Author: diberkomuna

Eколошка акција

Упатено до сите граѓани, бизнисмени, институции, невладини организации, спортски клубови и медиуми.

Почитувани граѓани, поканети сте сите без исклучок да ни се придружите во големата еколошка акција што ќе се одржи во недела на 24 април во целиот град Дебар.

Со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Дебар , каде ќе се одржи собирање и поделба на групи до различни области на градот.

Приклучете се масовно во оваа акција за општо добро, за чистење на животната средина во која живееме, пред сè, да биде стимулативна и сензибилизирачка, пример дека секој граѓанин повеќе не ја загадува околината во која го поминуваме секојдневниот живот.

Денеска на IV (онлајн) состанок

Денеска на IV (онлајн) состанок на советот за развој на југозападниот плански регион, беше одлучено општина Дебар за 2022 година да има корист од овој буџет 2 значајни проекти од програмата за енергетска ефикасност – училиштето „Саид Најдени“ 6.439.087 денари со кофинансирање од 5,13% и во програмата за набавка на механизација ЈКП Стандард во износ од 418.900 денари без кофинансирање.

СООПШТЕНИЕ – 8-ма седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),     

На ден 18 .04 .2022 год. се донесе:
Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА 8ма  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР
Cедницата се свикува за 22.04.2022 (ПЕТОК ) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.
За  седница  се предлага овој :  

Д н е в е н     р е д
1.Усвојување на 7 записник
2.Заклушок за усвојување на извештајот за извршување на буџетот на општината Дебар за 2022 година I-квартал
3.Барање согласност за новиот статут на ООУ ”Пенестиа” -Дебар.
4.Предлог одлука за утврдување на нацрт план на детален урбанистички план за блок 6 Општина Дебар
5.Предлог одлука за одредување на приоритетен проект, на улица “8-МИ МАРТ” ОПШТИНА ДЕБАР, улица “206” ОПШТИНА ДЕБАР
6.Предлог одлука за одредување на приоритетен проект. пат од раскрницата со локален пат Дебар с.БОМОВО до с. СУШИЦА
7.Предлог одлука за одредување на приоритетен проект. пат во с.ДОЛНО КОСОВРАСТИ ОПШТИНА ДЕБАР – Втора Фаза
8.Предлог одлука за финанциско учество за реализација на проектот за подготвување на енергетска ефикасност за раконтрукција на ООУ САИД НАЈДЕНИ ВО ДЕБАР

Eколошка акција за чистење на градот

Како што ве информиравме и претходно, општина Дебар ќе организира општа еколошка акција за чистење на градот каде ќе бидат вклучени сите заинтересирани како институции, здруженија, фирми и сл. На состанокот одржан во општината секој си ги презеде своите обврски. Бидејќи во викендите времето беше нестабилно, немаше можност да се излезе на терен и ќе чекаме подобро време. Но, денеска компанијата „МИРЗО ТРАНС“ со сопственик Исмет Мирзо, доброволно ја исполни својата обврска со чистење на дивите депонии во Елевца и во дел од градот Дебар. Заблагодарувајќи им се за сработеното, ги повикуваме сите други компании, особено оние од селата, да се приклучат на оваа акција придонесувајќи за одржување на чистотата во градот. Оние кои не сакаат да придонесат, барем да внимаваат и да не фрлаат ѓубре од нивните дуќани на забранети места. Дебар ќе биде чист, колку што сме свесни и во оваа нема друг избор.

Чистењето на јавните површини продолжува

Чистењето на јавните површини продолжува секојдневно од страна на работниците од општината. Се чистат најжешките точки, особено патиштата кои водат до влезовите на градот како и околните места каде што се наоѓаат контејнери за отпад. Бидејќи сè уште има луѓе кои неодговорно фрлаат ѓубре на забранети места, ја користиме оваа прилика да апелираме за дополнителна грижа за чистотата во градот.

Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентанција за Нацрт план “Детален урбанистички план за Блок 3 , Општина Дебар”

Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентанција за Нацрт план “Детален урбанистички план за Блок 3 , Општина Дебар”

Меѓународниот ден на Ромите 8 април

Денеска општина Дебар во соработка со ромските здруженија организираше активности во чест на Меѓународниот ден на Ромите 8 април.
Привремено поставување на ромското знаме пред општина Дебар и во
Населбите Маназјар и Вакоф. Поздравувајќи ги претставниците на Ромите и пофалувајќи ги најдобрите студенти Роми. Од хуманитарното здружение Месечина, на општина Дебар и беа доделени Благодарници за плодна билатерална соработка. Одржување на средба во културниот центар Дебар каде во мојот говор им честитав 8 април на сите Роми во нашата општина и пошироко. Континуирано ќе бидеме посветени на унапредување на оваа заедница преку проекти. Честитки!

Нови партнери за подобро општинско буџетирање

Во организација на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), бевме поканети да презентираме на состанокот „Нови партнери за подобро општинско буџетирање“. Општина Дебар веќе е партнер на првата група и дел од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, кој проект е финансиран од оваа агенција. Денеска ни се придружи втората група од 24 општини. Дебар досега е корисник на 4 проекти на УСАИД, проекти со кои значително ќе се подобри ефикасноста на општинската администрација во исполнувањето на обврските кон граѓаните. Амбасадорката на САД Кејт М.Бирнс во својот говор, меѓу другото, ја спомена само општина Дебар „…како добар пример за општина Дебар каде на влезот на општината, јавно и видливо за граѓаните се прикажани дневните трошоци на општината“.

Skip to content