Неговата Екселенција, Фатих Улуцој, Амбасадор на Република Турција во Скопје, престојуваше во официјална посета на Општина Дебар.
За време на посетата, амбасадорот Улусој најпрво беше примен на официјална средба од страна на градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, при што се разговараше за одличните односи меѓу двете пријателски земји, можностите за продлабочување на институционалната соработка, како и за конкретни проекти од заеднички интерес, особено во областа на културата, образованието, туризмот и локалниот развој.
Во рамки на престојот во Дебар, амбасадорот го клањаше петочниот џума-намаз во Џамиа Х.Вехби Дибра, еден од најзначајните верски објекти во градот.
Посетата продолжи со обиколка на неколку значајни споменици и карактеристични точки од културното наследство на Дебар, меѓу кои Хамамот, старите традиционални дебарски куќи, како и Хинќар Џамија, при што одблиску се запозна со историските, архитектонските и духовните вредности што го карактеризираат нашиот град.
Општина Дебар изразува благодарност за посетата на Неговата Екселенција и ја потврдува својата подготвеност за понатамошно зајакнување на соработката со Република Турција, во интерес на граѓаните и заедничкиот развој.















0 Comments