СООПШТЕНИЕ за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Нацрт план “Детален урбанистички план за Блок 11, Општина Дебар” плански период 2024- 2029

Граници на опфатот се:
југ: ул. „8-ми Септември“;
запад: ул. „8-ми Септември“ и ул. “Фуат Дибра” (старо име ул. „1-ви Мај“);
североисток: ул. “Наџи Егриу” (старо име ул „Живко Богдановски“);
исток: Кременички Дол (гранична линија на КО Дебар и КО Рајчица);   Опфатот е со површина од 18,78 ха.   Јавната презентација и јавната анкета поНацрт план“Детален урбанистички план за Блок 11, Општина Дебар” плански период 2024- 2029 ќе се спроведува со излагање на планотво просториите на Единицата на локалната самоуправана Општина Дебар, ул.“8-ми Септември” бр. 72, во информацискиот систем е-урбанизам,веб-страната наОпштина Дебар (www.dibra.gov.mk) и се огласува со печатени плакати и соопштенија во и околу подрачјето напланскиот опфат.   Јавната анкета ќе трае32дена, односно од03.10.2025 година до03.11.2025 година.Јавната анкета истовремено се спроведува и во електронска и во хартиена форма.Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е- урбанизами преку службената веб страна на Општина Дебар (www.dibra.gov.mk), а во писмена форма сеспроведува со излагање на планот на огласна табла во просториите на Општина Дебар и со пополнување на анкетни листови.   Јавнапрезентација за Нацртпланот ќе сеодржи во просториитена ОпштинаДебар,односново салатанаСоветотнаОпштинаДебар,ул.“8- миСептември” бр. 72,на ден 15.10.2025 година(среда) во 13:00часот.   Во определениот рок, учесниците во јавната анкетаможат своите забелешки и предлози поНацрт планот да ги доставуваат доОпштина Дебар во писмена форма преку анкетнилистови кои можат да ги наоѓаат во архивата на Општина Дебар и во веб-страната наОпштина Дебар (www.dibra.gov.mk),преку информацискиот систем е-урбанизам, како и по електронски пат до вебадресата на Oпштина Дебар(dibra@dibra.gov.mk).    
Во прилог: Мапа со границина опфатот на планот.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Skip to content