Lajme nga Komuna

О Б Ј А В У В А

Барањето за добивање Б – интегрирана еколошка дозвола

Согласно членовите 122 став 1 и член 124 од Законот за животната средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на Општина Дебар, доставено е Барање за добивање Б – интегрирана еколошка дозвола.

Подносител на барањето:

“ДИГИПС” Доо Дебар

 Адреса: ул Ленинова бр. 29

1250 Дебар

Контакт лице: Албан Аџиреџа

Категорија на инсталацијата:

Индустрија на минерали, 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, од Уредбата за определување на активности на инсталации за кои се издава Б – интегрирана еколошка дозвола („Сл. Весник на РМ„ бр. 89/05)

Вид на активност:

50.000 т,  готов производ/годишно

Барањето ќе биде достапно на заинтересираната jавност по излегувањето на оваа објава во дневниот печат и тоа во електронска форма на веб страната на Општина Дебар www.dibra.gov.mk и во печатена форма  во просториите на:

  • Општина Дебар

ул. “8 Септември” бр.72, 1250 Дебар,

Секој работен ден од 10.00 – 15.00 часот

Контакт телефон: 046-831-196

Барањето во печатена и електронска форма ќе биде достапно на заинтересираната јавност од 08.07.2020 година до 06.08.2020 година.         

Информации во врска со барањето, заинтересирана јавност може да добие во просториите на Општина Дебар, или на тел. 046 831196

Засегнатата јавност, во рок од 30 дена има право да достави мислења и коментари во писмена форма до Градоначалникот на Општина дебар, ул. “8 Септември” бб 1250 Дебар.

Надзорот со камери и осветлувањето на депонијата завршија

Надзорот со камери и осветлувањето на депонијата завршија. Следува опсадата и поставувањето на влезот (рампата) во депонијата. Со овој проект ќе биде можно да се има контрола над овој дел и да се минимизираат честите проблеми како што се горење на отпадот, нивно испуштање без критериуми надвор и во депонијата. Со забраната наметната на другите општини да фрлаат отпад во оваа депонија, обезбедувањето багер кој постојано работи за покривање и израмнување на теренот, како и ефикасните интервенции на противпожарната единица за гаснење на пожарот, резултираа со успех и депонијата веќе подолго време повеќе не претставува потенцијален ризик по здравјето на граѓаните.

Друг проект на општина Дебар

Друг проект на општина Дебар беше прифатен да биде финансиран од Министерството за екологија во рамките на програмата за води. Станува збор за изградба на резервоар со сите стандарди во горниот дел на градот. Изградбата на резервоарот значително ќе го подобри недостигот на вода за пиење во градот. Му благодариме на министерот г. Насер Нуредини за својата посветеност во реализацијата на овој витален проект за општината Дебар. Секако, оваа плодна соработка ќе продолжи и во реализација на многу други проекти.

Известување за целосно затворање на дел од улица 1-ви Мај.

Почитувани!

Се известуват сите граѓани и правни лица дека дел од локалниот пат 1-ви Мај, во делницата од кружниот ток (улица 8-ми Септември и Булевард 100) до раскрсинаца позади објектот МЕГА Маркет со секондарна уична мрежа не улица 8-ми Септември. 

Општина Дебар по барање на “Јис Компани” Доо Дебар и согласност од страна на Министерството за внатрешни работи СВР – Охрид Одделение за Полиција, издаде Решение за времена измена на режим на сообраќај на општински пат ул. “1 Мај”, но поради не очекувани случувања, појава на свлечиште и по увидот на терен од страна на стручни лица од Министерството за внатрешни работи СВР – Охрид Одделение за Полиција, Овластен градежен инспектор – Општина Дебар и преставници од Секторот за урбанизам на Општина Дебар, поради опасност за учесниците во сообраќајот се одлучи за привремено затворање на делницата на улица 1-ви Мај, до негова санација и обезбедување услови за безбеден сообраќај за сите учесници.

Градската Депоноја

На 22.05.2020 година, градската депоноја беше запалено од криминална рака, како што тоа беше секогаш во последните три години пред празникот на Бајрам.
Општинските тела и НПК Стандард, како и противпожарната бригада беа пуштени во акција за гаснење на пожарот.
Работата продолжи непрекинато за време на празникот на бајрам до денес.
Работата ќе продолжи и во наредните денови додека не се постигне целосна контрола врз пожарот, кој во овие услови кога имаме ослободување на запаливи гасови како што е метанот, е тешко да се управува.

Општина Дебар ви го честита Бајрамот посакувајќи здравје,надеж, и благосостојба!

“Вистина, после предизвикот доаѓа олеснувањето”.
И вистина Бајрамот е олеснување после тежокот на жртвувањето, и е радост за оној кој го постигнува на крајот, е победа на духот и телото.

Општина Дебар ви го честита Бајрамот посакувајќи здравје,надеж, и благосостојба!

ПРЕДЛОГ – ОДЛУКА

Врз oснова на 83-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15 и 31/16 , 163/16, 64/18 и 168/18),  Комисијата формирана од Градоначалникот на Општина Дебар со Решение бр.10-390/1 од 19.05.2020 утврди текст на:

ПРЕДЛОГ – ОДЛУКА

За утврдување на услови за начинот на градење во село Џепиште, Општина Дебар за кое нема урбанистички план.

Честитки за денот на пожарникарите.

Денес ја посетив противпожарната единица за да им го честитам денот на пожарникарите.
Им се
заблагодарив за херојското дело што го покажаа за време на епидемијата „Ковид19“ како и во другите прилики. Општината Дебар му посвети посебно внимание на оваа единица и во однос на подобрувањето на финансиските услови на работниците и во подобрувањето на работните услови. Имаме многу други проблеми за решавање, но бидејќи постои добра волја, постои позитивна соработка, тие ќе бидат решени успешно.

Работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање, г. Насер Нуредини.

Работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање, г. Насер Нуредини. Темата на разговорот беше поврзана со финансирање на два проекти со кои општина Дебар конкурираше во програмата за вода и канализација од ова министерство. Министерот изрази подготвеност да обезбеди финансиска поддршка на овие проекти бидејќи тие се проекти кои ги исполнуваат сите административни и технички услови и ќе бидат од витално значење за благосостојбата на граѓаните на Дебар.
Станува збор за резервоар за вода за пиење во населбатс Варош и канализација во с. Џепиште.

Skip to content