем од с Росок до главниот резервоар на градот.
Инаку овој проект предвидува замена на вкупно 64 вентили бидејќи се амортизирани. Проектот е финансиран од буџетот на општина Дебар а реализацијата ја врши СМС гроуп од Скопје.
Информација за третманот на кучињата
Информација за сите оние кои се уште имаат сомнежи и дезинформации за третманот на кучињата скитници во општина Дебар. Општина Дебар се грижи за професионален третман на кучињата скитници со склучување договор на фирмата победник на тендерот објавен за оваа намена. Веќе трета година општината издвојува буџет за згрижување на кучињата скитници.Досега се третирани 40 кучиња скитници и акцијата продолжува по потреба. Ве молиме граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат опасни ситуации со кучињата скитници. Секој проблем можете да го пријавите во општината и тимот ќе интервенира каде што е потребно. Сопствениците на домашни миленици се грижат за своите кучиња како што налага законот.




























