Туторство за деца Роми од 2ро до 4то одделение

Општина Дебар ја започна имплементацијата на активноста „Туторство за деца Роми од 2ро до 4то одделение „ со цел да го унапреди квалитетот на образование за децата Роми во основно образование, кои беа дел од наставата на далечина за време на пандемијата со КОВИД – 19 и се соочија со различни предизвици, од кои произлегоа значителни последици во однос на намалување на квалитетот на образование за учениците Роми.Во таа насока за новата учебна година 2023/2024 Општина Дебар обезбеди училишен материјал и ранци за учениците Роми од OОУ “Саид Најдени” и ОOУ “Пенестиа”, кои се дел од оваа активност.Градоначалникот на општинaта Хекуран Дука ги посети учениците кои следат туторска настава во училиштето, беше запознат со предизвиците со кои се соочуваат учениците и туторите, како и за поволностите кои што се резултат на следењето на оваа дополнителна настава. Учениците и туторите го искажаа задоволството од активностите, кои во значителна мерка ќе го подобрат квалитетот на образованието на децата Роми.Оваа активност се имплементира со поддршка на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа РОМАКТЕД фаза – II.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.