Lajme nga Komuna

Во просториите на Општина Дебар се одржа важна работна средба помеѓу градоначалникот на Општината, г. Фисник Мела, и министерот за европски прашања, г. Орхан Муртезани

Во просториите на Општина Дебар се одржа важна работна средба помеѓу градоначалникот на Општината, г. Фисник Мела, и министерот за европски прашања, г. Орхан Муртезани. На почетокот на средбата, министерот Муртезани му ја честиташе функцијата на градоначалникот Мела, посакувајќи му успех во раководењето со општината и во реализацијата на развојните проекти кои го очекуваат Дебар во наредниот период.

Целта на средбата беше зајакнување на соработката помеѓу Општина Дебар и Владата на РСМ, како и унапредување на процесите на европска интеграција на локално ниво. За време на разговорот беа обработени теми поврзани со развојот на општината согласно стандардите на еден европски град, вклучувајќи ја модернизацијата на инфраструктурата, подобрувањето на јавните услуги, зголемувањето на капацитетите за искористување на европските фондови и проширувањето на туристичкиот и културниот потенцијал на регионот.

Градоначалникот Мела ја истакна посветеноста на општината за реализирање на проекти што директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните, додека министерот Муртезани ја изрази целосната поддршка на Владата за локалните иницијативи кои придонесуваат за одржлив развој и приближување на Дебар до европските практики.

Двете страни се согласија дека оваа средба претставува почетна точка за продлабочување на институционалната соработка, воспоставувајќи цврста основа за реализација на конкретни проекти кои ќе го водат Дебар кон една модерна и европска иднина.

Општина Дебар останува посветена на транспарентноста, развојот и обезбедувањето квалитетни услуги за сите граѓани.

Во последните денови, во подрачјето на Дебарско езеро, беше констатиран обид за узурпација

Во последните денови, во подрачјето на Дебарско езеро, беше констатиран обид за узурпација на јавна сопственост. Благодарение на итната реакција на Општина Дебар и соработката со надлежните служби, јавниот простор беше ослободен без одложување, а местото на настанот беше обележано со службени ленти за да се спречи било каква понатамошна интервенција.

Сакам решително да нагласам дека ваквите појави им припаѓаат на минатото. Во Општина Дебар нема да дозволиме ниту еден обид за злоупотреба на заедничката сопственост. Институционалната реакција ќе биде итна, одлучна и бескомпромисна кон секое прекршување што има за цел узурпација на јавните простори.

Јавната сопственост за нас е света. Таа им припаѓа на сите граѓани и ќе биде заштитена со максимална посветеност. Ќе продолжиме да работиме секој ден за ниту една педа земја од заедницата да не биде злоупотребена или загрозена.

Ви благодарам за соработката и ве повикувам да ги известите нашите институции за секој сомнителен случај. Заедно, го штитиме Дебар и нашата заедничка иднина.

Ваш, Фисник Мела

Градоначалник на Општина Дебар.

Се одржа конститутивната седница на новиот Совет на Општина Дебар

Денес во Општина Дебар се одржа првата конститутивна седница на новоизбраниот Совет на Општината, значаен настан за институционалното функционирање и демократското претставување на граѓаните.

Седницата се одвиваше во присуство на градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, како и на новоизбраните советници.

Со мнозинство гласови, г. Африм Керкути беше избран за претседател на Советот на Општина Дебар, добивајќи ја довербата да ја раководи работата на Советот во наредниот мандат.

Градоначалникот Мела им честиташе на новите советници и истакна дека соработката меѓу извршната власт и Советот е клучна за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и понатамошниот развој на општината.

Новиот Совет на Општина Дебар ја одразува волјата на граѓаните за транспарентност, развој и заедничка работа во насока на подобра иднина на општината.

    Церемонија на примопредавање и доделување на сертификатите на новиот градоначалник на Општина Дебар и членовите на Советот

    Во просториите на Општина Дебар денес се одржа официјалната церемонија на примопредавање и доделување на сертификатот за новиот градоначалник на Општина Дебар, г. Фисник Мела, како и доделувањето на сертификатите на новоизбраните членови на Општинскиот совет, по завршувањето на изборниот процес.

    Церемонијата се одржа во присуство на претставници од Изборната комисија, општинската администрација, претставници на политичките партии, медиумите и граѓаните.

    За време на церемонијата, досегашниот градоначалник г. Хекуран Дука официјално ја предаде должноста на новоизбраниот градоначалник, посакувајќи му успех во извршувањето на обврските и реализацијата на развојните проекти за општината.

    Во своето прво обраќање како градоначалник, г. Фисник Мела им се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба и ја истакна својата посветеност кон транспарентност, соработка со граѓаните и унапредување на општата благосостојба во Општина Дебар.

    Со овој повод, беше извршена и официјалната сертификација на новите советници на Општинскиот совет, кои ќе ги претставуваат интересите на граѓаните во следниот мандат.

    Регионалните реформи за управување со отпад

    Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, учествуваа на два значајни настани одржани на 9 и 10 декември 2025 година во Скопје, во рамки на регионалните реформи за управување со отпад.

    На 9 декември се одржа свечен прием посветен на јакнење на соработката меѓу државните институции, општините и меѓународните партнери, со акцент на заедничката посветеност за современ и одржлив систем за управување со отпад.

    На 10 декември, општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – нов регионален механизам што овозможува поефикасна координација, долгoroчно планирање и поквалитетни услуги за граѓаните.

    МОУО ќе има клучна улога во усвојувањето на регионалните планови за управување со отпад, координирањето на затворањето на постојните депонии, надгледувањето на регионалниот систем и обезбедувањето транспарентност и вклученост на јавноста.

    Формирањето на МОУО го означува почетокот на новата фаза на реформата, која вклучува изработка на Регионален план 2026–2032 и финализирање на регионалните комунални структури.

    Општина Дебар останува целосно посветена на унапредување на еколошките стандарди и подобрување на јавните услуги во интерес на граѓаните.

    Онлајн форма преку која секое заинтересирано правно или физичко лице може да ги достави своите барања, предлози и сугестии

    Општина Дебар презеде значајни чекори кон зголемување на транспарентноста и вклученоста на граѓаните во процесот на буџетското планирање. Во рамките на подготовките за Предлог-буџетот за 2026 година, е поставена онлајн форма преку која секое заинтересирано правно или физичко лице може да ги достави своите барања, предлози и сугестии.

    Оваа форма им овозможува на граѓаните и различните субјекти директно да придонесат во утврдувањето на буџетските приоритети и развојот на проектите што влијаат врз подобрувањето на квалитетот на живот во општината.

    Формата е достапна на следниот линк:

    Општина Дебар останува целосно посветена на транспарентноста, отчетноста и активната вклученост на граѓаните во сите буџетски и развојни процеси, стремејќи се кон создавање поинклузивна и поефикасна средина за сите жители.

    Соопштение за граѓаните и пчеларите – Општина Дебар

    📢 СООПШТЕНИЕ

    Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), и врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување на систематска дезинсекција како превентивна епидемиолошка мерка, Ве информираме:

    📅 На 23.07.2025 (среда), екипите на Друштво за производство, трговија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ ќе спроведат дезинсекција од земја, со цел уништување на комарците.

    🕕 Запрашувањето ќе се врши од 18:00 до 06:00 часот со УЛВ апарати за ладно запрашување.

    📍 Опфатени ќе бидат: зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депонии, урбаното населено место Дебар и сите предвидени локации согласно планот и програмата.

    ⚠️ Се апелира до пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

    🌬 Во случај на неповолни временски услови (како силен ветер), дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден.

    📞 За повеќе информации:

    ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36, лок. 3, Скопје

    Тел: 075 775 769

    Известување до граѓаните и пчеларите на Општина Дебар


    Известување до граѓаните и пчеларите на Општина Дебар
    Ве известуваме дека, поради поројните дождови што го зафатија нашиот град во четвртокот, на 5 јуни 2025 година, бевме принудени да го одложиме процесот на дезинсекција. Истата ќе се спроведе во вторник, на 10 јуни 2025 година, со почеток во 20:00 часот.
    Ви благодариме за разбирањето и соработката!
    За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Друштво за произдвоство, тргобија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36 лос. 3 Скопје Тел: 075 775 769.

    ИЗВЕСТУВАЊЕ

    ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ за дезинсекција, систематска превенција за искоренување на комарците на територијата на општина Дeбар

    Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на CРМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016 ),, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведуваwе на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебар како општа против епидемиска мерка Друштво за произдвоство,  тргобија и услуги ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36 лос. 3 Скопјеиздава следното  соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебар дека на ден 05.06.2025 год. 
    (Четврток), екипите на Друштво за произдвоство,  тргобија и услуги  ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ  ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36 лос. 3 Скопје ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со целуништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во, период од 18.00 до 06.00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во  Општината,  крајбрегјето на  Дебарското езеро,  депонии и погранишен појас, урбаната  населба Дебар како и останатите локалитети предвидени  во планот и  програмата. Се бара пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на пчелите.

    Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Друштво за произдвоство,  тргобија и услуги  ТРУЛИ НОЛЕН НМ ДООЕЛ  ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 36 лос. 3 Скопје Тел: 070 520 023.

    Синоќа, Дебар уште еднаш ја покажа својата историска и културна улога, претворајќи се во жариште на сеалбанскиот гордост.

    Синоќа, Дебар уште еднаш ја покажа својата историска и културна улога, претворајќи се во жариште на сеалбанскиот гордост. Во родното место на Главниот Херој Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег, се одржа свечениот концерт „Од Дибра до Арберија“, со учество на најистакнати уметници од сите албански краишта, во чест на 620-годишнината од раѓањето на Скендербег.

    Настанот, организиран од Општина Дебар, пречека истакнати политички, академски и културни личности: пратеници од Албанија и Северна Македонија, ректорот на Универзитетот во Тетово г. Јусуф Зејнели, амбасадорот на Република Албанија г. Денион Мејдани и многу други почесни гости.

    Концертот беше отворен од проф. Бесиана Мехмеди со моќна изведба, вклучувајќи и премиерна песна посветена на Дебар и Скендербег. На сцената се појавија и познати имиња како актерот Џеват Лимани, сопраното Маријана Лека – Голем Мајстор, хорот на Универзитетот во Тетово под водство на проф. Арификмет Џемаили, како и маестро Жани Цико со свечена изведба на химната на Европа.

    Со своето академско обраќање, проф. Мухамет Мала од Академијата на науки и уметности на Косово го истакна обединувачкото значење на ликот на Скендербег и неговата длабока врска со Дебар.

    Општина Дебар им се заблагодарува на сите учесници, а посебно на уметничкиот директор г. Шкодран Толај, за неговата визија и целосна посветеност во реализирањето на оваа незаборавна вечер за Дебар и целиот албански народ.

    Skip to content