Известување
Известување на Вработување
Компаниа за принтирање на Продукт Каталог и Корпоративен Каталог (Референца 5.1.1 & 5.1.2)
Известување на Вработување
Компаниа за принтирање на Продукт Каталог и Корпоративен Каталог (Референца 5.1.1 & 5.1.2)
Sanacija i celosno cistenje na recno korito i akumulacija na plansinski vodi za pristapen pat kon naseleno mesti s. Rajčica.
Projektot e finansiran od opština Debar i mesna zaednica s. Rajčica.
Денес започна асфалтирањето на патниот сегмент на таканаречениот краварски пат кој ги поврзува двата краја на градот Дебар.
Овој проект беше финансиран од Агенцијата за финансиска подршка и рурален развој и дел од буџетот на општина Дебар.
Ние како општина секојдневно работиме посилно и посилно за да донесеме нови можности кои им бидат од корист на секој граѓанин.
Се соопштуваат сите граѓани и правни лица дека Општина Дебар организира јавна презентација и јавна анкета за Предлог “Архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП 397 и дел од КП 396, КО Хаме Кривци, согласно Општ акт за село Хаме (Одлука бр. 08-747/8 од 30.08.2019 година)“, со површина од 12.316 м².
Предлог Архитектонско- урбанистички проект ќе биде изложен во просториите на Општина Дебар. Јавната анкета ќе трае 5 работни дена, односно од 10.10.2019 до 16.10.2019 год (од 800 часот до 1600 часот). Во овој временски рок сите заинтересирани граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатени со планот имаат право да доставуваат забелешки, предлози и мислења до организаторот на јавната анкета преку пополнување и доставување на анкетни листови во писмена форма или електронска форма преку системот е-урбанизам.
Јавната професионална презентација за Предлог планот ќе се одржи на ден 14.10.2019 во 13.00 ч., во просториите на Општина Дебар, односно во салата на Советот на Општина Дебар, ул. “8 Септември ” бр. 72.
Се соопштуваат сите граѓани и правни лица дека Општина Дебар организира јавна презентација и јавна анкета за Предлог “Детален урбанистички план за дел од Блок 9, КО Дебар 2- Општина Дебар, со плански период 2019- 2024 “, со површина од 1,1 ха, со следните граници:
– Северо- исток: ул. ,,Петре Поповски,,;
– Југ: ул. ,,Здравко Чочковски,,;
– Југозапад: ул. ,,Братство Единство,, и ул. ,,22 Декември,,.
Предлог Планот ќе биде изложен во просториите на Општина Дебар. Јавната анкета ќе трае 10 работни дена, односно од 10.10.2019 до 24.10.2019 год (од 800 часот до 1600 часот). Во овој временски рок сите заинтересирани граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатени со планот имаат право да доставуваат забелешки, предлози и мислења до организаторот на јавната анкета преку пополнување и доставување на анкетни листови во писмена форма или електронска форма преку системот е-урбанизам.
Јавната професионална презентација за Предлог планот ќе се одржи на ден 17.10.2019 во 13.00 ч., во просториите на Општина Дебар, односно во салата на Советот на Општина Дебар, ул. “8 Септември ” бр. 72.
Заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу денес ја посети Општина Дебар. Целта на посетата беше да се зголеми соработката помеѓу локалната самоуправа и полицијата, исто така, во зајакнувањето на безбедноста и јавниот ред и во исто време да се отстранат сите пречки или бирократија што можат да дојдат до деловните активности во градот Дебар и со граѓаните на двете соседни земји.
Денес, општина Дебар прими претставници на Светската банка, кои се согласија да работат на 3 нови технички проекти за реконструкција на локалните патишта во нашиот град. Заедно за Дебар како што сите го сакаме.
Општина Дебар, во соработка со ромската невладина организација АВАЈА, дистрибуираше донациja за жителите од населбата Вакоф, контејнери за отпад. Заедно за почист Дебар
K.B. “Dibra Pro Basket”