ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР

Врз основа на член 36 и 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02), Член 16, 17, 18 од Законот за младинско учество и младински политики (Службен весник на РСМ бр. 10/2020) и член 56 од Статутот на Општина Дебар се објавува:    
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР    
Општината распишува Јавен повик за формирање Иницијативен одбор (ИО) согласно член 17 од Законот за младинско учество и младински политики. Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Советот. Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади. Времетрањето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади. Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага од службеникот/ката за млади во Општината. Улога и задачи на Иницијативниот одбор: • Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на ЛМС, • Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на Општината по принципот на јавност и транспарентност, • Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното локално собрание за млади. Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на Советот. Задолжителни документи:  
• Портфолио на организацијата/групата/здружението,
• Годишна програма за работа,
• Извештај за активности со млади во изминатата година,
• Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт-информации,
• Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.  
Начин на пријавување: преку адреса на е-пошта Е-mail: dibra@dibra.gov.mk

Рок за пријавување:20 ден од денот на објавувањето

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *