Матура 2022 година

По одредени потешкотии со пандемската криза, годинава на матурантите од нашата општина им беше овозможено да го реализираат традиционалното дефиле во градот и да ја прослават матурската вечер. Почитувани матуранти! Од се срце ви ја честитам матурата посакувајќи ви пред се да бидете здрави и да имате среќа и успех во вашиот живот кој ве очекува напред со многу други предизвици со кои несомнено успешно ќе се соочите бидејќи имате енергија, образование, интелигенција и вие сте гордоста на овој град. Штотуку успешно завршивте една фаза од вашиот живот, сега ве чекаат други обврски, да станете професионални со учење и образување на уште повисоки институции за да можете да создадете свои семејства а истовремено да бидете корисни за општеството. И на сите родители на матурантите им посакувам среќа за нивните деца.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *