ЈАВЕН ОГЛАС За пројавување интерес за спроведување на стручно оспососбување на кандидати за добивање на сертификат за авто-такси возач за општина Дебар

Врз основа на член 34 од Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/15) и член 8-ѕ од Законот за превоз во патниот сообраќај (“Слyжбен Весник на Република Македонија“ бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16, 71/16, 64/18, 140/18 и 163/18 и “Службен весник на Република Северна Македеонија” бр. 275/19), Општина Дебар, распишува јавен оглас за избор на правно лице за стручно оспособување на кандидати за добивање на сертификат за авто-такси возач.

На огласот може да се пријават сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, односно да располагаат со:

  • Mинимум 30 м2 простор опремен за одржување на обуката;
  • Информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција и
  • Минимум три лица вработени во редовен работен однос со високо образование (економски, сообраќаен или правен факултет), со најмалку три години работно искуство од областа на транспортот.

Заинтересираните правни лица треба да достават цена, висината на надоместокот треба да биде во рамките на направените трошоци за обука, литература, потрошен материјал, трошоци за испитната комисија за полагање на испит за авто-такси возач и друго.

Обуката ќе се врши согласно Програмата за полагање на испит за добивање на сертификат за авто-такси возач, а испитот ќе го спроведува Комисија согласно правилникот за постапката и програмата за добивање на сертификат за авто-такси возач, формата и содржината на уверението за положен испит и сертификат за авто-такси возач.

Заинтересираните правни лица треба да достават:

  • Пријава;
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци,
  • Доказ дека располага со минимум 30 м2 простор опремен за одржување на обуката;
  • Доказ дека располага со информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција;
  • Доказ дека располага со минимум три лица вработени во редовен работен однос со високо образование (економски, сообраќаен или правен факултет), со најмалку три години работно искуство од областа на транспортот и
  • Трошковник за висината на надоместокот за обука и полагање на испит за авто такси возач.

Рок за пријавување е 5 дена од денот на објавувањето на огласот.

Заинтересираните правни лица пријавите може да ги достават во архивата на општина Дебар или по пошта на адреса: општина Дебар ул. “8-ми Септември” бб. Дебар.