Почина Мухамед Каба, поранешен градоначалник на општина Дебар во два мандати (1974-1982).

Мухамед Каба е роден на 3.2.1941 година, во Дебар. Основно училиште завршил во родниот град.

Средно училиште-економско-технолошки завршил во Скопје, каде што ги продолжил и вишите студии на Економскиот факултет при УКМ. Дипломирал со просечна оценка 9,26, второпласиран во генерацијата и добил специјална диплома. Бил и прв магистер по економски науки во градот Дебар.

По дипломирањето се враќа во родниот град, во фабриката за производство на килими, каде што реализира повеќе инвестициски програми за проширување на производните капацитети со германска, француска, италијанска, полска и англиска технологија. За тоа време, фабриката го зголеми бројот на вработени до 1.000 луѓе. Како економски експерт подготвил и реализирал повеќе инвестициски програми во повеќе претпријатија во Дебар, како што се: во индустријата, земјоделството, градежништвото и транспортот. Во април 1974 година на редовните избори на 33-годишна возраст е избран за градоначалник на општина Дебар. Неговиот прв мандат заврши во април 1978 година. Како резултат на максималниот успех, тој беше реизбран за градоначалник на општина Дебар, исто така за втор мандат 1978-1982 година. И вториот мандат го заврши со конкретни резултати и дела, како во економијата, образованието, културата, спортот, здравството, урбанизмот итн.

Во периодот 2001-2005 година работеше како предавач на Економскиот факултет на Универзитетот во Тетово по предметите Математика, Сметководство и Статистика.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *