Денеска продолжи работата со најтешката фаза од проектот за подобрување на водата за пиење во градот Дебар

Денеска продолжи работата со најтешката фаза од проектот за подобрување на водата за пиење во градот Дебар , замена на вентилите во главниот водовод, локацијата на мостот Моличани. Проектот е финансиран од општина Дебар , а го спроведува компанијата ЦМЦ груп од Скопје, а како подизведувач е НКП „Стандард“ Дебар. До завршување на овој проект останува уште малку работа и со ова се очекува подобрување на водоснабдувањето
околу 30%. Конечното решавање на проблемот ќе продолжи следната година со други проекти кои претставуваат фази од големиот проект за решавање на проблемот со водата за пиење.
Во другите фази се планира да се постават 2000 водомери во домаќинствата и стопанските субјекти за да се избегне плаќањето на водата со „паушално“ како и подобрување и реконструкција на примарната и секундарната водоводна мрежа во градот. Секако, ќе се преземат и други активности за откривање на злоупотреба на водата за пиење, диви приклучоци и редовно плаќање на сметките од страна на потрошувачите. Овие храбри и витални чекори за градот Дебар ќе бидат успешни доколку има блиска соработка со граѓаните на Дебар , подигање на колективната свест за поголема граѓанска одговорност кога станува збор за одржување на јавната чистота и максимална грижа во трошењето на водата за пиење.

https://fb.watch/dmhDbSh_Qr/?fs=e&s=cl

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published.