ОДЛУКА За не спроведување на стратегиска оцена за влијание врз животната средина за “Детален урбанистички план за Блок 11- Дебар, Општина Дебар”
О Д Л У К А За не спроведување на стратегиска оцена за влијание врз животната средина за “Детален урбанистички план за Блок 11- Дебар, Општина Дебар” |
1. За планскиот документ “Детален урбанистички план за Блок 11- Дебар, Општина Дебар” кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/20, 111/23 и 171/24), Законот за урбано зеленило (Службен весник за РМ бр. 11/18 и 42/20) и Правилникот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 225/20, 219/21, 104/22 и 99/23), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина. За предметниот опфат била спроведена стратегиска оцена за влијание врз животната средина и врз здравјето на луѓето при донесувањето на “Измена и дополнување на Генерален урбанистички план на Град Дебар за блоковите: 2, 3, 5, 6, 7, 11, 15, 16, 17, 19, 21 и 25, за плански период 2008- 2018, Општина Дебар”, врз основа на кој е изработен предметниот детален урбанистички план.За изработениот Извештај за стратегиска оцена на животната средина, е добиено позитивно мислење од Министерство за животна средина и просторно планирање со бр. 08-3819/4 од 24.09.2010 година (наш бр. 03-61/15 од 29.09.2010 година). Во даденото мислење, Министерството смета дека е постигната општата цел на Извештајот за стратегиска оцена на животната средина, односно дека е направена целосна анализа на потенцијални влијанија од донесувањето и имплементацијата на Генералниот урбанистички план кој е предмет на стратегиска оцена, а воедно се утврдени и мерките за заштита, намалување и неутрализација на негативните влијанија и план за мониторинг на животната средина. 2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Дебар (www.dibra.gov.mk). 3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потреба од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ “Детален урбанистички план за Блок 121- Дебар, Општина Дебар” нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: -за предметниот план ќе се предвидат основни намени: А– Домување и престој (А1- Домување во куќи, А2– Домување во згради), Г- Рударство, енергетика, индустрија (Г2- лесна, преработувачка и помалку загадувачка индустрија), В5- Верски институции (В 5.2– Џамии), Д– Зеленило, рекреација и меморијални простори (Д2– Заштитно и сообраќајно зеленило, Д2.1– Линиско сообраќајно зеленило, разделно зеленило, заштитно сообраќајно зеленило на крстосници и јазли), Е– Инфраструктура (Е1– Сообраќајни, линиски и други инфраструктури, Е1.1 – Сообраќајни патни инфраструктури: јавни патишта со пратечки градби и инсталации, меѓународни автопати, државни автопати, експресни, регионални и локални (општински) патишта, примарни и секундарни улични мрежи во населени места, со градбите што припаѓаат на патната инфраструктура, јавни паркиралишта, паркинзи, патеки, пристапни улици и интегрирани сообраќајни површини, велосипедски патеки, пешачки простори, улици и патеки и друго, Е1.8– Инфраструктури за пренос на електрична енергија: трансформаторски станици). Во планскиот документ ќе се содржат мерки за заштита од сите аспекти, а овој плански документ нема значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Ќе се овозможи валоризација и афирмација на просторот и задоволување на потребите на жителите на овој плански опфат. -не се предвидуваат објекти со дејности кои значително би ја загадувале животната средина или за кои се врши оцена на влијанието врз животната средина (член 65 точка 2 и 3 од Законот за животната средина). 4. Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната. |
0 Comments