КОНКУРС ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТАР НА ГРАД ( ЧАРШИЈА )

КОНКУРС ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТАР НА ГРАД ( ЧАРШИЈА )

Распишува: Општина Дебар

Рок: 22.01.2021 год. до 12 часот

Награден фонд:– прва награда…………… 30.000,00 денари ;–

втора награда………….. 18.000,00 денари ;–

трета награда……………. 12.000,00 денари

.Извор: http://dibra.gov.mk/Образложение : Општина Дебар има за цел со распишување на конкурсот за избор на идејно – архитектонско решение уредување на јавниот градски простор – Центар на град ( Чаршија ).

Целта на идејното – архитектонско решение е да се постигне реконпозиција на центарот со зачувување на неговиот карактер со главна функција на пешачки премин и секундарна функција на поминување на возила со посебен режим.- Имајќи во предвид економскиот карактер на зоната, да се постигне обезбедување на можни паркинг места,- Да се подобрува јавното осветлување на центарот,- Неопходно е да се дефинира партерната обработка со зелени површини и тоа високи, средни и ниски зеленилa,- За да се обезбеди решение во урбаната опрема, материјализацијата треба да биде таква што да одговара на техничките барања на функциите што треба да се извршуваат во нив, наменета површина за премин на возилата да биде соодветен и издржлив материјал за таа функција, истото важи и за пешачкиот премин,- Да се обезбедат општи решенија за хоризонтална и вертикална патна сигнализација, урбано опремување како клупи, канти за отпадоци, бариери и сл.Дебарската Чаршија покрај својата функционална улога, треба да задоволи и естетски квалитети на вклопување во постоечкиот амбиент и да има елементи на архитектонско и културно наследство.НАСОКИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ:- Поширока ситуација во контекст на целината на просторот,- Идејното решение треба да се состои од технички цртежи, технички опис на идејното решение и 3Д визуелен приказ од точната локација,- Идејното решение треба да одговара на стандардите за користење на еко зелени елементи во насока на заштита на животната средина,- На просторните модели детално треба да се интерпретираат видот на применетите материјалиПРАВО НА УЧЕСТВОНа отворениот повик имаат право да учествуваат:- Физички и правни лица од областа на архитектурата, дипломирани инженери архитекти, студенти по архитектура и други физички лица од области поврзани со дизајн, обликување, естетика на просторот, уметност и друго,- Доказ за правните лица: Потврда за регистрирана дејност – за вршење на дејноста по предметот на конкурсот или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран,- Доказ за физички лица: Дипломирани инженери архитекти:диплома за завршен архитектонски факултет,- Студенти по архитектура: потврда од архитектонски факултет или од институции за дизајн на просторот за редовен/вонреден студент.Ажурираните геодетски подлоги може да се подигнат од веб страницата http://dibra.gov.mk/ на Општина Дебар.Некомплетираните проекти и проектите доставени по утврдениот рок за прием нема да бидат разгледувани.Изборот на идејните проекти ќе го изврши Комисијата за избор и оценување на Конкурсот за идејно решение за уредување на Центарот на град ( Чаршија ) именувана од Градоначалникот на Општина Дебар.За дополнителни информации на заинтересираните учестници можат да се јават во просториите на Општина Дебар – Сектор за убанизам и комунални дејности секој работен ден од 10:00 до 13:00 часот или во е-маил адреса dibra@dibra.gov.mk.Идејните решениа ќе се досатвуваат во затворен плик со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

DWG FILE : https://drive.google.com/file/d/1947mfm-D06Li8z7wn13VC3-Re2-K-Js4/view?usp=sharing