notice slidebar

Известување за целосно затворање на дел од улица 1-ви Мај.

Почитувани!

Се известуват сите граѓани и правни лица дека дел од локалниот пат 1-ви Мај, во делницата од кружниот ток (улица 8-ми Септември и Булевард 100) до раскрсинаца позади објектот МЕГА Маркет со секондарна уична мрежа не улица 8-ми Септември. Општина Дебар по барање на “Јис Компани” Доо Дебар и согласност од страна на Министерството за внатрешни работи СВР – Охрид Одделение за Полиција, издаде Решение за времена измена на режим на сообраќај на општински пат ул. “1 Мај”, но поради не очекувани случувања, појава на свлечиште и по увидот на терен од страна на стручни лица од Министерството за внатрешни работи СВР – Охрид Одделение за Полиција, Овластен градежен инспектор – Општина Дебар и преставници од Секторот за урбанизам на Општина Дебар, поради опасност за учесниците во сообраќајот се одлучи за привремено затворање на делницата на улица 1-ви Мај, до негова санација и обезбедување услови за безбеден сообраќај за сите учесници.

ОДЛУКА За спроведување на стратегиска оцена

            Брз основа на член 65 став (6) од Законот за животна средина (,,Службен весник на РM,, бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 42/16 и 99/18), Градоначалникот на Општина Дебар донесе:

ОДЛУКА

За спроведување на стратегиска оцена

            1.За планскиот документ “Измена и дополнување на текстуалниот дел на Генерален урбанистички план на град Дебар (2004- 2014) за урбаните блокови: 1, 8, 9, 10, 12, 13, 14, 18, 22, 23, 24, 26, 27 и 28 донесен со одлука бр. 07-27/4 од 18.02.2005 год., општина Дебар” кој се носи согласно член 10 став (8) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), Законот за урбано зеленило (Сл. Весник на РМ бр. 11/18), Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 142/15, 217/15, 222/15, 228/15, 35/16, 99/16, 134/16, 33/17 и 86/18) и Правилникот за поблиската содржина, форма и начин на обработка на генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за село, урбанистички план вон населено место и регулациски план на генерален урбанистички план, формата, содржината и начинот на обработка на урбанистичкоплански документации и архитектонско-урбанистичкиот проект и содржината, формата и начинот на обработка на проектот за инфраструктура (Сл. весник на РМ бр. 142/15), потребно e да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.

            2. Како органи засегнати од имплементација на планскиот “Измена и дополнување на текстуалниот дел на Генерален урбанистички план на Град Дебар (2004-2014) за урбаните блокови: 1, 8, 9, 10, 12, 13, 14, 18, 22, 23, 24, 26, 27 и 28 донесен со Одлука бр. 07-27/4 од 18.02.2005 година, општина Дебар” се определуваат следните: општина Дебар, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за економија, ЕВН, Мепсо, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

            3. За планскиот документ “Измена и дополнување на текстуалниот дел на Генерален урбанистички план на Град Дебар (2004-2014) за урбаните блокови: 1, 8, 9, 10, 12, 13, 14, 18, 22, 23, 24, 26, 27 и 28 донесен со Одлука бр. 07-27/4 од 18.02.2005 година, општина Дебар”, за чија изработка е одговорно ТАЈФА ПЛАН ДОО Скопје, а го донесува општина Дебар, донесувањето на планскиот документ “Измена и дополнување на текстуалниот дел на Генерален урбанистички план на Град Дебар (2004-2014) за урбаните блокови: 1, 8, 9, 10, 12, 13, 14, 18, 22, 23, 24, 26, 27 и 28 донесен со Одлука бр. 07-27/4 од 18.02.2005 година, општина Дебар” ќе има влијание врз животната средина.

            4. Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти: влијание врз подземните и површинските води, влијание врз почвата, влијание по однос на генерирање на комуналeн и градежен отпад, влијание врз биодиверзитеот, влијание врз амбиентниот воздух и влијание од несреќи и хаварии.

            5. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Дебар на следната веб адреса: www.dibra.gov.mk.

            6. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен во рок од 15 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната.

СООПШТЕНИЕ

Врз основа член 7 од  Деловникот за работа на Советот на Општината Дебар („Службен гласник на Општината„бр. 4/05)      На ден    25.02.2020    год. се донесе :  

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

СЕ   СВИКУВА
  33та седница   на    Советот   на Општина Дебар.
Седницата се свикува за 28.02.2020 (Петок) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општината Дебар.

За седница се предлага : -Усвојување на 32 записник
 
Д н е в е н     р е д
 
 
1.Завршна сметка на Буџетот на Општина Дебар за 2019 година со заклучок за донесување.
2.Предлог одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистицко планска документација за проширување на плански опфат за КПбр.6882/1 и КПбр.6882/2  КО ДЕБАР-2.

СООПШТЕНИЕ

Се соопштуваат сите граѓани дека Општина Дебар организира јавна презентација за предлог Идеен Проект за реконструкција на улица “Братство Единство”, односно сегментот од Новиот Хамам до Трговскиот Центар Думани, во Дебар.
Јавната презентација ќе се одржи на ден 11.02.2020 во 13:00ч, во просторите на Општина Дебар,односно во салата на Советот на Општина Дебар, ул. “8 Септември”бр 72.

СООПШТЕНИЕ

Почитувани граѓани

Врз основа член 7 од  Деловникот за работа на Советот на Општината Дебар („Службен гласник на Општината„бр. 4/05)

     На ден    16.12.2019 год. се донесе

                                                         Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

ЗА СВИКУВАЊЕ НА 30та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР

СЕ   СВИКУВА  30та  седница   на    Советот   на Општина Дебар.

Седницата се свикува за     18.12.2019 (среда) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.

  За  седница  се предлага овој :

-усвојување на 29 записник

Д н е в е н     р е д

1. Заклучок за донесување на Програмата за работа на Советот на Општина Дебар за 2020 година

2. Нацрт буџет на Општина Дебар за 2020 година

3. Разно

По овој повод јавно ги покануваме граѓаните да учествуваат во подготовката на буџетот на нашата општина за 2020 година.

СООПШТЕНИЕ

Врз основа на член 7 од Деловникот за работа на Советот на Општината Дебар (“Службен гласник на Општината” бр.4/2005)
На ден 20.11.2019 год. се донесе:

  Р Е Ш Е Н И Е

СЕ СВИКУВА 29та седница на Советот на Општината Дебар.
Седницата се свикува за 27.11.2019 год. (Среда) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општината Дебар.     

За  седница  се предлага овој : – усвојување на 28 записник

Дневен  ред

  1. Заклучок за усвојување на извештајот за извршување на Одлуката со која се одобрува исплатата на долговите.
  2. Одлука за утврдување на потреба за размена на градежно земјиште во сопственост на Република северна Македонија со градежно земјиште во сопственост на физичко лице за изградба на објект од јавен интерес од локално значење.
  3. Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Пенестиа„ Дебар за 2020 година.
  4. Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Саид Најдени„ Дебар за 2020 година.
  5. Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Ристе Ристески„ Дебар за 2020 година.
  6. Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во СОУ „ 28 Ноември„ Дебар за 2020 година.
  7. Предлог програма за измена и дополнување на програма за изработка за на урбанистички планови и урбанистичка документација на териториата на општина Дебар за 2019 година.
  8. Дискусија и преименување на патиштата на град Дебар.
  9. Разно.
Skip to content