СООПШТЕНИЕ за организирање на јавна анкета и јавна презентација за Нацрт план “Детален урбанистички план за Блок 6, Општина Дебар”

Бр./ Nr. 10-178/5 11.05.2022 год./viti ДЕБАР-DIBËR       Врз основа на член 50 став (3) од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/2020), Градоначалникот на Општина Дебар го донесе следното:  

С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна анкета и јавна презентација за Нацрт план “Детален урбанистички план за Блок 6, Општина Дебар”
 
                Се известуваат сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници на органите на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладините организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека Градоначалникот на Општина Дебар донесе Одлука бр. 10-178/4 од 11.05.2022 година за организирање на јавна анкета и јавна презентација по Нацрт план “Детален урбанистички план за Блок 6, Општина Дебар планиран развој2020-2025 година,со површина на опфат15,11 ха и со следните граници на опфат: Север- Магистрална улица со профил М3- ул. “Атанас Илиќ”;Запад- Собирна улица со профил СО4- ул. “Партизанска”;Југозапад- Собирна улица со профил СО4 (новопроектирана);Југоисток- Магистрална улица со профил М2- ул “Велко Влаховиќ”, иСевероисток- Собирна улица со профил СО2- ул. “Бетон”.                   Јавната презентација и јавната анкета по  Нацрт план “Детален урбанистички план за Блок 6, Општина Дебар ќе се спроведува со излагање на планот во просториите на Единицата на локалната самоуправа на Општина Дебар, ул. “8-ми Септември” бр. 72, во информацискиот систем е-урбанизам, веб-страната на Општина Дебар и се огласува со печатени плакати и соопштенија во и околу подрачјето на планскиот опфат.                 Јавната анкета ќе трае 33 дена, односно од 30.05.2022 година до 01.07.2022 година. Јавната анкета истовремено се спроведува и во електронска и во хартиена форма. Јавната анкета во електронска форма се спроведува преку информацискиот систем е- урбанизам и преку службената веб страна на Општина Дебар, а во писмена форма се спроведува со излагање на планот на огласна табла во просториите на Општина Дебар и со пополнување на анкетни листови.                 Јавна презентација за Нацрт планот ќе се одржи во просториите на Општина Дебар, односно во салата на Советот на Општина Дебар, ул. “8- ми Септември” бр. 72, на ден 14.06.2022 година (четврток) во 11:00 часот.                 Учесниците во јавната анкета, во определениот рок, можат своите забелешки и предлози по Нацрт план “Детален урбанистички план за Блок 6, Општина Дебар да ги доставуваат до Општина Дебар во писмена форма преку анкетни листови кои можат да ги наоѓаат во архивата на Општина Дебар, преку информацискиот систем е-урбанизам, како и по електронски пат до веб адресата на Oпштина Дебар (dibra@dibra.gov.mk) . Предмет на забелешките и предлозите не може да бидат плански одредби што се законска или подзаконска обврска, или плански одредби уредени со план од повисок ниво, туку само планските одредби што се предмет на уредување на конкретниот урбанистички план, односно предмет на конкретните изменувања и дополнувања на урбанистички план.   Во прилог: Мапа со граници на опфатот со имињата на улиците кои се граници на опфатот на планот.  

DUP_PDU BLL 6_sitez Download

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *