Info Point
Дигитална информативна точка за градот Дебар лоцирана на влезот на општината каде секој граѓанин или турист може да добие основни информации за градот. #TouchScreenMonitor
Дигитална информативна точка за градот Дебар лоцирана на влезот на општината каде секој граѓанин или турист може да добие основни информации за градот. #TouchScreenMonitor
Почитувани граѓани
Врз основа член 7 од Деловникот за работа на Советот на Општината Дебар („Службен гласник на Општината„бр. 4/05)
На ден 16.12.2019 год. се донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА 29та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР
СЕ СВИКУВА 30та седница на Советот на Општина Дебар.
Седницата се свикува за 18.12.2019 (среда) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар.
За седница се предлага овој :
-усвојување на 29 записник
Д н е в е н р е д
1. Заклучок за донесување на Програмата за работа на Советот на Општина Дебар за 2020 година
2. Нацрт буџет на Општина Дебар за 2020 година
3. Разно
По овој повод јавно ги покануваме граѓаните да учествуваат во подготовката на буџетот на нашата општина за 2020 година.
Еко-акција „Не биди ѓубре“ под управување на општина Дебар, присуствуваа некои од локалните и централните институции и претставници од секретаријатот за европски прашања. Да се надеваме дека следниот пат и другите институциите који не беа присутни денес (иако имаа повик за задолжително присуство), да ни се придружат со единствена цел: Заедно за Дебар, како што сите го сакаме.
Врз основа на член 7 од Деловникот за работа на Советот на Општината Дебар (“Службен гласник на Општината” бр.4/2005)
На ден 18.10.2019 год. се донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ СВИКУВА 28та седница на Советот на Општината Дебар.
Седницата се свикува за 22.10.2019 год. (Вторник) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општината Дебар.
За седница се предлага овој :
Дневен ред
1.Заклучок за усвојување на Извештајот за извршување на Буџетот на Општина Дебар за 2019 година-III Квартал.
2. Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Дебар за 2019 година.
3.Предлог програма за одржување на локалните патишта и улици во Општина Дебар за 2019/2020 година во зимски услови.
4.Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно изграден објект, со наменaтa на урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.10009 КО ДЕБАР-3.
5. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно изграден објект, со наменaтa на урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.5408 КО ДЕБАР-1.
6. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно изграден објект, со наменaтa на урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.10012 КО ДЕБАР-3.
7. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно изграден објект, со наменaтa на урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.10039 КО ДЕБАР-3.
8. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно изграден објект, со наменaтa на урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.10003 КО ДЕБАР-3.
9. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно изграден објект, со наменaтa на урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.5403 КО ДЕБАР-1.
10. Предлог одлука за неуслогласување на наменaтa на бесправно изграден објект, со наменaтa на урбанистичко планска документација во сила изградена на ПК бр.5404 КО ДЕБАР.
Денес, во распоредот предвиден за средба со невладините организации како и со спортските и културните клубови кои делуват во Дебар, ја имав резервирано за здружението на жените “Радика” предводена од г-ѓа Фадрије Мустафовска. Темата на дискусијата беше за барањата на граѓаните во однос на екологијата, изградбата на ново училиште во долниот Косовраст, итн. Заедно изразивме посветеност за решавање на овие проблеми во најкус можен рок.
Sanacija i celosno cistenje na recno korito i akumulacija na plansinski vodi za pristapen pat kon naseleno mesti s. Rajčica.
Projektot e finansiran od opština Debar i mesna zaednica s. Rajčica.
Денес започна асфалтирањето на патниот сегмент на таканаречениот краварски пат кој ги поврзува двата краја на градот Дебар.
Овој проект беше финансиран од Агенцијата за финансиска подршка и рурален развој и дел од буџетот на општина Дебар.
Ние како општина секојдневно работиме посилно и посилно за да донесеме нови можности кои им бидат од корист на секој граѓанин.
Заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу денес ја посети Општина Дебар. Целта на посетата беше да се зголеми соработката помеѓу локалната самоуправа и полицијата, исто така, во зајакнувањето на безбедноста и јавниот ред и во исто време да се отстранат сите пречки или бирократија што можат да дојдат до деловните активности во градот Дебар и со граѓаните на двете соседни земји.
Денес, општина Дебар прими претставници на Светската банка, кои се согласија да работат на 3 нови технички проекти за реконструкција на локалните патишта во нашиот град. Заедно за Дебар како што сите го сакаме.
Општина Дебар, во соработка со ромската невладина организација АВАЈА, дистрибуираше донациja за жителите од населбата Вакоф, контејнери за отпад. Заедно за почист Дебар