Author: diberkomuna

Општина Дебар ви го честита Бајрамот посакувајќи здравје,надеж, и благосостојба!

“Вистина, после предизвикот доаѓа олеснувањето”.
И вистина Бајрамот е олеснување после тежокот на жртвувањето, и е радост за оној кој го постигнува на крајот, е победа на духот и телото.

Општина Дебар ви го честита Бајрамот посакувајќи здравје,надеж, и благосостојба!

ПРЕДЛОГ – ОДЛУКА

Врз oснова на 83-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15 и 31/16 , 163/16, 64/18 и 168/18),  Комисијата формирана од Градоначалникот на Општина Дебар со Решение бр.10-390/1 од 19.05.2020 утврди текст на:

ПРЕДЛОГ – ОДЛУКА

За утврдување на услови за начинот на градење во село Џепиште, Општина Дебар за кое нема урбанистички план.

Честитки за денот на пожарникарите.

Денес ја посетив противпожарната единица за да им го честитам денот на пожарникарите.
Им се
заблагодарив за херојското дело што го покажаа за време на епидемијата „Ковид19“ како и во другите прилики. Општината Дебар му посвети посебно внимание на оваа единица и во однос на подобрувањето на финансиските услови на работниците и во подобрувањето на работните услови. Имаме многу други проблеми за решавање, но бидејќи постои добра волја, постои позитивна соработка, тие ќе бидат решени успешно.

Работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање, г. Насер Нуредини.

Работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање, г. Насер Нуредини. Темата на разговорот беше поврзана со финансирање на два проекти со кои општина Дебар конкурираше во програмата за вода и канализација од ова министерство. Министерот изрази подготвеност да обезбеди финансиска поддршка на овие проекти бидејќи тие се проекти кои ги исполнуваат сите административни и технички услови и ќе бидат од витално значење за благосостојбата на граѓаните на Дебар.
Станува збор за резервоар за вода за пиење во населбатс Варош и канализација во с. Џепиште.

Блажениот месец Рамазан

Блажениот месец Рамазан, годинава доаѓа многу оптоварен во време на здравствено, економски и духовен аспект , затоа оваа лично жртување во име на Креаторот, треба да ја зголеми нашата чувствителност кон сè околу нас, да простуваме повеќе, да почитуваме повеќе, да помагаме повеќе, од човечанство, за Божјо посветеност.
Во оваа прилика ви посакува Општина Дебар
лесно постење, прифаќање и надминување на ситуацијата што е можно поскоро.

Денес во општинскиот кризен штаб беше реализирана работна средба

Денес во општинскиот кризен штаб беше реализирана работна средба од страна на директорот на центарот за управување со кризи, г. Агрон Буџаку. Директорот, од страна на градоначалникот на Дебар а во исто време и шеф на кризниот штаб г. Хекуран Дука, бил информиран за целата работа и активност преземена од општината Дебар и ц.Жупа во координација со главниот центар за управување со кризи. Заеднички заклучок беше дека соработката е многу успешна, што се рефлектираше на терен како стабилизација на ситуацијата. Општинскиот штаб му се заблагодари на г. Агрон Буџаку за патриотскиот придонес што го даде за време кога Дебар ја доживеа тешката кризна состојба предизвикана од пандемијата со Ковид19. Да се ​​надеваме на состанок во подобри денови.

Skip to content