Month: <span>May 2022</span>

Започна асфалтирањето на патот до саат-џамијата

Денеска започна асфалтирањето на патот до саат-џамијата, многу важна инфраструктурна артерија која ќе го олесни сообраќајот во градот. Станува збор за проект на општина Дебар. Реализацијата на проектите ќе продолжи без прекин…

Mногу важна средба помеѓу сточарите земјоделците

Денеска во нашата општина се одржа многу важна средба помеѓу сточарите, земјоделците и заменик директорот на агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, г. Ремзи Абдулахи. Се дебатираше за многу проблеми на земјоделците и начини за нивно решавање во соработка со агенцијата. Се збореше и за начинот на помагање на сточарите и земјоделците преку финансиски субвенции на повиците на оваа агенција. Договорено е да се одржат уште неколку средби по потреба.

Денот на Европа

Денот на Европа се слави секоја година на 9 мај. Овој ден беше одбележан со одредени активности во предучилишната установа „Брешија“ во Дебар.Честитки!

Eколошка акција – General Weekend

Денеска учениците од училиштето ОУ Пенестиа, Саид Најдени, општински работници, општинска управа, НПК Стандард беа дел од уште една еколошка акција – General Weekend, организирана во соработка со општина Дебар во заедничко партнерство: Пивара Скопје, ПАКОМАК и Мен и Планина. Исчистени се површините кои беа загадени со фрлање смет од несовесни лица. Чистотата на околината е заедничка грижа.

Соопштение

Ве поканиме да присуствувате на јавната презентација“Подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво” организирано од Национална платформа за женско претприемништво во соработка со општина -Дебар и општина -Центар Жупа – Валентина Дисоска – Претседател на Национална платформа за женско претприемништво.- Емилија Андонова – Фондација за менаџмент и индустриски истражувања.- Сузана Наумовска (Локален координатор за Југозападен регион (ЛКЈЗР) – Презeнтација активности и наредни чекори за Национална платформа за женско претприемништво (NPWE/ НПЖП).- Габриела Милошоска (Сектор за Туризам и локален економски развој, Општина Охрид) – Информации улога на локалните самоуправи во НПЖП и можности за формирање на совет за женско претприемништво во општините во Југозападен регион. 13.05.2022 (петок), Часот: 10:30 Во просториите на општина Дебар По презентација сте поканети на коктел!

ОБЈАВА БРОЈ 0 1 / 2022 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА

ОПШТИНА  ДЕБАР

ОБЈАВА БРОЈ  0 1 / 2022   

ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА 

             1. Б – КОМЕРЦИЈАЛНИ И ДЕЛОВНИ НАМЕНИ, ( Б1- МАЛИ КОМЕРЦИЈАЛНИ И ДЕЛОВНИ НАМЕНИ,  Б2 – ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ ЕДИНИЦИ,  Б3 – ГОЛЕМИ УГОСТИТЕЛСКИ ЕДИНИЦИ,  Б4 – ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ,  Б5 – ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКСИ  и Б6 – ГРАДБИ ЗА СОБИРИ )

             Согласно Детален урбанистички план дел од Урбан Блок – 25 Зона со специјална намена касарна- ,,Лиман Каба,, донесен со одлука бр.07-218/5 од 09.03.2010 година .

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со:

  1. Детален урбанистички план дел од Урбан Блок – 25 Зона со специјална намена касарна- ,,Лиман Каба,, донесен со одлука бр.07-218/5 од 09.03.2010 година, со намена за изградба на Комерцијални и деловни намени со карактеристики согласно табеларен преглед бр.1.

ТАБЕЛА бр.1

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат: Сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на градежно земјиште на територија на Република Северна Македонија согласно со закон а кои ги исполнуваат условите дадени во објавата и тоа: 

1.Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европска унија и на ОЕЦД, а под услови на реципрцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територија на Република Северна Македонија.

2.Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице регистрирани во Централниот регистар на РСМ, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија  и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европска унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територија на Република Македонија.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање по електронски пат, преку информацискиот систем поставен на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk  ,со пополнување на електронски образец кој го потпишува со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач за секоја градежна парцела поединачно, во која е наведено за која парцела се однесува пријавата и кои документи се составен дел од пријавата комплетирана со следните докази, приложени во електронска форма , при што потребната документација се доставува во скенирана копија во РDF или фотографија од документот во jpg или jpeg  форма,  во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата, комплетирана со следните докази ( приложени во оригинал или фотокопии заверени на нотар ) . 

               1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата, податоци за предметното земјиште на кое се однесува пријавата и која документација се доставува во прилог на пријавата потпишана дигитално. Доколку лицето кое ја пополнува пријавата за аукција е во улога на полномошник задолжително е да прикачи полномошно заверено на нотар; 

2. Банкарска гаранција за сериозност на понудата која е утврдена согласно табеларниот преглед даден во оваа објава на понудата во износ од 110% од вкупната почетна цена на градежното земјиште со рок на важност до 27.07.2022г.  , со која понудувачот ќе гарантира дека доколку добие статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор на најповолен понудувач (да се наведе број на оглас и број на градежна парцела во цел на гаранција);

3. За физичките лица уверение за државјанство;

4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар;

5. Уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице, односно доказ за својството овластено одговорно лице на правното лице;

6. Е-mail адреса на поднесителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање, (за поднесителите на пријави кои ќе достават погрешна е-mail адреса, Општина Дебар нема обврска да прима и врши корекции на истата) ;

7.Изјава за прифаќање на условите во објавата потпишана со дигитален потпис;

Комисијата по истекување на рокот за поднесување на пријавите, утврдува дали пријавите се комплетирани и поднесени во согласност со условите од објавата. 

Доколку се учествува на електронското јавно наддавање на повеќе од една градежна парцела, доволно е во оригинал или фотокопие заверено на нотар да се достави погоре наведената документација во прилог на една пријава, а во останатите може да се достават и фотокопии .

Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат во рок од 24 часа по истекувањето на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација им доставува корисничко име и лозинка за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање .

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежните парцели наведена во Табеларниот преглед бр.1  изнесува 1.100,00 денари  од метар квадратен за  ГП бр.25.3 ;  ГП бр.25.14 и  ГП бр.25.15.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

1.Банкарската гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларен преглед даден во оваа објава и инесува 110% од вкупната почетна цена за секоја градежна парцела посебно.

РОКОВИ

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават од 05.05.2022 год. до 06.06.2022 год. ( 30 дена ), електронски , преку иформацискиот систем на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање ќе започне на;

На ден 09.06.2022 година и истото ќе трае 15 (петнаест) минути како што следува;

Во 12,00 часот со траење од 15 (петнаест) минути за ГП со број 25.3, 

Во 13,00 часот со траење од 15 (петнаест) минути за ГП со број 25.14 и 

Во 14,00 часот со траење од 15 (петнаест) минути за ГП со број 25.15.

ПОСТАПКА

  1.  Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекувањето на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација  им доставува и корисничко име и шифра за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.
  2.   На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничко име и шифра која ја добиле на е-mail адресата, доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање. 
  3.   Електронското јавно наддавање може да отпочне и со најмалку еден учесник во јавното наддавање кој ги исполнува условите дадени во објавта и го наддава почетната цена за дотичната ГП –  предмет на јавното наддавање. 
  4.   Електронското јавно надавање го следи Комисија, формирана од Градоначалникот на Општина Дебар. 
  5.   Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на земјиштето по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
  6.   Наддавањето се врши „чекорно“ со зголемување на вредноста со секој „чекор“ не помалку од 110,00 денари кај сите градежни парцели од табела 1 . 
  7.   Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на  последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути,а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда. 
  8.    Електронското јавно наддавање може да трае и пократко од предвидениот временски рок, доколку учесниците на јавното наддавање се откажале од натамошното наддавање и останал само еден учесник кој се смета за најповолен понудувач. 
  9.    Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач. 
  10. Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање. 
  11. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од три дена од одржаното електронско јавно наддавање. комисијата е должна да одлучи во рок од 5 дена од приемот на истиот. Против решението донесено од страна на Комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор странката има право да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен.
  12. По завршување на постапката за јавно наддавање, Комисијата е должна во рок од три работни дена да достави барање за мислење до Државното правобранителство на Република Северна Македонија по однос на нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија.
  13. Државното правобранителство на Република Северна Македонија е должно да достави мислење по нацрт-текст на договорот за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија во рок од 30 дена од добивање на барањето за мислење. доколку во рок од 30 дена Државното правобранителство на Република Северна Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно.
  14. По прибавување на позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија, Комисијата во рок од три работни дена до најповолниот понудувач доставува известување за избор на најповолен понудувач.
  15. Најповолниот  понудувач е должен во рок од 15 дена од завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето. 
  16. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување и банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и нема да се пристапи кон склучување на договор и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела. 
  17. По извршената уплата во утврдениот рок Градоначалникот на Општина Дебар во рок од 5 дена склучува договор со најповолниот  понудувач  за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија. Најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 30 дена од потпишувањето на Договорот истиот да го доставувa кај нотар заради вршење на солемнизација и во рок од  9  месеци  од извршената солемнизација  на договорот да обезбеди одобрение за градење на предвидениот објект согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето  е оттуѓено, во спротивно договорот еднострано ќе се раскине и 80% од вкупната сума од оттуѓувањето нема да се вратат на купувачот. Со договорот купувачот се обврзува да  го изгради објектот согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е оттуѓено во рок од 6 години од правосилноста на прибавеното одобрение за градење, при што доколку објектот не се изгради по вина на купувачот во определениот рок,  истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот , односно 3% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец во вторатa година од истекот на рокот, односно 4,5% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот. 
  18. Најповолниот понудувач се обврзува  да го плати данокот на промет што ќе произлезе како обврска по склучениот договор за отуѓување на градежното земјиште. 
  19. Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на  градежното  земјиште. 
  20. Трошоци за нотарската процедура и воведувањето во евиденција на недвижностите  во Агенцијата за катастар за недвижности паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште. 
  21. За текот на јавното наддавање учесниците имаат право на приговор во рок од три дена од денот на одржувањето на јавното наддавање . Приговорот се поднесува во писмена форма до комисијата која одлучува по приговорот со решение. Комисијата е должна да одлучи по приговорот во рок од пет работни дена.  

Оваа објава ќе биде објавена и на WEB страната на Општина Дебар. www.dibra.gov.mk

                                                               ОПШТИНА ДЕБАР
                             Комисија за спроведување на
                                   постапките  за јавно наддавање  

Денеска почнаа работите за реконструкција на ветениот пат во с. Отишан

Денеска почнаа работите за реконструкција на ветениот пат во с. Отишан. Проектот на општина Дебар финансиски го покрива ТАВ Аеродроми Холдинг од Турција. Споменатиот проект е најкапиталниот проект досега во с. Отишан. Наскоро во општина Дебар ќе започнат и други работи околу изградба на патишта и други инфраструктурни објекти.

Почитувани земјоделци

Почитувани земјоделци
Ве известуваме дека од денешниот датум 05.Мај 2022 можете да поднесете барања за финансиска подршка во земјоделството за 2022 година.
Барањата се поднесуват онлајн во службената страница на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk ,а сите тие кои немат технички можности да се обратат до канцеларијата на Министерството за земјоделство ,шумарство и водостопанство ПЕ Дебар ,каде ќе им се укаже потребната техничка помош.
Добродојдени сте и ви се заблагодаруваме на соработката.
Краен рок за поднесување на барањата е 31.Мај 2022 година.