Lajme nga Komuna

П о к а н а

Се покануваат сите граѓани на општина Дебар дека на 25.10.2022 година во 11.00 часот во центарот на градот-плоштад Скендербег од Општина Дебар, ќе се организира кампања со претставници на селото за деца, СОС од Скопје и градоначалникот на општината, Др. Хекуран Дука со мотото,,ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ-СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ,,

Средба со претставници на СОС, Детско село, Скопје

Градоначалникот Хекуран Дука вчера имаше средба со претставници на СОС Детско село Скопје, а беше разговарано за кампањата- ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ-СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ,, На ова средба се зборуваше за идни заеднички активности, каде што ќе биде организиран настан и повик до граѓаните за пријавување на згрижувачки семејства во Општина Дебар со претставување на бенефитите и финансиската поддршка кои ја имаат згрижувачите од државата.

Повик за поднесување на понуди (ППП)

Повик за поднесување на понуди (ППП)

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНАМАКЕДОНИЈА

ВТОР ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP2)

MSIP2-SIG-NCB-041-2022

  1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена  електронски на 04 август, 2016 година.
  •  Република Северна Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој за Проектот за подобрување на општински услугите и има намера дел од добиените средства од овој Кредит да ги искористи за исплата по договор  за набавка на стоки – “Набавка на специјално возило за транспорт на комунален отпад”, MSIP2-SIG-NCB-041-2022
  • Општина Дебар ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи да дадат запечатени понуди за набавка и транспорт на: “Набавка на специјално возило за транспорт на комунален отпад”.
  • Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање  (NCB) како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, (од јануари 2011 година), и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.
  • Заинтересираните Понудувачи може да добијат дополнителни информации и да извршат увид во тендерската документација на наведената адреса од 8:00 до 16:00 часот не подоцна од 03.10.2022.

Адреса: ул. „8-ми Септември“ бр.72, 2 кат канцеларија бр.309 на општинска зграда

Град: Дебар

Поштенски број:1250

Држава: Северна Македонија

Телефон: 046831196, 070241369

Електронска адреса: dibra@dibra.gov.mk

  • Заинтересираните Понудувачи може да ја купат комплетната тендерска документација на македонски јазик по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу:

Општина Дебар,

Предмет:“Набавка на специјално возило за транспорт на комунален отпад”

Адреса: ул. „8-ми Септември“  бр. 72,  1250 Дебар, приземје- зграда на општина Дебар, канцеларија -архива.

Поштенски број: 1250, Република Северна Македонија

и по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 МКД.

a.)        За плаќања во МКД – број на сметка

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 718014030463016

-Буџет на општина Дебар

Приходна шифра: 724125 00        

7. Тендерската документација може да се добие директно од Општина Дебар со поднесување на писмено барање и приложување на докази за уплата за подигање на тендерска документација или по електронска пошта.

Понудите треба да бидат доставени на долунаведената адреса: Општина Дебар,

Предмет: “Набавка на специјално возило за транспорт на комунален отпад,

Адреса: ул. „8-ми Септември“  бр. 72,  1250 Дебар,

Архива на општина Дебар,

Поштенски број: 1250,

Република Северна Македонија,

не подоцна од:

21.10.2022

13:00 часот

Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата од не помалку од: 120.000,00 МКД.

Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат отворени во присуство на претставници  на  понудувачите кои ќе решат да присуствуваат на адресата наведена подолу: 

Адреса: ул. „8-ми Септември“ бр. 72, 1 кат, голема канцеларија за администрација, Дебар.

Поштенски број: 1250,

Република Северна Македонија,

на:

21.10.2022

13:15 часот

Општина Дебар

Градоначалник/ Hekuran Duka

Бр. 10-32/92                                                                                            

19.09.2022                                                                                 

Општина Дебар смета дека е соодветно да ја информира

Општина Дебар смета дека е соодветно да ја информира јавноста за натписите на албански јазик на плакатата поставена на автоматската метеоролошка станица лоцирана на територијата на општина Дебар од страна на Управата за хидрометеоролошки работи. Од органите на општината и од самите граѓани е констатирано дека во плочата со натписот на албански јазик има некои јазични грешки Во истиот момент кога беше откриена оваа аномалија, градоначалникот на општината преку службената електронска пошта на директорот на одделението за хидрометеоролошки работи ја пренесе загриженоста во врска со јазичните грешки на плочата каде што е напишано на албански јазик и побара да се преземат итни мерки за исправување на грешките. По неколку дена претседателот беше интервјуиран од новинарот на порталот „Коха“ каде нашироко објасни каква реакција и мерки се преземени (ако некој го прочитал текстот, а не само бомбастичниот наслов). Од датумот 06.09.2022 година кога реагиравме по е-пошта до соодветниот именик до датумот 10.09.2022 година, нема реакција (одговор) од нивна страна. На 11.09.2022 година се испраќа СМС до директорот на одделението, на официјалниот телефонски број, каде изразуваме загриженост зошто немаме одговор на испратената е-пошта и ако оваа негрижа продолжи, општината ќе ги преземеме сите законски процедури против дирекцијата за јазичните пропусти што беа направени на табличката на албански јазик. Директорот веднаш одговара на СМС со одговор кој вели дека првпат слуша за овој проблем и дека поставувањето на станиците е проект на УНДП во соработка со дирекцијата и дека примопредавањето на станиците се уште не е извршена. Но, директорот ќе се ангажира и ќе контактира со претставници на УНДП за да се реши проблемот што е можно поскоро. Ситуацијата продолжува внимателно да се следи…

Општина Дебар на НКП Стандард му го предаде на употреба специјалната алатка Canal Jet

Општина Дебар на НКП Стандард му го предаде на употреба специјалната алатка Canal Jet која служи за чистење и одржување на канализациониот систем во нашата општина. Со ова завршува реализацијата на проектот на општина Дебар, кој вклучува зајакнување на општинските служби на НКП Стандард. Во овој пакетот дабивавме:

Контејнери за ѓубре 130 парчиња

Камијон специјален за собирање и транспортирање на отпад до депонија

Kaмијон специјален Canal Jet за чистење на фекалната мрежна канализацијa

Oдлука

Според одлуката на Советот на општината од 25.06.2021 година, директорите на училиштата при регистрација на учениците во прво оделение, се должни да се придржуваат до оваа одлука со која се предвидува реонизација на училиштата на територијата на општина Дебар. Со оваа одлука всушност се прави адекватна распределба на учениците според близината на училишниот објект со кој располагаат. Се надеваме дека соработката на родителите ќе биде позитивна во реализацијата на оваа одлука.

Чистење на градот

Секојдневно чистење на улиците од ѓубрето кое се фрла насекаде. Чистотата е резултат на заедничка посветеност.

Вечерва и секоја наредна вечер чистење на градот и во доцните часови со ноќни смени. За чист Дебар заедно со граѓаните.

Турнир во мал фудбал

Поради тригодишните рестрикции како последица на пандемијата, оваа година ќе ја продолжиме традицијата на турнирот во мал фудбал „Дибра 2022“, кој е под покровителство на општина Дебар. Почетокот ќе биде во понеделник во 18:30 часот, а отворањето, во присуство на градоначалникот д-р Хекуран Дука, ќе го направат играчите на КФ Кораби-У15 со цел истите и во иднина да ја продолжат оваа традиција. Екипите учесници и распоредот на натпревари се како во табелата подолу:

Виртуелен туристички водич за општина Дебар

Виртуелен туристички водич за општина Дебар , спонзориран од самата општина. Во соработка со компанијата „Македонија од горе“ – која подготвува Виртуелни туристички водичи низ Македонија, општина Дебар спонзорираше виртуелен поглед од 360 степени и за нашата општина. Примарната цел на овој проект е да понуди виртуелна обиколка на општината на динамичната веб-страница www.macedoniafromabove.mk.

• градови

• села

• хотели

• ресторани

• музеи

• Меморијални центри и споменици

• Верски објекти – цркви, манастири, џамии…

• и други прекрасни пејсажи и локации кои би го интересирале секој турист.

Оваа апликација постојано ќе се ажурира со нови податоци.

Skip to content