Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на општината

Општина Дебар е партнер на проектот на УСАИД Северна Македонија – Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на општината. Денес, со помош на г-ѓа Марина Јандревска, специјалист за општински финансии, присутните од општинската администрација имаа можност да дознаат повеќе за: – Поведување на постапка за јавни набавки – Следење на спроведувањето на договорот за јавни набавки – Исплата на финансиски обврски согласно договорот за јавни набавки. Овој проект ќе придонесе за зголемување на стабилноста на финансиското управување на општината и зголемување на контролата врз работата на општината. На овој начин се намалува веројатноста за грешки, измами, непочитување на прописите, како и ризикот од неоткривање на овие проблеми.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *